ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp16 Бр. 4 стр. 8
  • Зошто била зачувана Библијата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто била зачувана Библијата
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Сличен материјал
  • Библијата е порака од Бог за нас
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Вистинита приказна што вреди да се чуе
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Побарај повеќе совети за семејството
    Разбудете се! 2018
  • Што мислиш за Библијата?
    Што мислиш за Библијата?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
wp16 Бр. 4 стр. 8
Човек ја чита Библијата

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | БИБЛИЈАТА — КАКО БИЛА ЗАЧУВАНА?

Зошто била зачувана Библијата

Библијата е зачувана до ден-денес. Како резултат на тоа, лесно можеш да ја набавиш и да ја читаш. А ако одбереш добар превод, можеш да бидеш сигурен дека читаш веродостоен препис на изворниот текст.a Но, зошто Библијата успеала да го преживее забот на времето, силното противење и обидот да биде изменета, и тоа честопати на просто неверојатен начин? Што ја прави оваа книга толку посебна?

„Сега сум сигурен дека Библијата што ја имам е дар од Бог“

Многу истражувачи на Библијата дошле до истиот заклучок како и апостол Павле, кој напишал: „Целото Писмо е вдахновено од Бог“ (2. Тимотеј 3:16). Тие се уверени дека Библијата успеала да опстане затоа што е Божја Реч и затоа што Бог е тој што ја зачувал до ден-денес. Фајзел, кој беше спомнат во првата статија, решил лично да се увери во тоа така што ќе ја проучува. Она што го открил го изненадило. Сфатил дека во Библијата нема основа за многу од учењата на христијанските цркви. Освен тоа, бил среќен кога од неа дознал каква убава намера со Земјата има Бог.

„Сега сум сигурен дека Библијата што ја имам е дар од Бог“, вели Фајзел. „На крајот од краиштата, ако Бог можел да ја создаде вселената, зар не би можел да им даде книга на луѓето и да ја сочува за нив? Во спротивно би било исто како да речеш дека Бог не е доволно моќен — дека Семоќниот е ограничен во моќта! А кој сум јас да тврдам такво нешто?“ (Исаија 40:8).

a Види ја статијата „Како да избереш добар превод на Библијата?“ во изданието на ова списание од 1 мај 2008.

Зошто може да бидеме сигурни дека Библијата не била изменета?

Во овие статии беше објаснето како Библијата била зачувана. Но, што може да те увери дека таа е „реч Божја“, а не само збирка од митови и легенди? (1. Солуњаните 2:13). Види ја лекција 3 од брошурата Добра вест од Бог! достапна на www.jw.org/mk. (Кликни на ИЗДАНИЈА > КНИГИ И БРОШУРИ)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели