Поврзи ги трактатите со другата литература
1 Од сите списанија што се објавуваат денес, само Стражарска кула и Разбудете се! можат да им помогнат на искрените читатели да го најдат патот до вечен живот. Додека разговараш со луѓето во текот на април и мај, некои ќе покажат очигледен интерес за пораката на Царството, а ти ќе можеш да им го насочиш вниманието на најновите списанија или на една од брошурите на Заедницата, што се печатени во боја. Некои може на почетокот ќе покажат мал интерес. Во таков случај, прво можеш да дискутираш за една или две мисли од некој трактат; потоа, ако станарот покажува натамошен интерес, поврзи го трактатот со списанието или брошурата што ја нудиш.
2 Можеш да речеш:
■ „Повеќето луѓе ќе се согласат дека во денешниов свет има повеќе проблеми отколку решенија. Дали сте знаеле дека многу од нашите најсериозни проблеми се проречени во Библијата?“ Потоа можеш да свртиш на страници 4 и 5 во трактатот Ќе преживее ли овој свет? и да продискутираш за некои од проблемите.
3 Ако ја нудиш Стражарска кула од 1. април, а станарот се интересира за она што го читаш од трактатот, можеш да укажеш на статијата со наслов „Следи го Светлото на светот“ и да објасниш како Исус Христос на крајот ќе ги реши сите проблеми на човекот. Потоа предложи да дојдеш повторно во некое згодно време и да продолжите да дискутирате на таа тема.
4 Ако е истакнато „Разбудете се!“ од 8. април, можеш да го користиш уводот што е изнесен во пасус 2 од оваа статија и да додадеш:
◼ „Многумина се сомневаат во способноста на религијата и политиката да ги решат нашите проблеми, но се прашуваат дали светот го има одговорот.“ Потоа прочитај прикладна мисла од статијата „Нашиот свет се менува — Каде оди?“ Доста е веројатно оваа статија да ги интересира многу млади луѓе, особено студенти.
5 Кога ја нудиш брошурата „Гледај!“ можеш да користиш поинаков пристап:
◼ „Многу луѓе се прашуваат што ќе се случи со нас кога ќе умреме. Некои велат дека ќе одиме или на небото или во пеколот; други не се сигурни. Библискиот одговор и изненадува и утешува.“ Тогаш можеш да воведеш и да дискутираш за некои делови од трактатот Дали постои надеж за нашите мртви? Потоа можеш да се осврнеш на страници 16 и 17 од брошурата ако станарот се интересира за трактатот.
6 Додека сведочиш, употреби го трактатот Живот во мирољубивиот нов свет. Можеш на станарот да му ги поставиш двете прашања од првиот пасус во трактатот. Откако ќе одговори, насочи го вниманието на вториот пасус на страница 3. Тој укажува на Месијата и на Божјето Царство како средство преку кое ќе дојде мирољубивиот нов свет. Ако станарот покажува натамошен интерес, употреби ја Стражарска кула од 1. април на начин кој е предложен во 3. пасус од оваа статија.
7 Ако си нов објавител, без сомнение цениш едноставни пристапи. Зошто да не се снабдиш со трактатот Ќе преживее ли овој свет? и да ги следиш предлозите изнесени погоре, во пасус 2?
8 Имаме чест да ја носиме пораката на спасение во домовите на луѓето. Во нашата потрага по ‚достојни‘, добро да ги употребиме трактатите и да ги поврземе со литературата кога ќе наидеме на интерес (Мат. 10:13).