Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 1 февруари
„Што мислите, дали Бог ги слуша сите молитви? [Почекај да одговори.] Видете што рекол Исус за тоа. [Прочитај Матеј 6:7.] Во оваа интересна статија ќе го најдете библискиот одговор на четири прашања за молитвата што луѓето најчесто ги поставуваат.“ Покажи ја статијата што почнува на 16. страница.
Разбудете се! Февруари
„Многумина мислат дека на секој човек му е предодредена судбината. Што мислите вие за тоа? [Почекај да одговори.] Според овој библиски стих ние имаме избор. [Прочитај 5. Мојсеева 30:19.] Во оваа статија ќе прочитате што вели Библијата за предодреденоста.“ Покажи ја статијата на 12. страница.
Стражарска кула 1 март
„Што мислите, дали сѐ што ни се случува во животот е однапред одредено? [Почекај да одговори.] Видете што вели Библијата. [Прочитај Проповедник 9:11.] Ова списание објаснува дека, иако Бог одредил убава иднина за нашата планета, тој остава на секого од нас да избере како ќе живее.“
Разбудете се! Март
„Многу луѓе денес мислат само на пари, особено затоа што живееме во тешки економски услови. Дали се согласувате со тоа? [Почекај да одговори.] Видете каков добар совет е даден тука. [Прочитај 1. Тимотеј 6:8, 10.] Во ова списание се изнесени некои библиски начела што ќе ни помогнат добро да ракуваме со парите за да имаме душевен мир.“