Предлози
Каде има одговор на најважните прашања?
Дај му го трактатот на станарот за да може да го види насловот, и кажи: „Добар ден. Учествуваме во една акција што се извршува низ целиот свет и им пренесуваме на луѓето една важна порака. Ова е за Вас.“
Ако оставаш трактат каде што нема никој дома, стави го на неупадливо место и не превиткувај го непотребно.
Ако станарот покаже интерес или е спремен за разговор, би можел да му го покажеш прашањето со неколку можни одговори кое се наоѓа на првата страница од трактатот. Потоа прашај го како би одговорил тој. Отвори го трактатот и прочитај му ги цитираните стихови од Псалм 119:144, 160. Објасни му дека во овој трактат има информации за една интернет-страница која може да му помогне да ги пронајде одговорите на своите прашања во Библијата. Би можел да му го пуштиш видеоклипот Зошто да ја проучуваш Библијата? Пред да си заминеш, покажи му ги трите прашања кои се наоѓаат на последната страница и прашај го кое од нив најмногу го интересира. Прашај го дали би сакал повторно да навратиш за да му покажеш како може да го најде библискиот одговор на jw.org. На повторната посета, побарајте го одговорот под БИБЛИСКИ УЧЕЊА > ОДГОВОР НА БИБЛИСКИ ПРАШАЊА.
Стражарска кула 1 август
За време на викендите, кога е соодветно, би можел да го кажеш следново за да ја понудиш Стражарската кула: „Би сакале да Ви ги понудиме и најновите списанија. Овој број на Стражарска кула го дава одговорот на прашањето ‚Дали си му важен на Бог?‘“
Разбудете се! август
За време на викендите, кога е соодветно, би можел да го кажеш следново за да го понудиш Разбудете се!: „Би сакале да Ви ги понудиме и најновите списанија. Овој број на Разбудете се! го дава одговорот на прашањето ‚Како да живееме во мир и слога?‘“