ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp16 Бр. 4 стр. 3
  • Вистинита приказна што вреди да се чуе

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вистинита приказна што вреди да се чуе
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Сличен материјал
  • Како Библијата опстанала до ден-денес
    Разбудете се! 2007
  • Борбата за преживување на Библијата
    Библијата — Реч Божја или човечка?
  • Бог ни ги открива своите намери
    Дали Бог се грижи за нас?
  • Дали Божјата пишана Реч била изменета?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2020
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
wp16 Бр. 4 стр. 3

ТЕМА ОД НАСЛОВНАТА | БИБЛИЈАТА — КАКО БИЛА ЗАЧУВАНА?

Вистинита приказна што вреди да се чуе

Еден маж ја држи Библијата и гледа со сомневање

Меѓу сите книги со религиозна содржина, Библијата посебно се издвојува. Ниедна друга книга не извршила толкаво влијание врз верувањата на толку многу луѓе и во текот на толкав временски период. Од друга страна, ниедна друга книга не била изложена на толку многу испитувања и критики.

На пример, некои изучувачи сметаат дека Библијата што ја имаме денес не е веродостоен препис на изворниот текст. „Не можеме со сигурност да кажеме дека денешниот текст во Библијата е ист со текстот во изворните списи“, вели еден професор по религија. „Имаме само копии полни со грешки, а поголемиот дел од нив биле направени со векови по изворните примероци, и очигледно е дека се разликуваат од нив во илјадници аспекти.“

Други, ја оспоруваат точноста на Библијата поради религијата на која ѝ припаѓаат. На пример, Фајзел, кој израснал во семејство што не е христијанско, бил поучуван дека Библијата е света книга но дека била изменета. „Затоа, кога некој ќе ми зборуваше за Библијата, го слушав со резерва“, вели тој. „Се прашував: Како да му верувам кога првобитната Библија веќе не постои? Сегашниот текст е изменет!“

Важно ли е да се знае дали Библијата била изменета? Размисли за следниве прашања: Дали ќе можеш да веруваш во убавите ветувања за иднината што се запишани во Библијата ако не си сигурен дека тие стоеле и во изворниот текст? (Римјаните 15:4). Дали одлуките во врска со работата, семејството или религијата би ги темелел на библиските начела ако Библиите што ги имаме денес се само копии со многу грешки?

Точно е дека првобитните примероци од Библијата веќе не постојат, но зачувани се многу стари преписи, меѓу кои и илјадници библиски ракописи.a Како овие ракописи го преживеале забот на времето, ги издржале нападите од противниците и ја задржале својата порака непроменета? Како тоа што опстанале докажува дека можеш да ѝ веруваш на Библијата денес? Прочитај ги одговорите на овие прашања во следните статии.

a Библиските ракописи се рачно напишани преписи на некои делови од светите списи во минатото.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели