ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/93 стр. 7
  • Прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања
  • Нашата служба за Царството 1993
  • Сличен материјал
  • Рубрика прашања
    Нашата служба за Царството 1997
  • Наместо да ни стојат на залиха, да ги користиме
    Нашата служба за Царството 2011
  • Дали добиваш „храна во вистинско време“?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Совесно да ги користиме нашите публикации
    Нашата служба за Царството 2009
Повеќе
Нашата служба за Царството 1993
km 3/93 стр. 7

Прашања

◼ Дали е прикладно да се репродуцираат публикациите на Заедницата за да им се дели на другите?

Во текот на годините, Заедницата има издадено долга низа публикации кои се занимаваат практично со секој аспект на библиското спознание. Поединци кои ја запознале вистината во последниве години можеби мислат дека ја испуштиле користа од материјалот кој е објавен во минатото и дека тој повеќе не може да се добие преку Заедницата. Некои направиле разумни напори да најдат примероци на постари публикации, а други сами се зафатиле да репродуцираат публикации на Заедницата, а ги направиле достапни на различни начини. Во тоа се вклучени дословни репринтови на публикации, како и компјутерски репродукции. Во некои случаи, тоа било сторено заради финансиска добивка.

Верниот „роб“ е свесен за нашите духовни потреби и во „право време“ нѐ снабдува со сѐ што ни е потребно (Мат. 24:45, NW). Кога постои потреба за повторно издавање на порано објавен материјал, Заедницата прави подготовки за тоа. На пример, повторно беа отпечатени повези на Стражарска кула од 1960 до 1985 и им беа ставени на располагање на сите. Меѓутоа, кога поединци лично преземаат иницијатива да репродуцираат и да дистрибуираат таков материјал, може да настанат непотребни проблеми.

Сериозни потешкотии се создаваат кога овој материјал е репродуциран и дистрибуиран заради финансиска добивка. Во рубриката Прашања, во Наша служба за Царството од јули 1977 (срп.), стоеше: „Најдобро е теократските собири во Царската сала, собраниските студии на книга и конгресите на Јеховиниот народ да не се искористуваат ниту за започнување ниту за рекламирање на продажба на било какви предмети или услуги заради комерцијална корист. Тоа ќе ни помогне на духовните работи да им го посветиме целосното внимание што го заслужуваат и да ја задржиме комерцијалната активност на нејзиното соодветно место.“ Затоа, важно е да избегнуваме да станеме склони кон профит кога се работи за комерцијализирање на Божјата Реч или на работите поврзани со неа.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели