ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА?
Што се случува откако ќе умреме?
НЕКОИ ЛУЃЕ ВЕРУВААТ дека продолжуваме да живееме во некој друг облик, а други, пак, сметаат дека смртта е крај на сѐ. Што мислиш ти?
ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА
„Мртвите не се свесни за ништо“ (Проповедник 9:5). Откако ќе умреме, повеќе не постоиме.
ШТО ДРУГО УЧИМЕ ОД БИБЛИЈАТА
Откако умрел, првиот човек, Адам, се вратил во земниот прав (1. Мојсеева 2:7; 3:19). Исто како него, сите што умираат на крајот стануваат прав (Проповедник 3:19, 20).
По смртта, на луѓето им се простуваат гревовите, односно се ослободени од нив (Римјаните 6:7). Откако ќе умреме, Бог не нѐ казнува за нашите гревови.
Можно ли е мртвите повторно да живеат?
ШТО БИ ОДГОВОРИЛ?
Да
Не
Можеби
ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА
„Бог ќе ги воскресне и праведните и неправедните“ (Дела 24:15).
ШТО ДРУГО УЧИМЕ ОД БИБЛИЈАТА
Библијата често ја споредува смртта со спиење (Јован 11:11-14). Бог може да ги разбуди умрените, исто како што ние можеме да разбудиме некој што спие (Јов 14:13-15).
Во Библијата се запишани неколку воскресенија, што ни дава цврста основа да веруваме дека мртвите ќе оживеат (1. Царевите 17:17-24; Лука 7:11-17; Јован 11:39-44).