Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 1 јануари
Прочитај 1. Мојсеева 2:16, 17, а потоа кажи: „Некои велат дека Бог однапред знаел дека Адам ќе направи грев. Други, пак, мислат дека би било лицемерно Бог да ги опомене да не јадат од дрвото, а во исто време да знае што ќе се случи на крајот. Што мислите Вие? [Почекај да одговори.] Оваа статија на 13. страница објаснува како Бог ја користи својата способност да ја дознае иднината“.
Разбудете се! Јануари
„Некои мислат дека верата во Бог повеќе се темели на чувства отколку на здрав разум. Што мислите Вие? [Почекај да одговори.] Според Библијата, верата во Бог не треба да биде слепа. [Прочитај 1. Јованово 4:1.] Статијата што почнува на 28. страница објаснува како да провериме дали нашата вера има цврста основа.“
Стражарска кула 1 февруари
„Денес разводот е вообичаена појава. Што мислите, која е главната причина за тоа? [Почекај да одговори.] На многу брачни парови им помогнал следниов совет. [Прочитај 1. Коринќаните 10:24.] Во ова списание ќе прочитате кои шест приговори обично ги имаат сопругите и сопрузите и како може Библијата да им помогне.“
Разбудете се! Февруари
„Изгледа дека сѐ повеќе луѓе се интересираат за вампири, вештерки и маѓепсници. Што мислите, дали таквото занимавање со окултни работи е безопасно? [Почекај да одговори.] Забележете какво предупредување му дал Бог на древниот Израел. [Прочитај 5. Мојсеева 18:10-12.] Ова списание покажува што вели Библијата за окултизмот.“