Секогаш биди спремен да понудиш библиска студија
1. Што е вклучено во извршувањето на задачата што ни ја дал Исус во Матеј 28:19, 20?
1 Исус ни дал задача да ‚правиме ученици од луѓето и да ги поучуваме‘ (Мат. 28:19, 20). Затоа, треба да бидеме спремни да понудиме библиска студија во секое време, а не само во еден ден од викендот што е одреден за тоа. Следните предлози можат да ни помогнат.
2. Кому би можеле да му понудиме библиска студија?
2 Нуди библиски студии: Колку почесто нудиме библиски студии, толку повеќе можности имаме да започнеме да проучуваме со некого (Проп. 11:6). Дали си се обидел директно да понудиш студија? Објавителите од едно собрание во Соединетите Држави се труделе да го прават тоа во текот на цел месец. На крајот биле пресреќни бидејќи започнале 42 нови библиски студии! Немој да си претпоставуваш дека интересентите што ги посетуваш веќе знаат дека си спремен да ја проучуваш Библијата со нив. Кога ќе ги посетиш следниот пат, зошто не им понудиш студија? Ако те одбијат, ништо страшно. Можеш да продолжиш да го одржуваш нивниот интерес. Си ги прашал ли соседите, роднините, колегите и соучениците дали би сакале да ги поучуваш за Библијата? Исто така, би можел да ги прашаш оние со кои веќе проучуваш дали некои нивни пријатели или роднини би сакале да ја проучуваат Библијата.
3. Кој трактат може да ни помогне да започнуваме библиски студии, и во кои прилики можеме да го користиме?
3 Корисен трактат: Трактатот Сакаш ли да ја дознаеш вистината? може да ни помогне да започнуваме библиски студии. Би можел да им го дадеш на станарите без разлика дали ќе земат други публикации или не. Можеме да го користиме кога сведочиме на деловно подрачје, на улица, кога сведочиме преку писма и кога правиме повторни посети. Може да го оставаме и кај оние што не се дома. Затоа, добро е да го носиш со себе кога користиш јавен превоз, кога пазаруваш и кога си на работа. На последната страница накратко е објаснето дека на луѓето им нудиме бесплатно да ја проучуваат Библијата и се спомнува книгата Што учи Библијата.
4. Како можеме да започнеме библиска студија со помош на трактатот Сакаш ли да ја дознаеш вистината?
4 Откако некому ќе му го дадеш трактатот, би можел да му ги покажеш прашањата на првата страница и да го прашаш: „Кое од овие прашања најмногу Ве интересира?“ Потоа заедно побарајте го одговорот во трактатот и прочитај ја или накратко осврни се на последната страница, која објаснува дека на луѓето им нудиме бесплатно да ја проучуваат Библијата. А потоа, би можел да му покажеш каде има повеќе информации на таа тема во книгата Што учи Библијата, по што можеш да му ја понудиш книгата и да се договорите кога да дојдеш пак за да го продолжите разговорот.
5. Зошто треба секогаш да бидеме спремни да понудиме библиска студија?
5 На нашето подрачје сѐ уште има луѓе кои копнеат да дознаат што навистина учи Библијата. Ако сме секогаш спремни да понудиме библиска студија, ќе имаме повеќе прилики да им помагаме на другите да одат по патот што води во живот, а тоа ќе ни донесе вистинска радост (Мат. 7:13, 14).