Проповедај за Божјиот пат до мир и безбедност
1 Луѓето дале многу предлози за мир и безбедност, но ниту еден од предлозите не ги задоволил вистинските потреби на луѓето ширум светот. Иако изгледа дека религиозните, расните и националните омрази, заедно со политичките амбиции и алчност, се главни барикади до безбеден и мирољубив свет, вистинските христијани знаат дека вистинските пречки се Сатана Ѓаволот и човековото одбивање да се подложи на Јехова Бог (Пс. 126:1; Ерем. 8:9; 1. Јов. 5:19).
2 Во текот на јануари ќе настојуваме да им помогнеме на нашите соседи да согледаат дека Божјиот пат до мир и безбедност е единствениот пат и дека Јехова го има конечното решение за сите проблеми на човештвото.
3 Употребувај ги новите трактати: Оваа изградувачка порака ќе можеме да ја споделуваме користејќи ги новите трактати кои беа најавени на нашиот Обласен конгрес „Светлоносци“. Еден едноставен приказ покажа како да се користи трактатот бр. 19, Ќе преживее ли овој свет?, за да се започне разговор и да се воведе библиска студија. Упадливото исполнување на Исусовото пророштво за крајот на овој свет ќе го привлече вниманието на многумина.
4 Денес, милиони луѓе се потиштени, па копнеат да дојде време на излечување и вистински мир, безбедност и спокојство. Утеха за потиштените (трактат бр. 20) може да биде вистински извор на охрабрување за многумина.
5 Трактатот бр. 21, Радувај се на семејниот живот, пружа практични совети за тоа што може да се стори за да се подобри семејниот живот уште сега додека очекуваме прекрасна иднина во Божјиот нов свет.
6 Трактатот бр. 22 дава отворен одговор на прашањето Кој навистина владее со светот? Тој објаснува зошто луѓето ги употребувале најодвратните методи за да се мачат и колат меѓусебно наспроти желбата на повеќето луѓе за мирољубив и безбеден живот. Постојат зли духовни сили на небесните места, а највештата Сатанова измама се состои во тоа што наведува многумина да веруваат дека тој и неговите демони всушност не постојат.
7 Започнувај библиски студии: Библиска студија може да се започне со трактат, брошура, списание или книга. Ако си дознал дека станарот веќе има некоја од нашите публикации, тактично понуди му да му покажеш како може да се употреби за библиска студија. Новите трактати се извонредни помошни средства кои можеме да ги употребиме за да одредиме колку станарот е заинтересиран и за да започнеме библиски студии. Освен тоа, било која книга што ја објавила Заедницата во 1983 или порано може да се понуди во службата на подрачјето во текот на јануари. Ако твоето собрание ги има на залиха книгите Семеен живот, „Да дојде Царството“, Вистина или Младост, планирај добро да ги употребиш во службата.
8 Вистинска безбедност може да дојде само од Творецот, Јехова Бог. Ние сакаме да им помогнеме на што е можно повеќемина да ги отворат своите срца и умови за вистината од Божјата Реч и да ја прифатат надежта што таа ни ја нуди. Нека добро ги употребиме средствата за поучување што ги имаме за да проповедаме за Божјиот пат до мир и безбедност (Иса. 2:3, 4).