ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp16 Бр. 3 стр. 4
  • Дали е погрешно да тагуваш?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали е погрешно да тагуваш?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Сличен материјал
  • Нормално ли е да се чувствувам вака?
    Кога ќе умре некој што го сакаш
  • Во ова списание: Помош за ужалените
    Разбудете се! 2018
  • Како да живеам со својата тага?
    Кога ќе умре некој што го сакаш
  • Дали е погрешно да се оплакува?
    Разбудете се! 2001
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
wp16 Бр. 3 стр. 4

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | УТЕХА ЗА ОНИЕ ШТО ТАГУВААТ

Дали е погрешно да тагуваш?

Дали некогаш ненадејно си се разболел? Можеби ти поминало толку брзо што веќе не се ни сеќаваш дека си бил болен. Но, тоа не е случај и со тагата кога некој ќе ни умре. Во една своја книга, Д-р Ален Вулфелт напишал: „Тагата поради смртта на некој близок никогаш не поминува“. Сепак, како што додал потоа, „со текот на времето и со помош на другите, ќе стане поподнослива“ (Healing a Spouse’s Grieving Heart).

Да го земеме за пример семејниот поглавар Авраам. Кога починала неговата жена Сара, Библијата вели дека ,Авраам дошол да тагува по Сара и да ја оплаче‘. Ова покажува дека на Авраам му требало време за да се помири со загубата.a Друг пример е Јаков, кого го излажале дека неговиот син Јосиф бил растргнат од диво животно. Тој тагувал „многу дни“, и никој од семејството не можел да го утеши. Поминале години, а тој сѐ уште не можел да ја оттргне од мислите смртта на Јосиф (1. Мојсеева 23:2; 37:34, 35; 42:36; 45:28).

Авраам плаче покрај мртвото тело на Сара

Авраам ја оплакувал својата сакана Сара

Така се чувствуваат и многу луѓе денес што тагуваат по некој свој близок. Да спомнеме два примера.

  • „Мојот сопруг, Роберт, почина на 9 јули 2008 година. Утрото кога се случи несреќата беше како и секое друго. Појадувавме, се гушнавме и си рековме ,те сакам‘, како и секогаш пред да замине на работа. Поминаа шест години од неговата смрт, но во срцето сѐ уште имам болка. Не верувам дека некогаш ќе се помирам со помислата дека Роб го нема“ (Гејл, 60).

  • „Поминаа повеќе од 18 години откако ја изгубив мојата сакана сопруга, но сѐ уште ми недостасува и чувствувам празнина. Кога и да видам нешто убаво во природата, помислувам на неа и си велам: ,Колку ќе се радуваше таа да го видеше ова!‘“ (Етјен, 84).

Нема сомнение дека болните чувства по загубата на некој близок остануваат долго. Секој тагува на свој начин, и не би било убаво да ги осудуваме другите за начинот на кој се справуваат со загубата. А не би требало да се осудуваме ни себеси доколку нашата реакција изгледа претерана. Тогаш, како да живееме со тагата?

a И Исак, синот на Авраам, долго тагувал. Во статијата „Угледајте се на нивната вера“ во овој број пишува дека тој тагувал по неговата мајка, Сара, иако поминале три години од нејзината смрт (1. Мојсеева 24:67).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели