ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/15 стр. 1
  • Труди се да правиш ученици

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Труди се да правиш ученици
  • Нашата служба за Царството 2015
  • Сличен материјал
  • Секогаш биди спремен да понудиш библиска студија
    Нашата служба за Царството 2010
  • Можеш ли да им помогнеш на луѓето да станат ученици на Христос?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
  • Поучувај ги другите за вистината
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Подготовката — клуч за делотворни повторни посети
    Нашата служба за Царството 2008
Повеќе
Нашата служба за Царството 2015
km 7/15 стр. 1

Труди се да правиш ученици

1. Што треба да правиме за да се спасат луѓето?

1 Од извештајот за службата за 2014 год. се гледа со колкава ревност и решеност Божјите слуги ја проповедаат добрата вест за Царството (Мат. 24:14). Преку службата од куќа до куќа, преку посебните акции кога делиме трактати и покани, како и преку сведочењето на јавни места, им ја пренесуваме библиската порака на многу повеќе луѓе од кога и да е порано. Меѓутоа, за да се спасат, мора да им помогнеме да станат ученици на Исус со тоа што ќе ја проучуваме Библијата со нив (1. Тим. 2:4).

2. Кои прашања ќе ни помогнат да бидеме секогаш спремни да понудиме библиски курс?

2 Биди секогаш спремен да понудиш библиски курс: Кога некој ќе се заинтересира, дали се трудиш да добиеш од него контакт-информации? Дали по кратко време се враќаш за да започнеш библиски курс со него? Кога последен пат си покажал некому како се проучува Библијата уште при првиот разговор? Кога последен пат им понуди библиски курс на оние на кои редовно им ги носиш списанијата? Дали си им ги покажал на колегите, соучениците, соседите, роднините и на други познајници видеоклиповите Зошто да ја проучуваш Библијата? и Како би можел да ја проучуваш Библијата? Кога проповедаш со количка со литература, ако некој земе публикација за проучување, дали му спомнуваш дека може бесплатно да ја проучува Библијата?

3. Што е потребно за да поучуваме делотворно?

3 Помош од Јехова и од Исус: Исус рекол „одете и правете ученици“, што укажува дека треба да вложиме напор и да преземеме иницијатива. Меѓутоа, тој не нѐ оставил сами, туку ветил дека ќе биде со нас (Мат. 28:19, 20). Освен тоа, Јехова ни го дава својот свет дух, а ни дава и обука и многу помагала што ни се потребни за да ги поучуваме луѓето за вистината (Зах. 4:6; 2. Кор. 4:7). Можеме да се молиме да бидеме ‚желни и способни‘ да го вршиме ова важно дело (Фил. 2:13, Радосна Вест).

4. Зошто треба да се трудиме да правиме ученици?

4 Ни причинува голема радост да ја проповедаме добрата вест. Меѓутоа, нашата радост е уште поголема кога поучуваме некого за вистината и му помагаме да ни се прудружи на „патот што води во живот“ (Мат. 7:14; 1. Сол. 2:19, 20). Што е уште поважно, кога се трудиме да правиме ученици, го радуваме Јехова, кој „не сака никој да биде уништен, туку сите да дојдат до покајание“ (2. Пет. 3:9).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели