ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • wp19 Бр. 2 стр. 12-13
  • Ако си изгубил секаква желба за живот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ако си изгубил секаква желба за живот
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • КАДЕ ДА СЕ НАЈДЕ ПОМОШ
  • ИМА ЛИ ТРАЈНО РЕШЕНИЕ?
  • Зошто треба сите да го фалиме Бог?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Депресија — битка со чувствата
    Разбудете се! 2009
  • Помош од ‚Богот на утехата‘
    Разбудете се! 2009
  • Депресија кај тинејџерите — што може да помогне?
    Разбудете се! 2017
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
wp19 Бр. 2 стр. 12-13
Жена седи на маса со отворена Библија пред неа и гледа во далечината

Ако си изгубил секаква желба за живот

„Чувствував како незапирливо тонам во очај и безнадежност“, вели Адријана од Бразил. „Затоа си реков дека е најдобро да ставам крај на сѐ.“

ДАЛИ некогаш ти било толку тешко што си изгубил секаква желба за живот и си посакал да те нема? Ако да, тогаш можеш да разбереш како се чувствувала Адријана. Таа доживувала напади на силен страв и вознемиреност, а ја преплавувале и чувства на тага и безизлезност. Лекарите утврдиле дека има клиничка депресија.

Размисли и за Каору од Јапонија, кој се грижел за своите болежливи и остарени родители. „Во тоа време бев под огромен притисок на работа“, објаснува тој. „Постепено го изгубив апетитот и страдав од несоница. На крајот почнав да мислам дека смртта е единствен излез од мојата ситуација.“

Виктор од Нигерија вели: „Секогаш бев тажен и можев да заплачам во секој момент. Затоа почнав да размислувам како да му ставам крај на мојот живот“. За среќа, Виктор, Каору и Адријана не си го одзеле животот. Сепак, секоја година стотици илјади луѓе го прават тоа.

КАДЕ ДА СЕ НАЈДЕ ПОМОШ

Повеќето од оние што извршуваат самоубиство се мажи. Мнозина од нив се срамеле да побараат помош. Но, Исус рекол дека на болните им треба лекар (Лука 5:31). Затоа, ако и ти размислуваш за самоубиство, немој да се срамиш да побараш помош. Многу луѓе што страдаат од депресија увиделе дека лекувањето им помага да се справат со негативните чувства. Виктор, Каору и Адријана добиле стручна помош, и сега им е многу подобро.

Како третман за депресија, лекарите можат да препишат лекарства или психотерапија или, пак, комбинација од двете. За оние што имаат депресија многу е важна поддршката од семејството и од пријателите кои ќе покажуваат стрпливост и разбирање за нив. Но, најдобриот пријател што некој може да го има е Јехова Бог, кој дава многу убави совети во својата Реч, Библијата.

ИМА ЛИ ТРАЈНО РЕШЕНИЕ?

На оние што страдаат од депресија честопати им е потребно подолготрајно лекување. Освен тоа, мора да научат да се справуваат со своите чувства така што ќе направат промени во начинот на живот. Ако се бориш со депресија, размислувај и за светлата иднина што ни претстои. Тоа го прави и Виктор, кој вели: „Со душа чекам да се исполни Исаија 33:24, каде што е претскажано времето кога никој на Земјата нема да рече ’болен сум‘“. Исто како Виктор, и ти можеш да црпиш утеха од Божјето ветување за една „нова земја“ во која нема да има никаква болка (Откровение 21:1, 4). Тоа значи дека ќе нема ни душевна ни емоционална болка. Болката со која живееш сега ќе исчезне засекогаш. Никогаш повеќе нема да ти „доаѓа во сеќавање, ниту ќе [ти] се јавува во срцето“ (Исаија 65:17).

Библиски стихови што можат да ти помогнат

Бог разбира како се чувствуваш.

„Јас, Јехова, твојот Бог, те држам за десницата и ти велам: ’Не плаши се! Јас ќе ти помогнам‘“ (Исаија 41:13).

Јехова ги разбира нашите чувства подобро од кој и да е друг, и сака да ни помогне.

Длабоко размислувај за Божјата Реч.

„[Илија] почна да се моли да умре: ’Јехова, земи ја сега мојата душа‘“ (1. Царевите 19:4).

„Многу ми помогна тоа што размислував за Божјата Реч“, вели Виктор. „Сфатив дека и пророкот Илија во една прилика се чувствувал исто како мене.“

Учи од примерот на оние што се спомнати во Библијата.

„Јас [Исус] сесрдно се молев за тебе [Петар], твојата вера да не ослаби“ (Лука 22:32).

Откако трипати се одрекол од Исус, апостол Петар се чувствувал скршено и горко заплакал. Каору вели: „Она што му се случило на Петар ми помогна да сфатам дека на Јехова и на Исус им биле важни неговите чувства. Тоа многу ме охрабри“.

Болката никогаш повеќе нема да ти „доаѓа во сеќавање, ниту ќе [ти] се јавува во срцето“ (Исаија 65:17)

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели