ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w15 1/3 стр. 13-15
  • Растенија скапоцени како злато

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Растенија скапоцени како злато
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ПРЕКУ АРАБИСКАТА ПУСТИНА
  • „НАЈЧУВАНАТА ТРГОВСКА ТАЈНА НА СИТЕ ВРЕМИЊА“
  • Козметиката во библиски времиња
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Балсам од Галад — мевлем што лекува
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
w15 1/3 стр. 13-15
Различни ароматични растенија

Растенија скапоцени како злато

„Познавачи на ѕвездите од исток... ги отворија своите ковчежиња и му дадоа дарови: злато, темјан и смирна“ (Матеј 2:1, 11).

КАКОВ подарок би избрал за некоја значајна личност? Сигурно нешто многу вредно, на пример, злато. Интересно е што во библиски времиња некои зачини и растенија имале иста вредност како златото. Тие биле толку скапоцени што дури им биле подарувани на цареви. Токму затоа, меѓу даровите што познавачите на ѕвездите му ги дале на „еврејскиот цар“ имало мирисливи растенија (Матеј 2:1, 2, 11).

Балсам

Балсам

Во Библијата исто така пишува дека, кога царицата од Сава го посетила Соломон, ‚му дала сто и дваесет таланти злато, мошне многу балсам и скапоцени камења‘a (2. Летописи 9:9). Освен царицата од Сава, и други цареви му подарувале балсам на Соломон (2. Летописи 9:23, 24).

Зошто растенијата и производите што се добивале од нив биле толку скапи во библиско време? Затоа што се користеле во многу важни прилики. На пример, се користеле во третмани за разубавување, во службата за Бог и при погребување на мртви. (Види ја рамката „Ароматичните растенија во библиски времиња“.) Освен што имало голема побарувачка за нив, мирисливите растенија имале висока цена и поради трошоците за набавка и превоз.

ПРЕКУ АРАБИСКАТА ПУСТИНА

Касија

Касија

Во минатото, некои растенија вирееле во Јорданската Долина, но други морало да се увезуваат во Израел. Во Библијата се спомнуваат производи од различни растенија. Некои што нам ни се познати се шафран, алое, балсам, цимет, темјан и смирна. Освен тоа, спомнати се и некои зачини, на пример, ким, нане и копар.

Од каде потекнувале овие растенија и производи? Некои од нив, како што се алое, касија и цимет, растеле на подрачјето на денешните Кина, Индија и Шри Ланка. Смирната и темјанот се добивале од дрвја и грмушки што растеле во пустинските предели кои се протегаат од јужна Арабија до Сомалија во Африка. А нардот растел на Хималаите и можел да се набави само од Индија.

Шафран

Шафран

За да дојдат до Израел, многу растенија морало да бидат донесени преку Арабија. Според книгата The Book of Spices, ова во голема мера придонело во вториот и првиот милениум пр.н.е. Арабија да стане „најголемиот посредник во размената на добра помеѓу Истокот и Западот“. Древните градови, тврдини и места каде што застанувале караваните во пустината Негев во јужниот дел од Израел покажуваат по кој пат се движеле трговците со растенија. Во еден извештај на Центарот за заштита на светското наследство при УНЕСКО стои: „Ова е доказ дека меѓу јужна Арабија и земјите околу Средоземното Море постоела многу развиена трговија“.

„Поради големата побарувачка и високата цена, секој трговец сакал да тргува со ароматични растенија“ (The Book of Spices).

Караваните кои пренесувале вакви ароматични растенија и производи редовно минувале по околу 1800 километри преку Арабија (Јов 6:19). Во Библијата пишува дека еден караван со исмаелски трговци пренесувал ‚мирислива смола леданон, балсам и смолеста кора‘ од Галад во Египет (1. Мојсеева 37:25). Синовите на Јаков им го продале својот брат Јосиф како роб на овие трговци.

„НАЈЧУВАНАТА ТРГОВСКА ТАЈНА НА СИТЕ ВРЕМИЊА“

Копар

Копар

Трговијата со ароматични растенија со векови се одвивала под контрола на арапските трговци. Тие биле ексклузивни увозници на зачини од Азија, како што се касија и цимет. Со цел да ги спречат земјите околу Средоземното Море да воспостават директни врски со Истокот, кој бил извор на скапоцените растенија, Арабјаните почнале да шират измислени приказни во кои опишувале на какви опасности биле изложени оние што ги собирале растенијата. Вистинското потекло на растенијата веројатно било „најчуваната трговска тајна на сите времиња“, пишува во книгата The Book of Spices.

Ким

Ким

Какви приказни ширеле Арабјаните? Херодот, грчки историчар кој живеел во петтиот век пр.н.е., спомнал дека имало приказни за страшни птици кои на стрмни и непристапни карпи правеле гнезда од кората на циметовото дрво. Тој напишал дека, за да можат да соберат цимет, луѓето ставале големи парчиња месо на дното од карпите. Тогаш алчните птици ги носеле парчињата месо во своите гнезда. Од големата тежина гнездата паѓале на земја. Луѓето брзо ги собирале стапчињата цимет и им ги продавале на трговците. Ваквите приказни се расчуле насекаде. Токму поради овие „наводни опасности при собирањето, [циметот] се продавал по многу висока цена“, пишува во The Book of Spices.

Нане

Нане

По некое време лагата на Арабјаните излегла на виделина и со тоа му бил ставен крај на нивниот монопол на пазарот. До првиот век пр.н.е., египетскиот град, Александрија, станал главен центар на трговијата со растенија и нивните производи. Откако морепловците научиле како да ги користат монсунските ветрови на Индискиот Океан, римските бродови почнале да пловат од египетските пристаништа до Индија. Како резултат на тоа, скапоцените растенија станале подостапни и нивните цени се снижиле.

Денес вредноста на ароматичните растенија воопшто не може да се спореди со вредноста на златото. Освен тоа, сигурно не би му подариле растенија на некој цар. Сепак, милиони луѓе низ целиот свет ги користат растенијата за да направат парфеми и лекови, и за да го збогатат вкусот на храната. Исто како пред илјадници години, и денес луѓето се привлечени од опојните мириси на растенијата.

Стапчиња цимет

Цимет

a Зборот „балсам“ се однесува на ароматични масла или смоли кои се добиваат од дрвја и грмушки.

Ароматичните растенија во библиски времиња

Масло за помазание и свет темјан. Јехова му ги дал на Мојсеј рецептите за приготвување масло за помазание и свет темјан. Во двата рецепти биле вклучени по четири различни ароматични состојки (2. Мојсеева 30:22-25, 34-38). Одредени свештеници требало да се грижат секогаш да ги има овие состојки и биле посебно обучени да го приготвуваат маслото за помазание (4. Мојсеева 4:16; 1. Летописи 9:30).

Парфеми и масла. Некои луѓе користеле мирисливи прашоци за да се намирисаат себеси и да ги намирисаат својата куќа, облека и постелнина (Естира 2:12; Изреки 7:17; Песна над песните 3:6, 7; 4:13, 14). Марија, сестрата на Лазар, излеала многу скапо „мирисливо масло, вистински нард“ врз косата и врз нозете на Исус. Малото шишенце „вистински нард“ чинело цела годишна плата (Марко 14:3-5; Јован 12:3-5).

Подготовка на телото за погреб. Никодим однел „еден врзоп смирна и алое“ за да се подготви телото на Исус за погреб (Јован 19:39, 40). И некои ученици на Исус приготвиле „мирисливи масла и други мирисливи материи“ и ги однеле кај неговиот гроб (Лука 23:56—24:1).

Зачинување на храна. Израелците веројатно користеле ароматични растенија како зачини за да го збогатат вкусот на рибата и месото и за да го засилат вкусот на виното (Песна над песните 8:2).

Карактеристики на двете смоли кои му биле подарени на Исус

Темјанот и смирната се ароматични смоли кои се добиваат со правење засеци на стеблата на некои мали дрвја или трнливи грмушки.

Дрвото од чија смола се добива темјанот растело покрај јужниот брег на Арабија, а грмушката од која се добива смирната виреела во полупустинските предели во денешните Сомалија и Јемен. Овие ароматични смоли биле многу ценети поради нивниот опоен мирис. Јехова пропишал да се користат во светата служба — смирната била една од состојките во маслото за помазание, а темјанот се ставал во друга света смеса (2. Мојсеева 30:23-25, 34-37). Но, смирната и темјанот се користеле на различен начин.

Темјанот требало да се гори во оган за да пушти мирис. Од друга страна, смирната не требало да се гори, туку веднаш се користела. Смирната се спомнува три пати во извештаите за Исус. Прво, му била дадена како подарок кога бил бебе (Матеј 2:11). Второ, му била понудена во комбинација со вино како средство за ублажување на болките кога бил прикован на столбот (Марко 15:23). И трето, заедно со други состојки, била користена при подготовката на неговото тело за погреб (Јован 19:39).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели