ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w16 Ноември стр. 19-20
  • „Работата е голема“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Работата е голема“
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
  • Сличен материјал
  • Покажи дека ја цениш дарежливоста на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Јехова богато го благословува спремниот дух
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Нивниот вишок ја покрил немаштијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Како може да се грижиме за потребите на другите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2013
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
w16 Ноември стр. 19-20
Цар Давид му ги покажува на еден човек градежните планови за храмот; еден брат разгледува планови за изградба

„Работата е голема“

ЦАР Давид ги собрал на еден важен состанок во Ерусалим сите свои кнезови, дворјани и храбри луѓе за да им даде едно посебно известување. Јехова му дал задача на неговиот син да изгради едно величествено здание. Тој храм ќе му бил посветен на вистинскиот Бог. Под вдахновение, царот го добил планот за изградба и му го дал на својот наследник Соломон. Давид рекол: „Работата е голема, зашто тој дворец не е за човек, туку за Јехова Бог“ (1. Лет. 28:1, 2, 6, 11, 12; 29:1).

Потоа Давид прашал: „Сака ли... некој денес доброволно да му приложи со својата рака дар на Јехова?“ (1. Лет. 29:5). Да си бил таму, како ќе си реагирал? Дали ќе си бил поттикнат да го поддржиш тој голем потфат? Израелците го сториле токму тоа. Библијата вели: „Народот се радуваше што приложуваа доброволно, зашто му приложуваа на Јехова доброволно со цело срце“ (1. Лет. 29:9).

Со векови подоцна, Јехова го поставил темелот на едно далеку повеличествено здание — големиот духовен храм, кој го претставува сето она што тој го подготвил за да ги помири луѓето со себе преку жртвата на Исус Христос и за да му служат на прифатлив начин (Евр. 9:11, 12). Како Јехова им помага на луѓето да се помират со него денес? Преку нашето проповедање и поучување (Мат. 28:19, 20). Секоја година, ние ја проучуваме Библијата со милиони луѓе, илјадници се крштаваат и се основаат стотици нови собранија.

Поради ваквиот пораст, има потреба да се печатат уште повеќе библиски публикации, и да се градат и одржуваат сали за состаноци и конгресни сали. Проповедањето на добрата вест навистина е извонредно дело кое ни носи големи благослови! (Мат. 24:14).

Љубовта кон Бог и кон ближниот, како и итноста со која треба да се врши проповедничкото дело, ги поттикнува Божјите слуги спремно да му приложат „со својата рака дар на Јехова“, односно да даваат доброволни прилози. Многу се радуваме кога му искажуваме „чест на Јехова со својот имот“ и кога гледаме како таквите прилози се користат верно и разборито за да се изврши најголемото дело во човечката историја! (Изр. 3:9).

Како некои даваат прилози за меѓународното дело

Мнозина денес редовно одвојуваат одредена сума пари и ја пуштаат во кутиите за прилози со натпис: „За меѓународното дело“ (1. Кор. 16:2). Секој месец, собранијата ги испраќаат овие прилози до подружницата на Јеховините сведоци која се грижи за нивната земја. Освен тоа, секој може да испрати доброволен паричен прилог и директно до правното тело што го користат Јеховините сведоци во неговата земја. За да го дознаете називот на ова правно тело, ве молиме контактирајте со подружницата која се грижи за вашата земја. Адресата на подружницата може да се најде на www.jw.org/mk. Директно можат да се испратат следниве видови прилози:

БЕЗУСЛОВНИ ПОДАРОЦИ

  • Во некои земји може да се даваат прилози преку системите за електронско банкарство или со дебитна и кредитна картичка. Во некои подружници е можно да се приложува и преку нашата интернет-страница или преку друга интернет-страница отворена за таа цел.

  • Може да се подарат пари, накит или, пак, други вредни работи. Таквите прилози треба да се испратат со едно кратко писмо во кое се наведува дека станува збор за безусловен подарок.

УСЛОВНИ ДОНАЦИИ

  • Може да се донираат пари со услов да му бидат вратени на давателот доколку му се потребни.

  • Таквите прилози треба да се испратат со едно кратко писмо во кое се наведува дека станува збор за условна донација.

ДРУГИ НАЧИНИ НА ДАВАЊЕ

Освен давање парични прилози и вреден личен имот, има и други начини на кои може да се приложи за меѓународното дело на Царството. Тие се наведени подолу. Сеедно како сакате да приложите, ве молиме најпрво контактирајте со подружницата која се грижи за вашата земја. Бидејќи законските барања и даночните закони се различни од една до друга земја, важно е да разговарате со даночен или правен советник пред да решите на кој начин ќе дадете донација.

Осигурување: Правното тело што го користат Јеховините сведоци може да биде именувано како корисник на средствата од полиса за животно или пензиско осигурување.

Банковни сметки: Давателот може да го овласти правното тело што го користат Јеховините сведоци во неговата земја, во случај на негова смрт, да ги наследи паричните средства кои се ставени на неговата банковна сметка. Претходно треба да се исполнат сите законски барања за средствата да бидат исплатени од страна на банката.

Хартии од вредност и обврзници: Хартии од вредност и обврзници можат да се дадат како безусловен подарок на правното тело што го користат Јеховините сведоци во одредена земја.

Недвижнини: На правното тело што го користат Јеховините сведоци во одредена земја може да му се подари недвижен имот. Давателот може да го даде како безусловен подарок или, пак, да го задржи на користење до крајот на животот. За таквиот имот треба да постојат уредни документи за подоцна да може да се продаде.

Тестаменти: Имот или пари можат да бидат оставени во наследство на правното тело што го користат Јеховините сведоци со законски заверен тестамент.

Оние што сакаат да приложат за меѓународното дело на некој од овие начини можат да се обратат до подружницата во својата земја за да ги добијат потребните информации. Таму можат да дознаат како би можеле да дадат прилози сега или, пак, да остават донации преку тестамент. Со овие начини на давање, мнозина помогнале да се извршуваат нашите религиозни и хуманитарни дејности низ целиот свет.

За повеќе информации, кликнете на линкот „Прилог за нашето меѓународно дело“, кој се наоѓа на дното од почетната страница на jw.org/mk, или стапете во контакт со подружницата која се грижи за вашата земја.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели