Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 1 август
„Многумина сметаат дека сите добри луѓе одат во рајот. Дали и вие верувате во тоа? [Почекај да одговори.] Видете што пишува овде за Земјата. [Прочитај Псалм 37:11, 29.] Во оваа статија ќе прочитате што поучувал Исус за иднината на луѓето тука, на Земјата.“ Покажи ја статијата што почнува на 22. страница.
Разбудете се! Август
„Еден од најтешките моменти во животот е смртта на родителот. Дали се согласувате со тоа? [Почекај да одговори.] Многумина нашле утеха во библиските стихови како овој. [Прочитај Откровение 21:4.] Оваа статија објаснува како можеме сите ние, а особено младите, да се справиме со силните чувства на тага.“ Покажи ја статијата што почнува на 10. страница.
Стражарска кула 1 септември
„Некои велат дека, ако верно му служиме на Бог, тој ќе нѐ награди со богатство, а ако сме сиромашни, тоа значи дека не нѐ сака. Што мислите вие за тоа? [Почекај да одговори.] Интересно, Исус не бил богат човек. [Прочитај Лука 9:58.] Ова списание објаснува какви благослови можат да очекуваат оние што му служат на Бог.“
Разбудете се! Септември
„Што мислите, дали денешните млади имаат повеќе проблеми од младите порано? [Почекај да одговори.] Многумина сметаат дека овој библиски стих точно го опишува нашево време. [Прочитај 2. Тимотеј 3:1.] Во ова списание се наведени некои практични библиски начела што ќе им помогнат и на родителите и на младите да излезат на крај со денешните проблеми.“