Службени состаноци за февруари
Седмица од 1. февруари
Песна 171
10 мин: Месни известувања и избрани Известувања од Наша служба за Царството. Прикажи понуда на списание темелена на текуштите изданија.
20 мин: „Соработување со нашиот водител на Собраниска студија на книга.“ Прашања и одговори.
15 мин: „Едноставни и делотворни понуди.“ Дискусија со присутните. Кога ќе се разгледува 3. пасус, да се изведе приказ кој покажува како еден објавител го заинтересирал станарот за книгата Живеј засекогаш. Станарот треба да покаже очигледен интерес. Кога ќе се дискутира пасус 5, да се прикаже како објавител користи трактат за да продолжи со дикусијата таму каде што станарот бил само малку заинтересиран.
Песна 215 и заклучна молитва.
Седмица од 8. февруари
Песна 126
10 мин: Месни известувања. Разгледај некои говорни точки од текуштите списанија. Охрабри ги сите да учествуваат во службата на подрачјето овој викенд.
20 мин: „Води библиски студии со книгата Живеј засекогаш.“ Дискусија со прашања и одговори. По разгледувањето на 6. пасус, прикажи како едно младо лице може да понуди и да започне библиска студија користејќи ја книгата Живеј засекогаш. Осврни се на некое месно искуство на младо лице кое било во состојба да започне студии.
15 мин: „Не сме праматари со Божјата Реч.“ Говор на претседавачкиот надгледник или на друг старешина темелен на Стражарска кула од 1. декември, стр. 26-29. Срдечно пофали ги браќата за нивниот удел во поддржувањето на светското дело на Друштвото, како и на месното собрание. Исто така може да се спомене што прави собранието за да ги поддржи изградбите на Царските сали и било кој градежен проект кој можеби сега е во тек.
Песна 53 и заклучна молитва.
Седмица од 15. февруари
Песна 143
10 мин: Месни известувања. Благајнички извештај. Раскажи ги изразите на ценење што ги упатува Заедницата за испратените донации и пофали го собранието за лојалната поддршка на потребите на месното собрание. Охрабри на учество во активноста на подрачјето овој викенд и накратко опиши било каква посебна подготовка за службата на подрачјето предвидена за празникот на 22. февруари.
20 мин: „Учејќи ги . . . сѐ што сум ви заповедал.“ Разгледување со присутните преку прашања и одговори. Кога ќе се дискутираат пасусите 4 и 5, изнеси и други примери на цитати и публикации кои се прикладни за месните околности. Да се изведе добро подготвен приказ кој покажува како може да се премине од уводната дискусија на еден од трактатите. Разгледај еден или два пасуса од трактатот зависно од времето. Охрабри ги сите да истраат додека се обидуваат да започнат нови библиски студии.
15 мин: „Крв“, книга Расудување, страници 186-188. Ситуацијата нека биде повторна посета каде што станарот поставува прашање кое се појавува во материјалот напишан со масни букви. Одговорот на објавителот треба да се темели на коментарите од книгата Расудување.
Песна 181 и заклучна молитва.
Седмица од 22. февруари
Песна 150
10 мин: Месни известувања. Теократски вести.
20 мин: „Да се покаже ценење за жртвата.“ Говор на старешина.
15 мин: По потреба на собранието или позитивен говор темелен на информациите од Стражарска кула од 1. октомври 1992, статија „Научи се на послушност со прифаќање на стега“. Покажи како сите Јеховини слуги — и млади и стари — примаат стега, и дискутирај за користите кои доаѓаат ако позитивно се гледа на послушноста.
Песна 211 и заклучна молитва.