ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w15 15/1 стр. 3-7
  • Тие се ставиле на располагање — во Њујорк

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Тие се ставиле на располагање — во Њујорк
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ЈЕХОВА ЈА БЛАГОСЛОВУВА НИВНАТА САМОПОЖРТВУВАНОСТ
  • КАКО ГИ НАДМИНУВААТ ПРЕДИЗВИЦИТЕ
  • НЕ СЕ ЗАГРИЖЕНИ ЗА ИДНИНАТА
  • „БЛАГОСЛОВ ДОДЕКА НЕ БИДЕ ДОСТА“
  • Можеш ли да се ставиш на располагање?
    Нашата служба за Царството 2001
  • Дали ова е можеби најдобрата кариера за тебе?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Отворена покана!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Тие му служат на христијанското братство на меѓународно ниво
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
w15 15/1 стр. 3-7
Градилиштето во Ворвик (Њујорк)

Тие се ставиле на располагање — во Њујорк

ПРЕД неколку години, Цезар и неговата сопруга, Росио, воделе удобен живот во Калифорнија. Таму Цезар работел со полно работно време во фирма за клима-уреди, греење и вентилација, а Росио работела со скратено работно време во една ординација. Тие имале своја куќа, а немале деца. Но, се случило нешто што им го променило животот. Што било тоа?

Во октомври 2009 год., подружницата на САД испратила писмо до сите собранија во земјата. Со која цел? За да покани доброволци кои имаат одредени вештини да служат привремено во Бетел и да помагаат околу проширувањето на објектите во Волкил (Њујорк). Биле поканети дури и објавители на возраст над 35 години, што е вообичаената максимална старосна граница за кандидати за бетелска служба. Цезар и Росио раскажуваат: „Со оглед на нашата возраст, знаевме дека ова може да ни биде единствена шанса да служиме во Бетел. Не сакавме да ја пропуштиме за ништо на светот!“ Тие веднаш подале молби.

Некои доброволци кои работат во Ворвик

Некои доброволци кои работат во Ворвик

Поминала повеќе од една година, а Цезар и Росио сѐ уште не биле повикани во Бетел. И покрај тоа, презеле понатамошни чекори за да си го поедностават животот и да ја исполнат својата цел. Во тоа време живееле во својата куќа од соништата, која имала 200 квадрати и која ја изградиле две години пред тоа. Цезар вели: „За да можеме да ја издадеме куќата под кирија, ја преуредивме гаражата во станче од 25 квадрати и се вселивме во него. Откако ја направивме оваа промена бевме поспремни да ја прифатиме поканата од Бетел ако ја добиевме“. Што се случило потоа? „Еден месец по преселбата бевме поканети да служиме како привремени доброволци во Волкил. Беше очигледно дека Јехова нѐ благослови затоа што си го поедноставивме животот“, вели Росио.

Џејсон, Цезар и Вилијам

Џејсон, Цезар и Вилијам

ЈЕХОВА ЈА БЛАГОСЛОВУВА НИВНАТА САМОПОЖРТВУВАНОСТ

Исто како Цезар и Росио, стотици браќа и сестри направиле жртви за да учествуваат во градежните проекти во државата Њујорк. Голем број од нив работат на проширувањето на Волкил, а многу други помагаат во изградбата на новото светско седиште во Ворвик.a Многу брачни парови се откажале од своите убави домови, добрата работа, па и од домашните миленичиња за да му служат на Јехова во поголема мера. Тој богато ја благословил нивната самопожртвуваност.

Веј работи со електрика

Веј

На пример, Веј, по занимање електричар, и жена му, Дебра, имаат околу 60 години. Тие го продале својот дом во Канзас, како и повеќето работи што ги поседувале, и се преселиле во Волкил за да служат како надворешни бетелски соработници.b Иако тоа било огромна промена за нив, Веј и Дебра сметаат дека вредело да ги направат сите тие жртви. Во врска со својата задача во Бетел, Дебра вели: „Понекогаш имам чувство како сум на некоја од сликите во нашите публикации на кои се прикажани браќа и сестри кои градат куќи во Рајот!“

Мелвин и Шерон, брачен пар од Јужна Каролина, ја продале својата куќа за да помагаат во Ворвик. Иако не било лесно да ја направат таа жртва, тие сметаат дека е огромна чест да бидат вклучени во овој историски проект. Мелвин и Шерон велат: „Чувствуваме неизмерна радост затоа што знаеме дека од нашата работа ќе има корист целата организација“.

Кенет ги разгледува градежните планови

Кенет

Кенет, пензиониран градежник, и неговата жена, Морин, (обајцата во своите 50-ти години) се преселиле од Калифорнија за да работат на проектот во Ворвик. Пред да се преселат, тие се договориле со една сестра од собранието да се грижи за нивната куќа, и замолиле некои членови на семејството да ја преземат грижата за остарениот татко на Кенет. Дали жалат за жртвите што ги направиле за да служат во Бетел? Воопшто не! Кенет вели: „Многу ни е убаво. Се разбира дека има и предизвици, но водиме навистина исполнет живот. Од срце им ја препорачуваме оваа служба на другите“.

КАКО ГИ НАДМИНУВААТ ПРЕДИЗВИЦИТЕ

Повеќето од оние што се ставиле на располагање морале да се справат со одредени предизвици. На пример, Вилијам и Сандра, кои имаат околу 60 години, воделе мирен живот во Пенсилванија. Имале успешна фирма за производство на машински делови, во која биле вработени 17 луѓе. Цел живот служеле во исто собрание и повеќето нивни роднини живееле во близина. Кога им се укажала прилика да служат како надворешни соработници во Волкил, знаеле дека ќе треба да се разделат од речиси сите што ги познавале и од сето она на кое биле навикнати. Вилијам вели: „Тоа ни беше најголем предизвик“. Сепак, откако многу се молеле, решиле да се преселат, и воопшто не жалат за таа одлука. „Радоста што ја чувствуваме затоа што сме директно вклучени во овој проект и што соработуваме со бетелското семејство не може да се спореди со ништо друго“, раскажува Вилијам. „Јас и Сандра сме посреќни од кога и да било порано!“

Некои брачни парови кои работат во Волкил

Некои брачни парови кои работат во Волкил

Рики, кој работел како раководител на градежни проекти и живеел на Хаваите, бил поканет да служи како надворешен бетелски соработник на проектот во Ворвик. Неговата сопруга, Кендра, сакала тој да ја прифати поканата. Но, со право биле загрижени за тоа како преселбата ќе се одрази врз нивниот 11-годишен син, Џејкоб. Тие се прашувале дали би било мудро да се преселат во државата Њујорк, и дали нивниот син ќе може да се вклопи во сосема поинаква средина.

„Ни беше многу важно во новото собрание да има млади кои духовно напредуваат“, објаснува Рики. „Сакавме Џејкоб да има добро друштво.“ Што се случило на крајот? Тие почнале да служат во собрание каде што имало само неколку деца, но имало млади браќа од Бетел. „По првиот состанок, го прашав Џејкоб како му се допаѓа новото собрание, особено затоа што немаше ниту едно дете на негова возраст“, вели Рики. „Тој ми рече: ‚Не се секирај, тато. Ќе се дружам со браќата од Бетел‘.“

Џејкоб и неговите родители се дружат со еден бетелец во Салата на Царството

Џејкоб и неговите родители се дружат со бетелците од нивното собрание

Младите бетелци навистина се спријателиле со Џејкоб. Каков бил резултатот? „Кога една вечер поминав покрај неговата соба, видов дека светлото сѐ уште му е запалено“, вели Рики. „Мислев дека ќе го фатам како игра некоја електронска игра, но тој ја читаше Библијата! Кога го прашав што прави, Џејкоб рече: ‚Сега сум млад бетелец и ќе ја прочитам Библијата за една година‘.“ Рики и Кендра се пресреќни, не само затоа што Рики помага во изградбата во Ворвик туку и затоа што нивната преселба многу добро влијае врз духовноста на нивното синче (Изр. 22:6).

НЕ СЕ ЗАГРИЖЕНИ ЗА ИДНИНАТА

Луис и Дејл

Луис и Дејл

Доброволците кои помагаат на изградбата во Волкил и Ворвик се свесни дека нивната бетелска служба е привремена, и дека ќе заврши кога проектите ќе бидат готови. Дали овие браќа и сестри се претерано загрижени за тоа каде ќе одат и што ќе прават потоа? Во никој случај! Многумина се согласуваат со она што го рекле два брачни пара од Флорида кои се во своите 50-ти години. Џон, градежен раководител, и неговата жена, Кармен, служат како привремени доброволци во Ворвик. Тие велат: „Јехова се грижеше за сите наши потреби досега. Зарем треба да се сомневаме дека ќе нѐ напушти кога ќе си заминеме од тука?“ (Пс. 119:116). Луис, кој проектира противпожарни системи, и жена му, Кенија, служат во Волкил. Тие велат: „Веќе видовме како Јехова великодушно се грижи за сите наши материјални потреби. Без разлика каде ќе бидеме или што ќе правиме, уверени сме дека тој ќе продолжи да се грижи за нас“ (Пс. 34:10; 37:25).

„БЛАГОСЛОВ ДОДЕКА НЕ БИДЕ ДОСТА“

Џон и Мелвин

Џон и Мелвин

Повеќето од оние што помагаат во изградбата во Њујорк можеле да си најдат изговор да не се стават на располагање. Но, тие решиле да го испитаат Јехова, токму како што и самиот тој нѐ поттикнува: „Испитајте ме во тоа, ве молам... зар нема да ви ги отворам небесните брани и да ви излеам благослов додека не биде доста?“ (Мал. 3:10).

Дали и ти ќе го ставиш Јехова на испит за да видиш како ќе те благослови? Моли се и размислувај каков удел можеш да имаш во значајното градежно дело што го извршува нашата организација — сеедно дали во Њујорк или на некое друго место. Така од прва рака ќе го почувствуваш Јеховиниот благослов (Мар. 10:29, 30).

Гери

Гери

Дејл, градежен инженер, и жена му Кети, кои се од Алабама, од сѐ срце ја препорачуваат оваа служба. Како доброволци во Волкил, тие велат: „Ако имаш храброст да излезеш од секојдневната рутина, ќе видиш што може да направи Јеховиниот дух“. Како можеш да се ставиш на располагање? Дејл вели: „Поедностави си го животот колку што е можно повеќе. Никогаш нема да зажалиш за тоа!“ Гери, од Северна Каролина, има 30-годишно искуство како градежен раководител. Тој и неговата сопруга, Морин, велат дека еден од благословите во Ворвик е тоа што можат ‚да соработуваат со голем број прекрасни браќа и сестри кои го посветиле својот живот на Јехова служејќи во Бетел‘. Гери додава: „За да служиш во Бетел треба да водиш едноставен живот, а тоа е најдобар начин на кој можеш да живееш во овие последни денови“. Џејсон, електричар, и жена му, Џенифер, кои се од Илиноис, велат дека работата на проектот во Волкил им помага да се чувствуваат како да се во новиот свет. Џенифер додава: „Пресреќни сме бидејќи знаеме дека Јехова го цени сето она што го правиме и дека тоа има трајна вредност во негови очи. Бог навистина ни излева благослов без мера“.

a Види во Годишникот на Јеховините сведоци за 2014, страници 12-13.

b Надворешните соработници служат во Бетел еден или повеќе денови во седмицата. Тие сами се грижат за сместувањето и за своите трошоци.

МОЖЕШ ЛИ ДА СЕ СТАВИШ НА РАСПОЛАГАЊЕ?

Цар Давид посакал „во своето срце“ да му изгради дом на името на Јехова (1. Лет. 22:7). Негова најголема желба била да учествува во изградбата на храмот кој ќе му носи чест и слава на Бог. Што мислиш, да беше Давид жив денес, како ќе гледаше на огромното градежно дело кое се врши во нашево време?

Една сестра работи на градилиштето

Бидејќи бројот на објавители на Царството сѐ повеќе расте додека се приближува крајот на овој свет, во многу земји треба што побрзо да се изградат нови објекти (Иса. 60:22; Авак. 2:3). Во нив спаѓаат подружници, Конгресни сали, Сали на Царството, преведувачки канцеларии и места каде што се одржуваат теократски школи. Затоа, потребни се многу стручни доброволци кои ќе помагаат во овие проекти, односно браќа и сестри кои се занимаваат со недвижнини, градежништво, проектирање, инженерство, претприемништво, набавка, надгледување на градежната изведба, теренско мерење, ѕидарство, бетонирање, механичка и електрична инсталација, заварување, водоинсталатерство, дрводелство, како и такви што можат да управуваат и да работат на одржувањето на тешки машини, да средуваат дворни места, да молерисуваат и да местат подови и плочки.

Веројатно е потребна помош и на проектите што се извршуваат онаму каде што живееш ти. Освен тоа, има голема потреба од стручни лица кои би можеле да служат во друга земја. Дали би сакал да се ставиш на располагање? Ако да, слободно разговарај со твоите старешини. Прашај ги како можеш да ги исполниш условите и како да подадеш молба.

И младите и постарите со радост учествуваат во ова извонредно градежно дело. Моли се и ти во врска со тоа. И кај тебе може да се развие желба да имаш удел во изградбата на објекти кои ќе му носат слава на Божјето име. Биди уверен дека никогаш нема да зажалиш за тоа!

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели