Користи трактати за да започнуваш разговори
1 Зарем нема да се согласиш дека давањето делотворно сведоштво во голема мерка зависи од тоа дали преземаш иницијатива да започнуваш разговори? Предизвик е да кажеш нешто што ќе го плени интересот на лицето и ќе го вклучи во разговор. Но, како може ова да се прави делотворно?
2 Многу објавители откриле дека со добро избрани зборови, при нудењето на еден од нашите библиски трактати може да се започне разговор. Насловите се привлечни, а илустрациите се живописни и привлечни за окото. Еден трактат не го преоптоварува лицето, оставајќи впечаток дека треба да се прочитаат многу информации. Сепак, кратките пораки во трактатите се интересни и можат да се користат за да водат до библиска студија.
3 Така мислела и една жена Сведок: „Во овој раздвижен свет, луѓето честопати не сакаат да одвојат многу време за да читаат, но трактатите се доволно долги за да пренесат важна порака, а сепак не се толку долги за да ги одвратат луѓето пред да ги разгледаат. Јас прочитав многу трактати и на крајот ја дознав вистината“. Никогаш не ја потценувај моќта на Божјата реч која е објаснета во овие кратки, отпечатени пораки (Евр. 4:12).
4 Четири лесни чекори: Многумина имале успех користејќи едноставен пристап. 1) Покажи му на лицето неколку трактати и прашај го кој од нив го интересира. 2) Откако лицето ќе избере еден, постави едно добро подготвено прашање кое нагласува некоја главна мисла од трактатот. 3) Како одговор на тоа прашање, прочитај некој соодветен пасус или библиски стих од трактатот. 4) Ако добиеш поволен одговор, продолжи да дискутираш за содржината на трактатот или, пак, осврни се на некоја лекција од брошурата Бара или на некое поглавје од книгата Спознание кое дава натамошни коментари. На овој начин можеби директно ќе воведеш библиска студија. Следниве предлози ќе ти помогнат да се подготвиш што да речеш кога ќе користиш четири различни трактати.
5 Насловот на трактатот „Кој навистина владее со светот?“ може да се постави како прашање.
◼ Ако лицето со кое разговараш одговори „Бог“ или „Не знам“, прочитај ги двете уводни реченици на страница 2 и првиот пасус на страница 3. Нагласи го 1. Јованово 5:19 и Откровение 12:9. Сеедно дали лицето се сомнева дека постои Сатана Ѓаволот или, пак, признава дека тој има влијание врз светот, за да го продолжиш разговорот можеш да следиш еден правец на расудување кој се наоѓа под поднасловот „Се насетува од светските прилики“. Ако е покажан интерес, понуди да објасниш како настанал Ѓаволот, користејќи ги мислите од трактатот изнесени на страници 3 и 4.
6 Трактатот „Дали постои надеж за нашите мртви?“ може веднаш да подбуди интерес. Би можел да започнеш разговор со прашањето:
◼ „Дали мислите дека некогаш повторно ќе ги видиме нашите сакани кои умреле?“ Откако лицето ќе одговори, укажи на вториот пасус на страница 4 од трактатот и прочитај Јован 5:28, 29. Потоа објасни дека е корисно да се сфатат информациите од првиот поднаслов на трактатот. Понуди заедно да дискутирате за тоа.
7 Трактатот „Радувај се на семејниот живот“ е привлечен за сите семејства. Кога ќе го користиш, би можел да речеш:
◼ „Веројатно ќе се согласите дека денес семејството е изложено на напад. Што мислите, што може да се направи за да се зајакнат семејните врски?“ Откако лицето ќе одговори, насочи го неговото внимание на мислите во првиот пасус на страница 6. Избери еден од стиховите што се цитирани на страници 4 и 5 од трактатот и објасни го неговото значење. Потоа понуди бесплатна домашна библиска студија.
8 Трактатот „Зошто можеш да имаш доверба во Библијата“ би можел да се користи со оваа презентација:
◼ „Повеќето луѓе ја слушнале приказната за Каин и Авел, што се наоѓа во првата книга на Библијата. Извештајот од 1. Мојсеева ја спомнува и Каиновата жена. Дали некогаш сте се прашале од каде дошла таа?“ За да одговориш, употреби го последниот пасус на страница 2 од трактатот. Објасни дека трактатот дискутира и за важните коментари во Библијата во врска со тоа што ни носи иднината. Почнувајќи од четвртиот пасус на страница 5, продолжи со дискусијата, користејќи ги придружните стихови.
9 Дистрибуирањето библиски трактати е проверен, делотворен начин за презентирање на добрата вест. Бидејќи се лесни за носење каде и да одиш, можеш делотворно да ги користиш во твојата активност од врата до врата и кога сведочиш неформално. Трактатите играат важна улога во извршувањето на нашата служба. Погрижи се да носиш различни трактати и слободно да ги користиш за да започнуваш разговори (Кол. 4:17).