ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/10 стр. 1
  • Користи го во секоја прилика

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Користи го во секоја прилика
  • Нашата служба за Царството 2010
  • Сличен материјал
  • Имаме нова алатка за започнување студии!
    Нашата служба за Царството 2001
  • Предлози
    Нашата служба за Царството 2014
  • Користи го новиот трактат за интернет-страницата
    Нашата служба за Царството 2014
  • Посебна акција со трактат — од 20 октомври до 16 ноември!
    Нашата служба за Царството 2008
Повеќе
Нашата служба за Царството 2010
km 12/10 стр. 1

Користи го во секоја прилика

1. За што може да ни послужи трактатот Сакаш ли да ја дознаеш вистината?

1 Трактатот Сакаш ли да ја дознаеш вистината? првенствено е наменет за започнување библиски студии. Но, може исто толку добро да ни послужи и за сеење на семето на вистината (Проп. 11:6). Да разгледаме неколку предлози како да го користиме трактатот на делотворен начин.

2. Како би можеле да започнеме разговор со помош на трактатот?

2 За да започнеш разговор: Би можел прво да му го дадеш трактатот на станарот, а потоа да укажеш на шесте прашања на првата страница и да го прашаш: „Дали и Вие сте си поставиле некое од овие прашања?“ Откако ќе дознаеш кое од нив го интересира, разгледајте го заедно библискиот одговор даден во трактатот и прочитајте еден од наведените стихови. На крајот, прочитај ја или во кратки црти изложи ја содржината на последната страница од трактатот и понуди му ја книгата Што учи Библијата. Дури и да не ја земе книгата, веќе го има трактатот, а тоа може да биде доволно за вистината да фати корен во неговото срце (Мат. 13:23).

3. Што би можел да сториш ако станарот е зафатен?

3 Ако станарот е зафатен: Би можел да речеш: „Гледам дека немате многу време, па затоа би сакал да Ви го оставам овој трактат. Во него се наведени шест прашања кои речиси секој од нас си ги поставува. На секое прашање е даден директен одговор на темел на Библијата. Следниот пат кога ќе наминам, би сакал да чујам што мислите за содржината“.

4. Што би можеле да кажеме кога сведочиме со трактатот на улица?

4 Кога сведочиш на улица: Би можел да речеш: „Здраво. Дали некогаш сте си поставиле некое од овие прашања? [Дозволи одговор.] Тука ќе ги прочитате јасните и задоволителни одговори што ги дава Библијата“. Ако лицето не се брза, можеби ќе можеш заедно со него да разгледаш еден одговор од трактатот, па дури и да му ја понудиш книгата Што учи Библијата.

5. Како би можеле понекогаш да го користиме трактатот кога нема никој дома?

5 Кога нема никој дома: На некои подрачја, кога нема никој дома, објавителите често оставаат литература на неупадливо место. Ако твоето собрание обично го прави тоа, би можел и ти понекогаш на таков начин да го користиш трактатот Сакаш ли да ја дознаеш вистината? Кога ќе дојдеш повторно на истата врата, би можел да речеш: „Последниот пат кога бевме кај Вас, Вие не бевте дома, па затоа Ви го оставивме овој трактат. На кое од овие прашања би сакале да добиете одговор?“

6. Зошто може да се рече дека трактатот Сакаш ли да ја дознаеш вистината? е многу корисен за службата на проповедање?

6 Во овој трактат, вистината е изнесена на едноставен и директен начин. Прашањата се интересни за луѓе од сите религии и култури. Трактатот може лесно да се понуди, а тоа им успева дури и на младите и новите објавители. Дали го користиш во секоја соодветна прилика?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели