ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/01 стр. 3-4
  • Имаме нова алатка за започнување студии!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Имаме нова алатка за започнување студии!
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Сличен материјал
  • Користи го во секоја прилика
    Нашата служба за Царството 2010
  • Користи трактати за да започнуваш разговори
    Нашата служба за Царството 2000
  • Секогаш биди спремен да понудиш библиска студија
    Нашата служба за Царството 2010
  • Како да ја користиме Добра вест од Бог!
    Нашата служба за Царството 2013
Повеќе
Нашата служба за Царството 2001
km 11/01 стр. 3-4

Имаме нова алатка за започнување студии!

1 Една Американка била искрен римокатолик. Верно ги бранела учењата на црквата. Таа отишла дури и во Ватикан. Сепак, кога некој Јеховин сведок дошол на нејзината врата, ја прифатила понудата за домашна библиска студија. Зошто? Затоа што сакала да дознае што вели Библијата, а нејзината црква не ѝ понудила домашна библиска студија. Што учиме од ова искуство? Дека никогаш не се знае кој ќе прифати бесплатна библиска студија (Проп. 11:6).

2 Дали некогаш си се колебал да им кажеш на луѓето дека сме спремни да ја проучуваме Библијата со секого што е заинтересиран? Дали сите во твојата околина знаат дека ја нудиме оваа бесплатна услуга? Како можеме да се погрижиме да го дознаат тоа? Користејќи една нова алатка! Тоа е еден привлечен трактат од шест страници, со наслов Сакаш ли да знаеш повеќе за Библијата? Да се запознаеме со овој трактат, поднаслов по поднаслов.

3 „Зошто да се чита Библијата?“ Причините што ги наведува овој трактат се многу привлечни. Тој објаснува дека Библијата содржи „љубезни упатства од Бог“, кои покажуваат како да му пристапиме за помош во молитва и како да го добиеме неговиот дар — вечен живот (1. Сол. 2:13). Трактатот се осврнува на различни библиски „вистини коишто даваат просветлување“ како, на пример, што се случува откако ќе умреме и зошто на земјата има толку многу проблеми. Ги опишува „принципите што Бог ги дал во Библијата“ кои, кога ќе се применат, носат физички користи и унапредуваат среќа, надеж и други пожелни особини. Трактатот се осврнува на уште една причина зошто да се чита Библијата — пророштвата за иднината, кои покажуваат што нѐ очекува (Откр. 21:3, 4).

4 „Помош да се разбере Библијата“: Трактатот наведува: „На сите нас ни треба помош да ја разбереме Божјата реч“. Потоа го опишува нашиот метод на проучување на Библијата: „Обично е најдобро Библијата да се проучува постепено, започнувајќи со основните учења“. Иако јасно кажува дека „Библијата е авторитет“, трактатот ја спомнува брошурата Бара како нешто што ќе му помогне на студентот ‚да ги разбере библиските референции на различни теми‘. Следниот поднаслов покренува едно неодложно прашање.

5 „Дали си спремен секоја седмица да поминеш време за да ја разбереш Библијата?“ Трактатот објаснува дека библиската студија може да се договори во време и на место што му одговара на студентот, сеедно дали во приватноста на неговиот дом или по телефон. Кој може да учествува во дискусијата? Трактатот дава одговор: „Целото твое семејство. Исто така, можат да учествуваат сите пријатели што ќе решиш да ги поканиш. Или, ако претпочиташ, дискусијата може да се одвива само со тебе“. Колку долго мора да се проучува? Тој објаснува: „Многумина одвојуваат по еден час седмично да ја проучуваат Библијата. Сеедно дали си во можност секоја седмица да поминуваш по повеќе време или си ограничен на помалку време, Сведоците ќе се стават на располагање да ти помогнат“. Во тоа лежи клучот! Ние сме спремни да се прилагодиме на околностите на секој студент.

6 „Покана да учиш“: Приложен е еден купон со кој оној што го добил трактатот може да ја нарача брошурата Бара или да побара посета за да му се објасни програмата за бесплатна домашна библиска студија. Насловната страница на брошурата Бара е прикажана во боја. Можеш ли да видиш зошто овој трактат ќе охрабри повеќе лица со искрени срца да ја прифатат нашата помош? Па, како можеме најдобро да ја искористиме оваа нова алатка?

7 Кому можеш да му го понудиш овој трактат? Трактатот може да им се даде на луѓето лично или да се остави на местата каде што нема никој дома. Може да се дели од куќа до куќа, на улица или на деловно подрачје. Нуди им го на луѓето, без оглед дали ја прифаќаат или ја одбиваат нашата литература. Стави го во списанијата или во другите публикации што ги даваш. Приложи го кога пишуваш писма. Понуди да им го испратиш по пошта на оние со кои контактираш по телефон. Секогаш имај со себе примероци што ќе ги разделиш кога пазаруваш, кога користиш јавен превоз и кога сведочиш неформално. Дај му го на секого што ќе ти дојде на врата. Понуди им го на роднините, соседите, колегите, соучениците и другите познаници. Настојувај да му го врачиш на секого што ќе го сретнеш! Што потоа?

8 Ако веднаш има одѕив: Некои луѓе веднаш ќе се одѕвијат велејќи дека би сакале да имаат библиска студија. Затоа, секогаш кога учествуваш во службата на теренот, погрижи се да имаш два примерока од брошурата Бара — една за студентот и една за себе. Ако лицето сака, започни студија на лице место. Сврти на втората страница и прочитај „Како да се користи оваа брошура“. Потоа директно премини на 1. лекција и прикажи како се води студија. Зарем има нешто полесно од тоа?

9 Ако на оној што те слуша му треба време да размисли: Додека не поминало многу време, настојувај повторно да стапиш во контакт со него. Во таа прилика носи ја со себе брошурата Бара. Покажи му ја содржината на втората страница. Нека избере тема што му е најинтересна. Сврти таму и почни да дискутираш за лекцијата што ја избрал.

10 Појди на местата каде што си оставил списанија: Ако си оставил трактат заедно со комплет списанија, би можел да појдеш повторно со следниов пристап: „Минатиот пат кога дојдов, ми беше мило што можев да Ви оставам примерок од списанието Стражарска кула. Можеби забележавте дека целосниот наслов на тоа списание гласи Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство. Денес би сакал да Ви објаснам што претставува тоа Царство и што ќе значи тоа за Вас и за Вашето семејство“. Потоа отвори ја брошурата Бара на 6. лекција. Почнувајќи со првиот пасус, читај и дискутирај онолку време колку што има станарот. Потоа договори се повторно да дојдеш друг ден за да ја завршите лекцијата.

11 Не останувај без трактати: Надгледникот за служба и браќата што работат со литературата секогаш ќе чуваат во собранието доволно количество од трактатот Запознај ја Библијата. Чувај си трактати во џебот или во чантата, во автомобилот, на работното место, на училиште, до влезната врата во твојот дом — секаде каде што ќе ти бидат при рака. Сѐ разбира, носи си и во чантата за сведочење, ќе ти затребаат кога ќе сретнеш некого со кого можеш да разговараш за Библијата.

12 Јехова нека ги благослови нашите напори: Пожелна цел за сите христијани е да поучат некого за вистината (Мат. 28:19, 20). Дали во моментов водиш домашна библиска студија? Ако да, можеш ли да најдеш време за уште една во твојот седмичен распоред? Ако сега не водиш студија, сигурно посакуваш да водиш. Моли го Јехова да ги благослови твоите напори да најдеш некого со кого ќе можеш да проучуваш. Потоа постапувај во склад со тие молитви (1. Јов. 5:14, 15).

13 Имаме нова алатка за започнување студии! Запознај се со неа. Слободно нуди ја. Давај сѐ од себе ‚да го правиш она што е добро, да бидеш богат во добри дела, да бидеш дарежлив, спремен да делиш‘ од она што си го научил за Божјата реч (1. Тим. 6:18).

[Рамка на страница 4]

ПРИЛИКИ ЗА ДА СЕ ПОНУДИ ТРАКТАТОТ

◼ Секојдневни разговори

◼ Кога некој ќе земе наша литература

◼ Кога нема никој дома

◼ Кога правиме повторни посети

◼ Кога ќе сретнеме некого при сведочење на улица

◼ Кога сведочиме на деловно подрачје

◼ Кога сведочиме неформално

◼ Кога пишуваме писма

◼ Кога користиме јавен превоз

◼ Кога некој ќе ни дојде на врата

◼ Кога разговараме со роднините, соседите, колегите, соучениците и другите познаници

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели