ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w17 Ноември стр. 18-19
  • „Душата која великодушно дава, и самата ќе биде добро нахранета“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Душата која великодушно дава, и самата ќе биде добро нахранета“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Сличен материјал
  • „Работата е голема“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Покажи дека ја цениш дарежливоста на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Нивниот вишок ја покрил немаштијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Јехова богато го благословува спремниот дух
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
w17 Ноември стр. 18-19
Ана го носи малиот Самоил во светиот шатор

„Душата која великодушно дава, и самата ќе биде добро нахранета“

ЖРТВИТЕ отсекогаш биле важен дел од обожавањето на вистинскиот Бог. Израелците принесувале животински жртви, а христијаните отсекогаш биле добро познати по тоа што принесуваат „жртва на фалба“. Постојат и други жртви кои му се угодни на Бог (Евр. 13:15, 16). Сите тие носат радост и благослови, како што покажуваат следниве примери.

Во минатото, Ана, која верно му служела на Бог, многу сакала да има син, но била неротка. Таа во молитва се заветувала дека, ако роди син, ќе му го даде на Јехова „за сите денови од неговиот живот“ (1. Сам. 1:10, 11). По некое време, Ана навистина забременила и родила син кого го нарекла Самоил. Откако детето било „одбиено од гради“, Ана го одвела во светиот шатор — токму како што се заветувала. Јехова ја благословил Ана за нејзината самопожртвуваност. Таа имала уште 5 деца, а Самоил станал пророк и еден од писателите на Библијата (1. Сам. 2:21).

Слично како Ана и Самоил, Божјите слуги денес имаат чест да го користат својот живот за да му служат на својот Творец. Исус ветил дека секоја жртва што ја правиме во службата за Јехова ќе биде богато благословена (Мар. 10:28-30).

Во првиот век, една христијанка по име Дорка била позната по своите жртви — правела добри дела и им помагала на сиромасите. За жал, таа се разболела и умрела. Поради тоа, целото собрание било разжалостено. Кога чуле дека Петар е во тој крај, учениците го молеле веднаш да дојде. Замисли колку биле радосни кога Петар дошол и ја вратил Дорка во живот! Тоа било првото воскресение запишано во Библијата што го направил еден апостол (Дела 9:36-41). Бог не ги заборавил жртвите на Дорка (Евр. 6:10). Во Божјата Реч е зачуван извештајот за нејзината дарежливост како пример за нас денес.

И апостол Павле оставил одличен пример со тоа што великодушно ги трошел своето време и сила за другите. Тој им го напишал следново на соверниците во Коринт: „Јас со задоволство ќе потрошам сѐ и ќе се истрошам самиот себе за вашите души“ (2. Кор. 12:15). Павле од лично искуство сфатил дека, кога се жртвуваме за другите, чувствуваме радост и задоволство. А што е уште поважно, добиваме благослов и одобрување од Јехова (Дела 20:24, 35).

Јасно е дека Јехова се радува кога ги користиме нашето време и сила за да го поддржуваме делото за Царството и за да им помагаме на нашите браќа и сестри. Но, дали има и други начини на кои можеме да го поддржиме проповедничкото дело? Да! Можеме да го славиме Бог и со нашите доброволни прилози. Тие се користат за да се поддржува проповедањето низ целиот свет, во што спаѓа и поддршката на мисионерите и другите специјални полновремени слуги. Освен тоа, доброволните прилози се користат и за подготвување и преведување на публикации и видеоматеријали, за помош при катастрофи и за изградба на сали за состаноци. Можеме да бидеме сигурни дека „душата која великодушно дава, и самата ќе биде добро нахранета“. Освен тоа, кога му даваме на Јехова од својот имот, ние му искажуваме чест (Изр. 3:9; 11:25).

Како некои даваат прилози за меѓународното дело

Како во времето на апостол Павле, мнозина денес редовно одвојуваат одредена сума пари и ја пуштаат во кутиите за прилози со натпис: „За меѓународното дело“ (1. Кор. 16:2). Секој месец, собранијата ги испраќаат овие прилози до подружницата на Јеховините сведоци која се грижи за нивната земја. Освен тоа, секој може да испрати доброволен паричен прилог и директно до правното тело што го користат Јеховините сведоци во неговата земја. За да го дознаете називот на ова правно тело, ве молиме контактирајте со подружницата која се грижи за вашата земја. Адресата на подружницата може да се најде на www.jw.org/mk. Во зависност од локалните околности, директно можат да се испратат следниве видови прилози:

БЕЗУСЛОВНИ ПОДАРОЦИ

  • Во некои земји може да се даваат прилози преку системите за електронско банкарство или со дебитна и кредитна картичка. Во некои подружници е можно да се приложува и преку нашата интернет-страница или преку друга интернет-страница отворена за таа цел.

  • Може да се подарат пари, накит или, пак, други вредни работи. Таквите прилози треба да се испратат со едно кратко писмо во кое се наведува дека станува збор за безусловен подарок.

УСЛОВНИ ДОНАЦИИ

  • Може да се донираат пари со услов да му бидат вратени на давателот доколку му се потребни.

  • Таквите прилози треба да се испратат со едно кратко писмо во кое се наведува дека станува збор за условна донација.

ДРУГИ НАЧИНИ НА ДАВАЊЕ

Освен давање парични прилози и вреден личен имот, има и други начини на кои може да се приложи за меѓународното дело на Царството. Тие се наведени подолу. Сеедно како сакате да приложите, ве молиме најпрво контактирајте со подружницата која се грижи за вашата земја. Бидејќи законските барања и даночните закони се различни од една до друга земја, важно е да разговарате со даночен или правен советник пред да решите на кој начин ќе дадете донација.

Осигурување: Правното тело што го користат Јеховините сведоци може да биде именувано како корисник на средствата од полиса за животно или пензиско осигурување.

Банковни сметки: Давателот може да го овласти правното тело што го користат Јеховините сведоци во неговата земја, во случај на негова смрт, да ги наследи паричните средства кои се ставени на неговата банковна сметка. Претходно треба да се исполнат сите законски барања за средствата да бидат исплатени од страна на банката.

Хартии од вредност и обврзници: Хартии од вредност и обврзници можат да се дадат како безусловен подарок на правното тело што го користат Јеховините сведоци во одредена земја.

Недвижнини: На правното тело што го користат Јеховините сведоци во одредена земја може да му се подари недвижен имот. Давателот може да го даде како безусловен подарок или, пак, да го задржи на користење до крајот на животот. За таквиот имот треба да постојат уредни документи за подоцна да може да се продаде.

Тестаменти: Имот или пари можат да бидат оставени во наследство на правното тело што го користат Јеховините сведоци со законски заверен тестамент.

Оние што сакаат да приложат за меѓународното дело на некој од овие начини можат да се обратат до подружницата во својата земја за да ги добијат потребните информации. Таму можат да дознаат како би можеле да дадат прилози сега или, пак, да остават донации преку тестамент. Со овие начини на давање, мнозина помогнале да се извршуваат нашите религиозни и хуманитарни дејности низ целиот свет.

За повеќе информации, кликнете на линкот „Прилог за нашето меѓународно дело“, кој се наоѓа на дното од почетната страница на jw.org/mk, или стапете во контакт со подружницата која се грижи за вашата земја.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели