Подготовката — клуч за делотворни повторни посети
1. Во кој поглед требало да се прошири службата што ја вршеле христијаните во првиот век?
1 Исус добро ги подготвил своите ученици делотворно да ја проповедаат „добрата вест за царството“ (Мат. 4:23; 9:35). Тој им ја дал оваа обука додека проповедале само во подрачјето на Палестина. Но, пред да се вознесе на небото, Исус кажал дека христијаните требало да ја прошират својата служба и да проповедаат низ целиот свет за да ‚прават ученици од луѓето од сите народи‘ (Мат. 28:19, 20).
2. Како ќе покажеме послушност кон Исусовата заповед ‚да правиме ученици‘?
2 Ова значи дека треба повторно да се оди кај оние што покажале интерес за добрата вест за Божјето Царство и да се поучат да држат сѐ што заповедал Христос. За да правиме такви делотворни повторни посети, треба да бидеме добро подготвени.
3. Како би можел уште при првата средба со станарот да се договориш за повторна посета?
3 Размисли што ќе кажеш: При првата средба со станарот, на крајот од разговорот некои објавители поставуваат прашање и потоа му велат дека ќе дојдат повторно за да му одговорат. Тие увиделе дека можат веднаш да започнат библиска студија ако на повторната посета ја користат книгата Што учи Библијата.
4. Зошто не треба да чекаме да ги добиеме најновите списанија за да направиме повторна посета?
4 Не мора да чекаме да ги добиеме најновите списанија за да направиме повторна посета. Можеби ќе успееме да го поттикнеме интересот на станарот со тоа што ќе поразговараме за некоја тема од списанието што веќе сме му го оставиле.
5. Зошто е добро да се подготвуваме за повторните посети?
5 Подготви се за посетата: Пред повторно да го посетиш станарот, разгледај ги накратко белешките за да се подготвиш. На пример, би можеле да поразговарате за некоја мисла од публикацијата што си му ја оставил. Или, пак, би можел да му дадеш друга публикација која е поврзана со темата за која сте зборувале претходниот пат. Доколку тогаш си поставил некое прашање, сега сигурно ќе сакаш да му го одговориш. Кога сакаш некоја мисла да ја поткрепиш со библиски стих, најдобро е стихот да му го прочиташ директно од Библијата.
6. Која е нашата цел кога правиме повторни посети?
6 Нашата цел: Се разбира, нашата цел е да започнеме библиска студија. Кога правел повторна посета, еден брат му понудил библиска студија на станарот, но тој го одбил. Во друга прилика, братот дошол со најновите списанија и рекол: „Денеска сакаме на луѓето да им дадеме одговор на едно библиско прашање“. Откако човекот кажал што мисли за таа тема, братот му прочитал еден стих од Библијата и соодветен пасус од публикацијата што се користела за проучување. Така започнале редовно да проучуваат.
7. Како добрата подготовка ти помогнала да започнеш библиска студија?
7 Навистина вреди да одвоиме време за да се подготвуваме за повторните посети. Ќе бидеме порадосни и ќе имаме чест да им помагаме на заинтересираните лица да одат по патот што води во живот (Дела 13:48).