Предлози
Стражарска кула 1 април
„Овој трактат им го даваме на сите луѓе во вашето место. [Дај му го на станарот трактатот Што мислиш за Библијата? и постави му ги прашањата наведени во почетокот. Откако ќе одговори, прочитај 2. Тимотеј 3:16, и поттикни го да го прочита трактатот кога ќе има време. Потоа, покажи му ги уводните прашања од првата статија во Стражарска кула.] Многу луѓе не знаат дека Библијата дава логичен одговор на овие прашања. Ова списание објаснува како да ги најдете одговорите во Библијата.“
Разбудете се! Април
„Многу луѓе се загрижени поради тоа што се случува во семејствата денес. Порано децата ги слушаа родителите, но денес изгледа дека родителите ги слушаат децата. Што мислите, дали родителите ги воспитуваат своите деца на исправен начин? [Почекај да одговори.] Библијата вели дека понекогаш е потребно родителите да бидат построги со своите деца. [Прочитај Изреки 29:17.] Во ова списание се наведени библиски совети кои можат да им помогнат на родителите да ги воспитуваат децата на урамнотежен начин.“