Наместо да ни стојат на залиха, да ги користиме
Многу собранија имаат голема залиха од постари публикации. Би било добро да земеш некои од нив за да ја надополниш својата теократска библиотека. Од една страна, веројатно истите се наоѓаат во Библиотеката на CD. Но, од друга страна, би било корисно да имаш и отпечатен примерок. Ако проучуваш со некој интересент што добро напредува, поттикни го да земе од овие постари публикации и да почне да прави своја лична библиотека. Надгледникот на Теократска школа за служба треба да се погрижи во библиотеката во Салата на Царството да ги има тие постари публикации кои во собранието стојат на залиха. Овие публикации не ја изгубиле својата вредност. Затоа е подобро да ги користиме отколку да ги оставиме да лежат на собранискиот штанд за литература!