Едноставни и делотворни повторни посети
1 Дали редовно правиш повторни посети или воглавно сметаш дека е тешко бидејќи не знаеш што да кажеш? Нема потреба да се чувствува страв. За да бидеме успешни ќе ни помогнат три работи: 1) добра подготовка; 2) способност да се дискутира за една или две мисли на неколку едноставни библиски теми; и 3) спремност да се сослуша гледиштето на станарот.
2 Кога ќе се подготвуваш за повторната посета, размисли кои теми би биле прикладни да ги продискутираш со станарот. Дали е студент? Многу студенти овој месец имаат распуст, па ќе имаат време да разговараат на библиски теми. Веројатно ќе најдеш некои што се отворени за пораката на Царството. Дали си поставил прашање на крајот на претходната посета, или станарот покажал интерес за некоја посебна тема? Прегладај ги забелешките и употреби ја книгата Расудување за да ги пронајдеш информациите што ти се потребни за да направиш делотворна повторна посета. Кога ќе одиш на посетата биди срдечен и пријателски расположен. Поздрави го станарот по име.
3 Ако си му оставил на станарот Стражарска кула или Разбудете се!, твојата повторна посета може да се темели на една или две едноставни мисли што си ги избрал од списанието. Ако на првата посета си оставил трактат, можеш или да коментираш за самиот трактат или како следно можеш да се осврнеш на соодветна мисла од некое списание или брошура.
4 Ако си го оставил „Живот во мирољубивиот нов свет“, едноставно речи:
■ „Кога последен пат ве посетив зборувавме за Божјето ветување за мирољубив нов свет. Како што дискутиравме, подобри услови ќе настапат преку Божјето Царство. Што мислите, што се бара од нас за да бидеме дел од тој мирољубив нов свет?“ Дозволи му на станарот да коментира, а потоа покажи му ги мислите од Псалм 36:9, 11, 29.
5 Ако си оставил „Дали постои надеж за нашите мртви?“, овие кратки забелешки можат да ја започнат дискусијата:
■ „На крајот од нашиот претходен разговор ви оставив трактат со наслов Дали постои надеж за нашите мртви? Третиот пасус поставува некои интересни прашања: ‚Зошто луѓето умираат? Каде се мртвите? Од каде знаеме дека тие повторно ќе живеат?‘ Следниов поднаслов: ‚Смрт, и што се случува кога ќе умреме‘, одговара на секое од овие прашања. Случајно кај себе имам уште еден примерок од тој трактат. Забележете што вели четвртиот пасус.“ Потоа, додека станарот следи во трактатот, прочитај го пасусот, вклучувајќи два стиха, и прашај го за неговото становиште. Внимателно слушај што има да каже и постапувај според тоа.
6 Во текот на дискусијата, станарот може да изрази извесен број на гледишта кои не се исправни. Не е неопходно да се прави спорно прашање од сѐ што ќе каже. Наместо тоа, остани на темата што се дискутира. Било која небиблиска идеја ќе може да се исправи на следните повторни посети.
7 Неодложно планирај да го следиш секој интерес така што ќе правиш едноставни и делотворни повторни посети во текот на април.