ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp19 Бр. 1 стр. 15
  • Како ќе ти користи тоа што ќе го запознаеш Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како ќе ти користи тоа што ќе го запознаеш Бог?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Сличен материјал
  • Бог е најдобриот пријател што воопшто би можел да го имаш
    Ти можеш да бидеш Божји пријател!
  • Не постои подобар начин на живот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • За нас е добро да стануваме сѐ поблиски со Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Божјите слуги — организиран и среќен народ
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
wp19 Бр. 1 стр. 15
Луѓе уживаат во животот во рајот

Како ќе ти користи тоа што ќе го запознаеш Бог?

Во претходните статии дознавме некои работи кои ни помагаат да дојдеме до одговорот на прашањето: „Кој е Бог?“ Од Библијата видовме дека Божјето име е Јехова и дека негова најистакната особина е љубовта. Исто така, видовме што веќе направил и што ќе направи во иднина за луѓето. Но, тоа не е сѐ. Можеш уште многу да учиш за Бог. Сепак, можеби се прашуваш како ќе ти користи тоа што ќе дознаеш и други работи за него.

Јехова ветува дека, „ако го бараш, ќе ти дозволи да го најдеш“ (1. Летописи 28:9). Ако вложиш труд да го запознаеш Бог, ќе стекнеш нешто многу скапоцено — блиско пријателство со него! (Псалм 25:14). Што може да значи тоа пријателство за тебе?

Ќе бидеш вистински среќен. Јехова е опишан како „среќниот Бог“ (1. Тимотеј 1:11). Тоа што ќе станеш близок со него и ќе постапуваш како него ќе ти помогне да бидеш вистински среќен, а тоа може да ти користи во емоционален, психички и физички поглед (Псалм 33:12). Ќе можеш да имаш среќен живот бидејќи ќе се чуваш од штетни навики, ќе стекнеш здрави навики и ќе имаш добри односи со другите. И ти ќе се чувствуваш како псалмистот, кој рекол: „Мене ми е добро да бидам близу до Бог“ (Псалм 73:28).

Јехова ќе се грижи за тебе. Јехова му ветил на секој свој слуга: „Ќе те советувам, моето око ќе биде над тебе“ (Псалм 32:8). Тоа значи дека Јехова се грижи за секој свој слуга поединечно и дека секому му го дава токму она што му е потребно (Псалм 139:1, 2). Кога ќе се зближиш со него, ќе сфатиш дека тој секогаш е тука за тебе.

Ќе имаш прекрасна иднина. Освен што може да ти помогне да водиш среќен и исполнет живот денес, Јехова Бог ти дава можност да имаш прекрасна иднина (Исаија 48:17, 18). Во Библијата пишува: „За да добијат вечен живот, треба добро да те запознаат тебе, единствениот вистински Бог, и оној кого го испрати, Исус Христос“ (Јован 17:3). Во овие тешки времиња, надежта што ни ја дава Бог може да биде за нас како „сигурна и цврста котва“ (Евреите 6:19).

Постојат и многу други причини зошто е важно подобро да го запознаеш Бог и да стекнеш близок однос со него. За да дознаеш нешто повеќе, можеш да стапиш во контакт со некој од Јеховините сведоци или да одиш на www.jw.org.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели