Распоред за седмицата од 8 февруари
СЕДМИЦА ОД 8 ФЕВРУАРИ
□ Собраниско проучување на Библијата:
lv погл. 16, пас. 15-22, рамка на стр. 194
□ Теократска школа за служба:
Читање на Библијата: Судиите 11-14
Бр. 1: Судиите 13:1-14
Бр. 2: Што учиме од зборовите на Исус запишани во Лука 16:9-13?
Бр. 3: Што значи ‚вечното мачење‘ за кое пишува во Откровението? (rs-SB стр. 264, пас. 3-4)
□ Состанок за нашата служба:
5 мин.: Известувања.
10 мин.: Како да одговориме на прашања во врска со празниците. Дискусија со присутните на темел на материјалот од поднасловот што почнува на 295. страница и од првиот поднаслов на 296. страница во книгата Резоновање. Кои празници најчесто се слават на вашето подрачје? Во кои прилики ќе имате најмногу можност да дадете сведоштво во врска со некој од празниците? Нека има презентација во која еден родител го подготвува своето дете да одговори на прашањето: ‚Зошто не славите Велигден?‘
20 мин.: „Покани за Спомен-свеченоста ќе се делат низ целиот свет!“ Дискусија со прашања и одговори. Доколку веќе ги имате добиено поканите, пред да го разгледате 2. пасус, сите присутни треба да добијат по еден примерок. Потоа објасни ги разните карактеристики на поканата. Откако ќе го обработите 2. пасус, еден објавител нека прикаже како ќе ја користиме поканата. Интервјуирај го надгледникот за служба или некој друг старешина, кој ќе каже повеќе информации за тоа како ќе биде организирана службата на проповедање во претстојната акција за Спомен-свеченоста.