ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lr погл. 22 стр. 117-121
  • Зошто не треба да лажеме

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто не треба да лажеме
  • Учи од Големиот Учител
  • Сличен материјал
  • Петар и Ананија излажале — што учиме од тоа?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Зборувај ја вистината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Лажење — дали некогаш е оправдано?
    Разбудете се! 2000
  • „Ги сакам твоите опомени“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Учи од Големиот Учител
lr погл. 22 стр. 117-121

ПОГЛАВЈЕ 22

Зошто не треба да лажеме

ЗАМИСЛИ СИ дека едно девојче ѝ вели на мајка си: „Да, ќе си дојдам дома веднаш по часовите“. Но, потоа останува и си игра со другарчињата, а подоцна на мајка си ѝ вели: „Учителката ме натера да останам по часовите“. Би било ли исправно да каже такво нешто?⁠—

Едно дете разговара со својот татко откако, играјќи со топката по дома, турнало една ламба

Каква беља направило ова дете?

Или, можеби едно дете му вели на татко си: „Не, јас не ја шутнав топката во куќата“. Но, што ако ја шутнало? Би било ли исправно да рече дека не го направило тоа?⁠—

Големиот Учител ни покажал што е исправно. Тој рекол: ‚Едноставно вашиот збор Да нека значи да, вашето Не, не; зашто сѐ друго е од злобниот‘ (Матеј 5:37). Што мислел Исус со тоа?⁠— Мислел дека треба да направиме така како што ќе кажеме.

Во Библијата има една приказна која покажува колку е важно да ја кажуваме вистината. Таа приказна е за двајца луѓе што тврделе дека се ученици на Исус. Да видиме што се случило.

По помалку од два месеца откако умрел Исус, многу луѓе од далечни места дошле во Ерусалим на еден важен празник на Евреите, кој се вика Пентекост. Апостол Петар одржал еден прекрасен говор во кој им кажал на луѓето за Исус, кого Јехова го подигнал од мртвите. На многумина од оние што дошле во Ерусалим ова им било првпат да слушнат за Исус. Сакале да дознаат повеќе. Што направиле?

Останале подолго отколку што мислеле. Но, по кратко време, некои од нив си ги потрошиле парите, и им била потребна помош за да можат да си купат храна. Учениците во Ерусалим сакале да им помогнат на гостите. Затоа, многумина од нив продавале свои работи и парите им ги носеле на Исусовите апостоли. Потоа, апостолите им ги давале парите на оние на коишто им требале.

Ананија и неговата жена, Сапфира, кои биле членови на христијанското собрание во Ерусалим, продале една нива што ја имале. Никој не им рекол да ја продадат. Самите си одлучиле така. Но, тоа не го направиле затоа што ги сакале новите ученици на Исус. Всушност, Ананија и Сапфира сакале луѓето да мислат за нив дека се подобри отколку што навистина се. Затоа одлучиле да речат дека ги даваат сите пари за да им помогнат на другите. Тие всушност мислеле да дадат само дел од нив, но да кажат дека ги даваат сите. Што мислиш ти за тоа?⁠—

Така, Ананија дошол кај апостолите. Им ги дал парите. Се разбира, Бог знаел дека тој не им ги дава сите пари. Па затоа, Бог му кажал на апостол Петар дека Ананија не ја зборува вистината.

Ананија го лаже апостол Петар

Каква лага му кажува Ананија на Петар?

Потоа, Петар рекол: ‚Ананија, зошто му дозволи на Сатана да те натера да го направиш ова? Нивата беше твоја. Не мораше да ја продадеш. Па дури и откако ја продаде, самиот можеше да решиш што ќе правиш со парите. Но, зошто се преправаш дека ги даваш сите пари кога даваш само дел од нив? Со ова не нѐ лажеш само нас, туку и Бог‘.

Работата е многу сериозна. Ананија лажел! Тој не го направил тоа што го кажал. Само се преправал дека го прави. Библијата ни кажува што се случило потоа. Таа вели: ‚Откако ги слушнал зборовите на Петар, Ананија паднал и умрел‘. Бог направил Ананија да умре! Потоа го изнеле неговото тело и го погребале.

Ананија паѓа наземи и умира

Што се случува со Ананија затоа што излажал?

По околу три часа влегла Сапфира. Таа не знаела што се случило со нејзиниот маж. Затоа, Петар ја прашал: ‚Дали вие двајцата ја продадовте нивата за толку пари колку што ни дадовте?‘

Сапфира одговорила: ‚Да, нивата ја продадовме баш за толку пари‘. Но, тоа е лага! Дел од парите за кои ја продале нивата си оставиле за себе. Затоа, Бог направил да умре и Сапфира (Дела 5:1-11).

Што треба да научиме од она што им се случило на Ананија и на Сапфира?⁠— Тоа нѐ учи дека Бог не сака лажливци. Тој сака секогаш да ја зборуваме вистината. Но, многу луѓе велат дека е во ред да се кажуваат лаги. Мислиш ли дека тие луѓе се во право?⁠— Дали си знаел дека до сите болести, болки и смрт на земјата дошло поради една лага?⁠—

Исус

Што рекол Исус, кој ја кажал првата лага, и каков бил резултатот?

Сети се, Ѓаволот ја излажал првата жена Ева. Ѝ рекол дека нема да умре ако му биде непослушна на Бог и ако јаде од плодот од кој Бог рекол дека не смеат да јадат. Ева му поверувала на Ѓаволот и јадела од плодот. Го натерала и Адам да јаде од него. Сега станале грешници, и сите нивни деца се родиле како грешници. А затоа што биле грешници, сите деца на Адам страдале и умирале. Како започнала целата оваа неволја?⁠— Започнала со лага.

Не е ни чудо што Исус рекол дека Ѓаволот „е лажливец и татко на лагата“! Тој бил првиот што кажал лага. Кога некој кажува лага, го прави она што Ѓаволот го направил прв. Треба да размислиме за ова ако некогаш се најдеме во искушение да кажеме лага (Јован 8:44).

Кога може да се најдеш во искушение да излажеш?⁠— Кога ќе направиш нешто погрешно, зарем не?⁠— Не сакајќи, можеби ќе скршиш нешто. Ако те прашаат, дали треба да речеш дека брат ти или сестра ти го направиле тоа, Дали треба да се преправаш дека не знаеш како се случило?⁠—

Една мајка ѝ кажува на својата ќерка да ја доврши домашната

Кога може да бидеш искушан да излажеш?

Што ако требало да напишеш домашна работа, но не си ја завршил целата? Треба ли да речеш дека си ја завршил, иако не е така?⁠— Треба да се сетиме на Ананија и на Сапфира. Тие не ја кажале целата вистина. А Бог покажал колку е лошо тоа така што направил да умрат.

Значи, сеедно што може да направиме, работите секогаш ќе станат полоши ако излажеме, а не треба да кажеме ниту нешто што е полувистина. Библијата вели: „Зборувајте ја вистината“. Исто така, таа вели: „Не лажете се еден со друг“. Јехова секогаш ја кажува вистината, и тој очекува ние да го правиме истото (Ефешаните 4:25; Колошаните 3:9).

Треба секогаш да ја кажуваме вистината. Ова е истакнато во Излез 20:16; Пословици 6:16-19; 12:19; 14:5; 16:6 и Евреите 4:13.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели