Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 1 јануари
„Што мислите, дали светот би бил поубав кога луѓето би живееле според ова библиско начело? [Прочитај Римјаните 12:18. Потоа почекај да одговори.] Тогаш, дали некогаш сте се прашале зошто Бог во древни времиња му заповедал на својот народ да војува? Од оваа статија ќе го дознаете јасниот библиски одговор.“ Покажи ја статијата што почнува на 13. страница.
Разбудете се! Јануари
Прочитај Дела 17:31а. Потоа кажи: „Многумина ги плаши дури и помислата на некаков Суден ден. Што мислите вие за тоа? [Почекај да одговори.] Библијата учи дека Судниот ден ќе донесе многу благослови за Земјата. Во оваа статија ќе прочитате повеќе за тоа.“ Покажи ја статијата што почнува на 10 страница.
Стражарска кула 1 февруари
„Многу луѓе се надеваат дека, кога ќе умрат, ќе одат на небото. Дали ви се допаѓа таа помисла? [Почекај да одговори.] Видете што вели Библијата во врска со тоа каква награда ги чека повеќето добри луѓе. [Прочитај Псалм 37:29.] Во ова списание ќе прочитате што вели Библијата за тоа кои луѓе ќе одат на небото и што ќе прават таму.“
Разбудете се! Февруари
„Денес разводот е нешто вообичаено. Што мислите, дали повеќето брачни парови размислуваат за последиците пред да се одлучат за развод? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Изреки 14:15.] Во ова списание ќе прочитате кои четири работи треба брачните парови да ги земат предвид кога размислуваат за развод.“