Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 1 јануари
„Што мислите, дали Бог е загрижен поради уништувањето на животната средина? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Откровение 11:18.] Во оваа статија се изнесени некои библиски причини зошто можеме да очекуваме убава иднина за нашата планета.“ Покажи ја статијата што почнува на 18. страница.
Разбудете се! Јануари
„Кога ќе ги снајде некаков проблем, многу луѓе мислат дека тоа им е казна од Бог. Дали и вие некогаш сте го помислиле тоа? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Јаков 1:13.] Оваа статија објаснува која е вистинската причина за нашите проблеми и зошто можеме да бидеме уверени дека наскоро ќе им дојде крајот на нашите неволји.“ Покажи ја статијата на 28. страница.
Стражарска кула 1 февруари
„Што мислите, дали Бог ги прифаќа сите религии? [Почекај да одговори.] Исус кажал нешто интересно во врска со тоа. [Прочитај Матеј 15:8, 9.] Во оваа статија ќе го добиете одговорот на прашањето: ‚Дали Бог ја прифаќа секоја религија?‘“ Покажи ја статијата на 9. страница.
Разбудете се! Февруари
„Сѐ што е поврзано со Земјата покажува дека е создадена за да постои живот на неа. Што мислите, дали станува збор за чиста случајност или за дело на мудар Творец? [Почекај да одговори.] Многу луѓе се согласуваат со овој библиски стих. [Прочитај Псалм 104:24.] Во ова списание се изнесени научните и библиските докази дека постои Творец.“