ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w18 Јули стр. 22-26
  • На Јехова му припаѓаме

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • На Јехова му припаѓаме
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • МУ СЕ ЗАВЕТУВАМЕ НА ЈЕХОВА
  • ГИ ОТФРЛАМЕ СВЕТОВНИТЕ ЖЕЛБИ
  • МЕЃУ НАС ВЛАДЕЕ СИЛНА ЉУБОВ
  • „ЈЕХОВА НЕМА ДА ГО ОСТАВИ СВОЈОТ НАРОД“
  • Зошто да му се заветуваш на Јехова?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Зошто треба да се крстиш?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Добредојдовте на најдобриот животен пат!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • „Благослов додека не биде доста“
    Живеј со Јеховиниот ден во мислите
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
w18 Јули стр. 22-26
Еден човек гледа во ѕвезденото небо

На Јехова му припаѓаме

Среќен е народот кому Јехова му е Бог, народот што тој си го избра за наследство (ПС. 33:12)

ПЕСНИ: 40, 50

КАКО БИ ОДГОВОРИЛ?

  • Што покажуваме кога му го заветуваме нашиот живот на Јехова и се крштаваме?

  • Зошто сакаме на сите да им биде јасно дека сме му оддадени на Јехова?

  • Зошто треба бидеме гостољубиви, дарежливи и љубезни кон браќата и сестрите и спремно да им простуваме?

1. Зошто со право може да се каже дека сѐ што постои му припаѓа на Јехова? (Види ја сликата на почетокот од статијата.)

СЀ ШТО постои му припаѓа на Јехова. Тој ги поседува „небото и небото над небесата, земјата и сѐ што е на неа“ (5. Мој. 10:14; Отк. 4:11). Јехова ги создал луѓето, и тие му припаѓаат нему (Пс. 100:3). Сепак, низ човечката историја, Бог издвојувал одредени групи луѓе да бидат негова сопственост во посебна смисла.

2. За кои групи луѓе Библијата вели дека му припаѓале на Јехова на посебен начин?

2 На пример, Псалм 135 ги опишува верните слуги на Јехова од древниот Израел како „најмила сопственост“ (Пс. 135:4). Исто така, Осија прорекол дека некои не-Евреи ќе станат дел од Јеховиниот народ (Оси. 2:23). Ова пророштво се исполнило кога Јехова почнал да избира и луѓе од другите народи да владеат на небото заедно со Христос (Дела 10:45; Рим. 9:23-26). Оние кои се помазани со свет дух се наречени „свет народ“. Тие се „Божја сопственост“ (1. Пет. 2:9, 10). Но што е со верните христијани денес кои имаат надеж дека ќе живеат вечно на Земјата? Јехова и нив ги нарекува „мојот народ“ и „моите избраници“ (Иса. 65:22).

3. а) Кој има посебен однос со Бог денес? б) Што ќе разгледаме во оваа статија?

3 Денес „малото стадо“, оние што имаат небесна надеж, и „другите овци“, оние што се надеваат дека ќе живеат вечно на Земјата, заедно му служат на Јехова како „едно стадо“ (Лука 12:32; Јован 10:16). Ние сакаме да му покажеме на Јехова колку сме благодарни што имаме еден посебен однос со него. Во оваа статија ќе зборуваме за тоа како може да покажеме ценење за оваа огромна чест што ни ја дал Бог.

МУ СЕ ЗАВЕТУВАМЕ НА ЈЕХОВА

4. Како можеме да му покажеме на Јехова дека сме му благодарни што ни овозможил да бидеме блиски со него, и како тоа е слично со она што го направил Исус?

4 Кога му го заветуваме нашиот живот на Јехова и се крштаваме, покажуваме благодарност кон него. Во таа прилика сите можат да видат дека ние му припаѓаме на Јехова и дека сакаме да му бидеме послушни (Евр. 12:9). Исус направил нешто слично кога се крстил — ветил дека ќе ја врши Јеховината волја, иако веќе бил дел од еден народ кој му бил заветуван на Јехова. Со тоа како да рекол: „Задоволство ми е да ја вршам твојата волја, Боже мој“ (Пс. 40:7, 8).

5, 6. а) Како се чувствувал Јехова кога Исус се крстил? б) Кој пример може да ни помогне да разбереме како се чувствува Јехова кога му го заветуваме нашиот живот?

5 Како се чувствувал Јехова кога Исус се крстил? Библијата вели: „Кога се крсти, Исус веднаш се крена од водата. И гледај, небесата се отворија, и Јован виде како Божјиот дух слегува како гулаб и доаѓа на Исус. И гледај, се чу глас од небото кој рече: ’Ова е мојот сакан Син, кој ми е по волја!‘“ (Мат. 3:16, 17). Иако Исус веќе му припаѓал на својот небесен Татко, Јехова бил многу радосен кога видел дека неговиот Син е спремен да ја врши неговата волја. Јехова се радува кога и ние му го заветуваме својот живот, и сигурно ќе нѐ благослови (Пс. 149:4).

6 Но, како би можеле да му дадеме нешто на Јехова кога веќе му припаѓа сѐ што постои? Замисли дека еден човек има градина со најразлични убави цвеќиња. Еден ден, неговата ќеркичка кине еден цвет од градината и му го подарува. Иако тој цвет веќе му припаѓа на таткото, тој е многу радосен што го добил овој подарок. Со тоа ќеркичката покажува колку го сака. На таткото овој цвет сигурно му значи многу повеќе од сите други цвеќиња во градината. На сличен начин, Јехова многу се радува кога ќе одлучиме да му го заветуваме нашиот живот (2. Мој. 34:14).

7. Како Малахија ни помага да разбереме што чувствува Јехова за оние што спремно му служат?

7 Прочитај Малахија 3:16. Зошто е важно да му го заветуваш животот на Јехова и да се крстиш? Уште од моментот кога си бил зачнат, ти му припаѓаш на твојот Творец, Јехова. Но замисли колку е среќен Јехова кога ти спремно го прифаќаш како свој владетел и му го заветуваш животот (Изр. 23:15). Јехова ги познава оние што спремно му служат и нивните имиња ги запишува во својата „книга на сеќавањето“.

8, 9. Што очекува Јехова од оние чии имиња се запишани во неговата „книга на сеќавањето“?

8 Ако сакаме нашите имиња да останат запишани во Јеховината „книга на сеќавањето“, треба да правиме нешто. Малахија рекол дека треба да имаме стравопочит кон Јехова и да размислуваме за неговото име. Ако му станеме неверни на Јехова, нашето име ќе биде избришано од симболичната книга на животот (2. Мој. 32:33; Отк. 3:5).

9 Значи, не е доволно само да му ветиме на Јехова дека ќе ја вршиме неговата волја и да се крстиме. Тоа го правиме само еднаш, но на Јехова му служиме постојано, цел живот. Секој ден, сѐ додека сме живи, со нашите постапки треба да покажеме дека сме му послушни на Бог (1. Пет. 4:1, 2).

ГИ ОТФРЛАМЕ СВЕТОВНИТЕ ЖЕЛБИ

10. Каква јасна разлика мора да има помеѓу оние што му служат на Јехова и оние што не му служат?

10 Во претходната статија видовме дека Каин, Соломон и Израелците тврделе дека му служат на Бог, но не му биле верни. Овие примери ни покажуваат дека не е доволно само да тврдиме дека му служиме на Јехова. Ние мора и да го мразиме злото, а да го сакаме доброто (Рим. 12:9). Јехова кажал дека ќе има јасна разлика „меѓу праведникот и злиот, меѓу оној што му служи на Бог и оној што не му служи“ (Мал. 3:18).

11. Зошто сакаме на сите да им биде јасно дека сме му оддадени на Јехова?

11 Има уште еден начин на кој покажуваме дека сме му благодарни на Јехова што нѐ избрал да бидеме негов народ — од нашиот начин на живот треба јасно да се гледа дека сме на Јеховина страна (Мат. 5:16; 1. Тим. 4:15). Прашај се: „Дали другите можат да видат дека сум му верен на Јехова во сѐ? Дали со гордост им кажувам на другите дека сум Јеховин сведок?“ Јехова те избрал да бидеш дел од неговиот народ. Можеш ли да замислиш колку лошо ќе се чувствува ако се срамиш да кажеш дека си негов слуга? (Пс. 119:46; прочитај Марко 8:38).

Еден брачен пар Јеховини сведоци со својот начин на облекување и однесување покажува дека не се разликува многу од светот

Дали од твојот начин на живот јасно се гледа дека си Јеховин сведок? (Види пасуси 12-13)

12, 13. Со кои работи некои Сведоци покажуваат дека не се многу поинакви од светот?

12 За жал, некои Сведоци дозволуваат врз нив да влијае „духот на светот“. Како резултат на тоа, не се многу поинакви од оние што не му служат на Јехова (1. Кор. 2:12). Овој свет ги поттикнува луѓето да ги задоволуваат своите себични желби (Еф. 2:3). На пример, и покрај сите совети што ги добиваме, некои Сведоци се облекуваат непристојно. Носат тесна или разголена облека, дури и на состаноците. Други имаат фризура што не му доликува на еден христијанин (1. Тим. 2:9, 10). Како последица на тоа, на другите може да им биде тешко да проценат дали се Јеховини сведоци или не (Јак. 4:4).

13 Има и други начини со кои некои Сведоци покажуваат дека не се многу поразлични од светот. На пример, кога се на забава, тие танцуваат или се однесуваат на начин што не доликува за еден христијанин. Други објавуваат слики од себе или ставаат коментари на социјалните мрежи со кои покажуваат дека размислуваат телесно. Можеби овие поединци сѐ уште не направиле некој тежок грев. Сепак, можат да имаат лошо влијание врз браќата и сестрите кои се трудат да бидат поинакви од овој свет. (Прочитај 1. Петрово 2:11, 12.)

Маж и жена влегуваат во салата за состаноци несоодветно облечени

Не дозволувај врз тебе да влијаат оние што не стојат цврсто на Јеховина страна

14. Што треба да правиме за да го зачуваме нашиот посебен однос со Јехова?

14 Сѐ што е во светот нѐ поттикнува да се преокупираме со „желбата на телото и желбата на очите и истакнувањето на својот имот“ (1. Јов. 2:16). Но, ние му припаѓаме на Јехова и затоа сме поинакви. Библијата нѐ поттикнува „да се откажеме од безбожноста и од световните желби и да живееме разборито, праведно и со оддаденост на Бог среде овој сегашен свет“ (Тит 2:12). Сѐ што правиме — нашиот говор, нашите навики на јадење и пиење, начинот на кој се облекуваме и дотеруваме, нашите работни навики — треба да им покаже на другите дека ние сме му целосно оддадени на Јехова. (Прочитај 1. Коринќаните 10:31, 32.)

МЕЃУ НАС ВЛАДЕЕ СИЛНА ЉУБОВ

15. Зошто треба да им покажуваме љубов на нашите соверници?

15 Кога внимаваме како се однесуваме со нашите браќа и сестри, покажуваме дека го цениме нашето пријателство со Јехова. И тие се негова сопственост. Ако го имаме ова на ум, ќе се трудиме секогаш да се однесуваме убаво со нив и да им покажуваме љубов (1. Сол. 5:15). Колку е важно ова? На своите ученици Исус им рекол: „По тоа сите ќе знаат дека сте мои ученици, ако се сакате еден со друг“ (Јован 13:35).

16. Кој пример од Мојсеевиот закон покажува како гледа Јехова на својот народ?

16 Еден пример од Мојсеевиот закон може да ни помогне да сфатиме како треба да се однесуваме кон нашите соверници. Во Јеховиниот храм имало предмети кои биле свети и се користеле исклучиво во службата за Бог. Во Законот било јасно објаснето како левитите требало да ги користат овие предмети. Оние што немало да се држат за овие упатства требало да бидат погубени (4. Мој. 1:50, 51). Ако на Јехова му било важно како луѓето ги користеле тие предмети, колку повеќе му е важно како се однесуваме кон оние што му го заветувале животот и верно му служат! Тој ни покажал колку сме скапоцени во негови очи со следниве зборови: „Кој ве допира вас, ја допира зеницата на моето око“ (Зах. 2:8).

17. На што обрнува внимание Јехова?

17 Малахија рекол дека Јехова внимава како луѓето зборуваат и се однесуваат еден со друг (Мал. 3:16). Јехова навистина „ги познава оние што се негови“ (2. Тим. 2:19). Тој многу добро знае што правиме и за што зборуваме (Евр. 4:13). Кога постапуваме лошо со нашите соверници, Јехова го гледа тоа. Но можеме да бидеме сигурни дека Јехова гледа и кога сме гостољубиви, дарежливи, љубезни и спремни да простиме (Евр. 13:16; 1. Пет. 4:8, 9).

„ЈЕХОВА НЕМА ДА ГО ОСТАВИ СВОЈОТ НАРОД“

18. Како можеме да му покажеме благодарност на Јехова за тоа што нѐ избрал да бидеме дел од неговиот народ?

18 Сигурно сакаме да му покажеме на Јехова колку сме му благодарни што сме дел од неговиот народ. Ние сме апсолутно свесни дека, кога сме му се заветувале на Јехова, сме ја донеле најдобрата одлука во животот. Иако живееме „среде еден расипан и изопачен род“, можеме да бидеме „беспрекорни и недолжни“ и да светиме како светлоносци во светот (Фил. 2:15). Затоа, да бидеме решени да бегаме од она што Јехова го мрази (Јак. 4:7). Исто така, да им покажуваме почит и љубов на нашите браќа и сестри бидејќи и тие се Божја сопственост (Рим. 12:10).

19. Како Јехова ги наградува оние што му припаѓаат нему?

19 Библијата ветува: „Јехова нема да го остави својот народ“ (Пс. 94:14). Ова е гаранција од Бог. Што и да се случи, Јехова ќе биде со нас. Дури и да умреме, тој нема да нѐ заборави (Рим. 8:38, 39). „Ако живееме, живееме за Јехова, и ако умираме, умираме за Јехова. Според тоа, било да живееме било да умираме, на Јехова му припаѓаме“ (Рим. 14:8). Едвај чекаме да дојде времето кога Јехова ќе ги воскресне своите верни слуги кои починале! (Мат. 22:32). Но, дури и денес добиваме многу благослови од нашиот Татко. Како што вели Божјата Реч: „Среќен е народот кому Јехова му е Бог, народот што тој си го избра за наследство“ (Пс. 33:12).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели