ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp16 Бр. 4 стр. 14-15
  • Најважната споредба што можеш да ја направиш

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Најважната споредба што можеш да ја направиш
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • КАКО ДА ГИ СПОРЕДИМЕ НАШИТЕ ВЕРУВАЊА СО БИБЛИЈАТА
  • Што е Божјето Царство?
    Што навистина учи Библијата?
  • Кој е Исус Христос?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Кој оди на небото и зошто?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Што веруваат Јеховините сведоци?
    Што веруваат Јеховините сведоци?
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
wp16 Бр. 4 стр. 14-15

Најважната споредба што можеш да ја направиш

ДАЛИ СИ христијанин? Ако да, тогаш и ти се вбројуваш во преку двете милијарди луѓе на Земјата што се изјаснуваат како следбеници на Христос. Денес постојат илјадници религии што се нарекуваат христијански, но имаат спротивни учења и различни гледишта. Затоа, твоите верувања можеби многу се разликуваат од верувањата на другите христијани. Но, важно ли е во што точно веруваш? Да, важно е — доколку сакаш да бидеш онаков христијанин каков што се бара во Библијата.

Првите следбеници на Исус Христос биле наречени „христијани“ (Дела 11:26). Немало потреба да имаат и некој друг назив по кој ќе се разликуваат од другите бидејќи во тоа време постоела само една христијанска религија. Сите христијани обединето ги следеле учењата и упатствата на основачот на христијанството, Исус Христос. А како е со твојата религија? Дали нејзините учења се истите што ги кажал Исус и истите во кои верувале неговите први следбеници? Како можеш да го испиташ тоа? Постои само еден начин — да ги споредиш учењата на твојата религија со она што е запишано во Библијата.

Исус Христос многу ги почитувал светите списи и ги сметал за Божја Реч. Тој ги осудил оние што повеќе ги следеле човечките традиции отколку библиските учења (Марко 7:9-13). Според тоа, јасно е дека вистинските следбеници на Исус треба да ги темелат своите верувања на Библијата. Затоа, секој христијанин треба да се праша: „Дали учењата на мојата религија се во склад со Библијата?“ За да дојдеш до одговорот на ова прашање, најдобро ќе биде да ги споредиш учењата на твојата религија со она што стои во Библијата.

Исус рекол дека нашата вера во Бог мора да се темели на вистината — вистината што се наоѓа во Библијата (Јован 4:24; 17:17). А апостол Павле рекол дека Бог сака „најразлични луѓе да се спасат и добро да ја запознаат вистината“ (1. Тимотеј 2:4). Значи, многу е важно нашите верувања да бидат во склад со вистината од Библијата. Од тоа зависи нашето спасение!

КАКО ДА ГИ СПОРЕДИМЕ НАШИТЕ ВЕРУВАЊА СО БИБЛИЈАТА

Прочитај ги шесте прашања подолу и забележи каков одговор дава Библијата. Ако имаш Библија, побарај ги стиховите што се дополнително наведени и размисли за одговорите. Потоа прашај се: „Дали учењата на мојата религија се во склад со она што стои во Библијата?“

Прашањата и одговорите можат да ти помогнат да ја направиш најважната споредба во твојот живот. Дали би сакал да споредиш и други учења од твојата религија со она што го вели Библијата? Јеховините сведоци со задоволство ќе ти помогнат да дојдеш до вистинитите библиски одговори. Слободно замоли некој од нив за бесплатен библиски курс или посети ја нашата интернет-страница jw.org/mk.

1. ПРАШАЊЕ: Кој е Бог?

ОДГОВОР: Јехова, Таткото на Исус, е вечниот Бог и семоќниот Творец на сѐ што постои.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

„Му благодариме на Бог, Таткото на нашиот Господар Исус Христос, секогаш кога се молиме за вас“ (Колошаните 1:3).

„Достоен си, Јехова, Боже наш, да ја примиш славата и честа и моќта, бидејќи ти создаде сѐ“ (Откровение 4:11).

Види и Римјаните 10:13 и 1. Тимотеј 1:17.

2. ПРАШАЊЕ: Кој е Исус Христос?

ОДГОВОР: Исус е првородениот Син на Бог. Бидејќи бил создаден, Исус имал почеток. Исус му е подложен на Бог и е послушен на Неговата волја.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

„Таткото е поголем од мене“ (Јован 14:28).

„[Исус] е сликата на невидливиот Бог, првороден од сѐ што е создадено“ (Колошаните 1:15).

Види и Матеј 26:39 и 1. Коринќаните 15:28.

3. ПРАШАЊЕ: Што е светиот дух?

ОДГОВОР: Светиот дух е силата што Бог ја користи за да ја изврши својата волја. Светиот дух не е личност. Луѓето можат да бидат исполнети со свет дух и да бидат зајакнати од него.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

„Кога Елисавета го чу поздравот на Марија, детето во нејзината утроба потскокна. И Елисавета се исполни со свет дух“ (Лука 1:41).

„Ќе примите сила кога светиот дух ќе дојде врз вас“ (Дела 1:8).

Види и 1. Мојсеева 1:2 и Дела 2:1-4; 10:38.

4. ПРАШАЊЕ: Што е Божјето Царство?

ОДГОВОР: Божјето Царство е небесна влада. Цар на Божјето Царство е Исус. Преку ова Царство, Божјата волја наскоро ќе се извршува по целата Земја.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

„Седмиот ангел затруби. И силни гласови се слушнаа на небото: ,Царската власт над светот сега му припаѓа на нашиот Господар и на неговиот Христос, и тој ќе царува во сета вечност‘“ (Откровение 11:15).

Види и Даниел 2:44 и Матеј 6:9, 10.

5. ПРАШАЊЕ: Дали сите добри луѓе одат на небото?

ОДГОВОР: Не. Бог избрал само одреден број верни луѓе да одат на небото. Тие се наречени „мало стадо“, и заедно со Исус ќе бидат цареви кои ќе владеат над човештвото.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

„Не плаши се, мало стадо, зашто волјата на вашиот Татко е да ви го даде царството“ (Лука 12:32).

„Ќе бидат свештеници на Бог и на Христос, и ќе царуваат со Христос илјада години“ (Откровение 20:6).

Види и Откровение 14:1, 3.

6. ПРАШАЊЕ: Каква е Божјата намера со Земјата и со луѓето?

ОДГОВОР: Под власта на Божјето Царство, Земјата ќе стане рај, а верните луѓе ќе имаат совршено здравје, постојан мир и вечен живот.

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА:

„Кротките ќе ја поседуваат земјата и ќе уживаат во изобилен мир“ (Псалм 37:10, 11).

„Тој ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ниту болка. Сѐ што беше порано, помина“ (Откровение 21:3, 4).

Види и Псалм 37:29 и 2. Петрово 3:13.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели