ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jl поглавје 27
  • Како ни користи собраниската библиотека?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како ни користи собраниската библиотека?
  • Кој ја врши Јеховината волја денес?
  • Сличен материјал
  • Нова подготовка за библиотеки на Салите на Царството
    Нашата служба за Царството 2003
  • Како да се направи теократска библиотека
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Наместо да ни стојат на залиха, да ги користиме
    Нашата служба за Царството 2011
  • Рубрика прашања
    Нашата служба за Царството 1997
Повеќе
Кој ја врши Јеховината волја денес?
jl поглавје 27

ПОГЛАВЈЕ 27

Како ни користи собраниската библиотека?

Човек зема книга од собраниска библиотека

Израел

Јеховин сведок му помага на млад човек да истражува

Чешка

Девојче си го пишува името во песнарката

Бенин

Човек ја користи Watchtower Library

Кајмански Острови

Сакаш ли да истражуваш за да си го зголемиш библиското знаење? Би сакал ли да дознаеш повеќе за некој конкретен стих, лик, место или нешто друго што е спомнато во Библијата? Си размислувал ли дали Божјата Реч може да ти помогне во врска со некој личен проблем? Тогаш, користи ја собраниската библиотека.

Содржи многу публикации што ни помагаат да истражуваме. Веројатно ги немаш сите библиски публикации на Јеховините сведоци што ги има на твојот јазик. Но, во собраниската библиотека ги има повеќето публикации. Во неа може да има и разни преводи на Библијата, добар речник и други книги. Слободно користи ја библиотеката пред и по состаноците. Ако во Салата има и компјутер, би можел да ја користиш Библиотеката со публикации на Јеховините сведоци. Тоа е компјутерска програма која содржи многу наши публикации и има опции што овозможуваат лесно да се пребарува на некоја тема, збор или стих.

Им користи на учесниците на состанокот Нашиот живот и служба. Собраниската библиотека може да ти биде од голема помош кога ја подготвуваш својата задача. Надгледникот на овој состанок е одговорен за библиотеката. Тој треба да се погрижи во неа да бидат ставени најновите публикации и да биде добро организирана. Тој или оној со кого проучуваш можат да ти покажат како да ги бараш информациите што ти требаат. Меѓутоа, ниедна публикација не смее да се изнесува од библиотеката. И, се разбира, треба да ги чуваме публикациите и да не пишуваме ништо во нив.

Библијата објаснува дека, за да го пронајдеме „знаењето за Бог“, мораме да бидеме спремни да трагаме по него „како по скриено богатство“ (Изреки 2:1-5). Собраниската библиотека може да ти помогне да ја започнеш таа потрага.

  • Што содржи собраниската библиотека?

  • Кој може да ти покаже како да ја користиш библиотеката?

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Ако сакаш да почнеш да си правиш лична библиотека, провери што има на штандот за литература. Оној со кого проучуваш може да ти предложи кои публикации најпрво да ги земеш.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели