ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w13 1/7 стр. 4
  • Дали ѝ се најважни парите?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали ѝ се најважни парите?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА?
  • КАКО СЕ ФИНАНСИРААТ ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ?
  • Како гледаш на парите?
    Разбудете се! 2015
  • Како да се води сметка за парите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Како се финансира делото за Царството
    Божјето Царство владее!
  • Пари
    Разбудете се! 2014
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
w13 1/7 стр. 4

Дали ѝ се најважни парите?

Естелa редовно одела в црква со своите деца. „Еден ден му реков на свештеникот дека сакам некој да ми помогне да ја разберам Библијата“, вели таа. Но, тој никогаш не се понудил да ѝ помогне. На крајот, Естел престанала да оди в црква. Таа продолжува: „По некое време свештениците од црквата ми пишаа и на некој начин како да ми рекоа дека, ако не можам да одам в црква, би можела барем да им испраќам пари. Си помислив: ‚Не им е гајле дали одам в црква, туку дали ќе им дадам пари‘“.

Анџелина, која отсекогаш била побожна, вели: „Во мојата црква послужавникот за прилози минуваше меѓу присутните трипати во текот на секоја богослужба, и се очекуваше секојпат да оставаме по нешто во него. Постојано ни бараа пари. Си помислив: ‚Бог не е со овие луѓе‘“.

Дали религиите во твоето место на некаков начин изнудуваат пари од луѓето? Дали тоа е во склад со Библијата?

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА?

Исус, кој го основал христијанството, рекол: „Бесплатно добивте, бесплатно давајте“ (Матеј 10:8). Библиската вистина нема цена и не може да се купи со пари. Затоа, секој што сака, треба бесплатно да ја чуе.

Како првите христијани ги покривале трошоците за одржување на нивните собири?

Секој приложувал колку што „одлучил во своето срце, не без волја, ниту со сила, зашто Бог го сака веселиот дарител“ (2. Коринќаните 9:7). Апостол Павле напишал: „Додека ви ја проповедавме Божјата добра вест, работевме ден и ноќ, за да не му бидеме товар никому од вас“ (1. Солуњаните 2:9). Павле изработувал шатори за да се издржува додека им проповеда на луѓето (Дела 18:2, 3).

КАКО СЕ ФИНАНСИРААТ ЈЕХОВИНИТЕ СВЕДОЦИ?

Јеховините сведоци обично одржуваат состаноци во скромни објекти наречени Сали на Царството. Како ги подмируваат трошоците? На нивните состаноци никогаш не кружи послужавник за да се соберат прилози ниту, пак, на некој други начин се измолуваат донации. Наместо тоа, сите што ја ценат програмата на состаноците, можат неупадливо да пуштат пари во кутијата за прилози што се наоѓа во Салата на Царството.

Како треба да се финансира религијата?

Јасно е дека се потребни пари за ова списание да излезе од печат и да стигне во рацете на читателите. Сепак, на неговите страници нема никакви реклами ниту молби за прилози. Целта е да им се пренесе библиската вистина на луѓето.

Што мислиш, дали овој начин на финансирање е во склад со она што го кажал Исус и во склад со примерот на првите христијани?

a Некои имиња во овие статии се сменети.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели