Предлози
Стражарска кула 1 февруари
„Денес на сите луѓе им го даваме овој трактат. Во него е објаснето зошто Библијата е практична. Ова е за Вас. [Дај му го на станарот трактатот Што мислиш за Библијата?] Некои се прашуваат дали во Библијата може да најдат совети што ќе им помогнат на работното место. Видете што вели овој стих во врска со работата. [Прочитај Проповедник 3:13.] Во ова списание има совети од Библијата што ќе ни помогнат да уживаме во работата. Би сакале ли да го прочитате?“
Разбудете се! Февруари
„Во ова списание е разгледано едно интересно прашање. [Покажи ја насловната страница.] Што мислите за овие зборови од Библијата? [Прочитај Изреки 29:11.] Мислите ли дека ова библиско начело може да ни користи денес? [Почекај да одговори.] Во ова списание се разгледани четири библиски начела и е објаснето каква корист ќе имаме ако ги применуваме.“