ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w94 1/11 стр. 28-31
  • Како да се направи теократска библиотека

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да се направи теократска библиотека
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Библиотеката не е луксуз“
  • Кои книги ми се потребни?
  • Подреди ја твојата библиотека!
  • Теократската библиотека може да ти помогне да ја градиш духовноста
  • Како ни користи собраниската библиотека?
    Кој ја врши Јеховината волја денес?
  • Рубрика прашања
    Нашата служба за Царството 1997
  • Нова подготовка за библиотеки на Салите на Царството
    Нашата служба за Царството 2003
  • Наместо да ни стојат на залиха, да ги користиме
    Нашата служба за Царството 2011
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
w94 1/11 стр. 28-31

Како да се направи теократска библиотека

ШЕРЕЗАДЕ, едно бистро девојче од Шпанија, имала четири години кога учителката им дала за задача да бојат цртежи на „Дедо Мраз“. Во истиот момент, Шерезаде замолила да биде ослободена. Објаснила дека совеста не ѝ дозволува да го прави тоа.

Изненадена од забелешката, учителката ѝ рекла дека тоа е само боење на цртеж на кукла и дека нема ништо лошо во тоа. Шерезаде одговорила: „Ако е тоа само кукла, тогаш повеќе сакам самата да си нацртам кукла, ако немате ништо против“.

Во друга прилика, на одделението му било зададено да го бои националното знаме. Шерезаде повторно замолила да прави нешто друго. За да ѝ објасни на учителката, Шерезаде ѝ ја раскажала приказната за Седрах, Мисах и Авденаго (Даниил 3:1-28).

Набрзо после тоа, учителката ѝ телефонирала на мајка ѝ на Шерезаде за да го изрази своето чудење. „Вашата ќерка во неколку прилики ми зборуваше за нејзината совест“, рекла таа. „Можете ли да замислите? Девојче на нејзини години да ми објаснува зошто ја вознемирува совеста! Видете, јас не се согласувам со она што ја поучувате, но да знаете дека успевате во тоа. И, верувајте, ѝ симнувам капа на ќерка ви.“

Како можело едно четиригодишно девојче да стекне библиски школувана совест? Мајка ѝ, Марина, објаснува дека Шерезаде има лична теократска библиотека во својата соба. Во библиотеката ѝ се наоѓаат личните примероци на Стражарска кула, што ги има потцртано, литературата за проповедање и сите публикации на Друштвото Watchtower, издадени откако е родена. Најомилено нешто во нејзината библиотека се аудиокасетите My Book of Bible Stories (Моја книга со библиски приказни), што секоја вечер ги слуша и истовремено следи во книгата. Овие библиски извештаи ја оспособиле да ги донесе одлуките што претходно ги споменавме.

Може ли една добра теократска библиотека да ви помогне вам и на вашите деца? Зошто е неопходна домашна библиотека?

„Библиотеката не е луксуз“

„Библиотеката не е луксуз, туку една од потребите на животот“, рекол Хенри Ворд Бичер. Без сомнение, скоро секој од нас, и без да знае, има макар една од овие ‚потреби на животот‘. Како? Така што дури и ако немаме ништо друго освен Библијата, веќе имаме еден вид библиотека.

Библијата е навистина една теократска библиотека пар екселанс. Во четвртиот век, Јероним ја составил латинската фраза Bibliotheca Divina (Божествена библиотека) за да ја опише комплетната колекција на вдахновени книги наречена Библија. Јехова нѐ снабдил со оваа света библиотека за да ни даде практична помош, упатства и водство. Тоа е нешто што никогаш не треба да го сфатиме како само по себе разбирливо. Самото тоа што ја имаме целата Библија значи дека нашата библиотека е поголема од онаа што ја имале повеќето Божји слуги во минатото.

Кога скапите, рачно пишувани манускрипти биле сѐ што можело да се добие, само мал број приватни домови, ако воопшто и ги имало, можеле да се пофалат со комплетната Библија. Кога Павле сакал да ги проучува Писмата додека за последен пат лежел в затвор во Рим, тој морал да го замоли Тимотеј да му донесе неколку пергаменти од Мала Азија — веројатно делови од Хебрејските списи (2. Тимотеј 4:13). Меѓутоа, синагогите имале колекција свитоци, а овие библиотеки ги користеле и Исус Христос и апостол Павле во нивното проповедничко дело (Лука 4:15-17; Дела 17:1-3). За среќа, Писмата се сега далеку подостапни отколку во првиот век.

Благодарение на печатарскиот изум, денес скоро сите Божји слуги — без оглед на кој јазик зборуваат — можат да ја добијат целата Библија по разумна цена. Исто така, имаме единствена прилика да ја дополниме оваа света „библиотека“. Повеќе од еден век, ‚верниот и разумен роб‘ е зафатен со обезбедување на духовна храна во право време (Матеј 24:45-47, НС).

Но, мала е веројатноста дека ќе извлечеме потполна корист од овие непроценливи информации ако не направиме лична теократска библиотека. Како да го сториме тоа? Се разбира, првиот чекор е да ги набавиме книгите што се потребни за таква библиотека. Тоа заслужува секаков напор затоа што ќе ни овозможи да ги имаме при рака прецизните информации кои ни се потребни при решавањето на проблеми и при одговарањето на библиски прашања.

Кои книги ми се потребни?

Си се прашал ли некогаш како да решиш некој проблем со комуникација во твојот брак или како да им помогнеш на твоите деца да одбијат дрога? Како да му помогнеш на некој пријател кој страда од депресија? Можеш ли јасно да објасниш што докажува дека Бог постои и зошто тој го допушта злото? Што претставува црвениот ѕвер од Откровение 17. поглавје?

Овие и безброј други прашања можат да бидат одговорени ако имаш адекватна теократска библиотека. Друштвото Watchtower има објавено книги, брошури и статии во списанијата, коишто ги обработуваат сите библиски теми. Освен тоа, оваа литература се занимава со семејни прашања, ја изградува нашата вера во Бог и во Библијата, ни овозможува да ги поправиме проповедничките вештини и ни помага да ги разбереме библиските пророштва.

Повеќето публикации кои Друштвото ги печатеше во последниве 20 години сѐ уште може да се добијат. Ако си во вистината од неодамна, корисно ќе биде да ги набавиш сите такви дела кои се на располагање на твојот јазик. Меѓу нив можеби спаѓаат и повези на Стражарска кула од изминатите години. Извонредни прирачници, како што се Insight on the Scriptures (Увид во Писмото) и Comprehensive Concordance (Конкорданца), се исто така објавени на различни јазици. Меѓутоа, набавувањето на овие книги е само првиот чекор.

Подреди ја твојата библиотека!

Едно е да знаеш дека некаде ја имаш книгата, а друго да ја најдеш кога ти треба. Ако мораме да изгубиме многу време за да го најдеме прирачникот што ни треба, постои веројатност да го изгубиме интересот за тоа прашање. Од друга страна, ако книгите ни се добро подредени, на згодно место, ќе бидеме далеку посклони лично да истражуваме.

Ако е можно, корисно е грото од теократски книги да бидат на едно место. Доколку не можеме да си дозволиме да купиме готови, самите можеме да си направиме полици, честопати по прилично ниска цена, и тие не мора да зафаќаат голем простор. Лесниот пристап до библиотеката е исто така важен. Книгите кои се складирани на таванот обично само собираат прашина.

Следниот чекор е да се средат книгите. Ако се одвои само малку време за да се подредат во логичен ред, следат награди.

Што ако повеќето членови на твоето семејство не се Јеховини сведоци? Иако можеби не си во можност да направиш библиотека каква што би сакал, во твојата соба можеш да имаш полица за книги на која ќе има барем неколку библиски публикации.

Теократската библиотека може да ти помогне да ја градиш духовноста

Откако ќе ги подредиме книгите, ни треба систем кој ќе ни помага да ги пронаоѓаме информациите. Нашата меморија има маани, а и не можеме да ја познаваме содржината на секоја книга во теократската библиотека. Сепак, сите информации во библиотеката се лесно достапни. Ако постои на нашиот јазик, Watch Tower Publications Index (Индекс на публикации на Watch Tower) може да ни помага бргу да наоѓаме специфични информации скоро за секоја тема.

Хулиан, кој со години служи како специјален пионер и старешина, вели дека Индексот му е од непроценлива корист додека го поучува својот најмлад син како самиот да проучува. „Хаиро, кој има седум години, дојде еден ден од училиште и ме праша: ‚Тато, што вели Заедницата за диносаурусите?‘ Веднаш го зедовме Индексот и го побаравме зборот ‚диносауруси‘. Скоро за миг најдовме една серија статии на таа тема во Разбудете се! [8. февруари 1990 (англ.)]. Истиот ден, Хаиро почна да ги чита. Тој веќе знае дека нашата теократска библиотека има корисни информации практично за секоја тема. Јас лично сум уверен дека нашите деца, кога ќе научат добро да ја користат теократската библиотека, ќе растат духовно со помош на тоа знаење. Така учат да расудуваат и, освен тоа, откриваат дека личната студија може да биде интересна“.

Фаусто, татко ѝ на Шерезаде што ја спомнавме на почетокот, верува дека никогаш не е прерано да се почне со оспособувањето на децата да ја користат теократската библиотека. „Ние веќе ѝ покажавме на Шерезаде, која сега има шест години, како да го користи Индексот“, објаснува тој. „Бидејќи е одушевена од изгледот за Рај на Земјата, почнавме така што ѝ го покажавме зборот ‚рај‘ во Индексот, а потоа ги побаравме наведените статии од Стражарска кула. Обично само ќе ѝ ги покажевме сликите. Сепак, со оваа метода таа научи дека Индексот е клучот за пронаоѓање на информации во нашата домашна библиотека. Дознавме дека ја разбрала поентата кога еден ден се врати од училиште со прашање за славењето на Велигден. ‚Зошто да не побараме нешто со помош на Индексот?‘, ѝ се обрати на мајка си.“

Без оглед на која возраст сме, Библијата нѐ охрабрува ‚сѐ да испитуваме, за доброто да се држиме‘ (1. Солунјаните 5:20). Ова изискува од нас да испитуваме што вели Писмото (Дела 17:11). Ако имаме добра теократска библиотека, таквото истражување може да причинува задоволство. Секојпат кога успешно ќе ја употребиме нашата библиотека за да подготвиме говор, да најдеме практични совети за решавање на некој проблем или за да побараме интересни информации ќе се втиснува во нас свесноста за практичната вредност на нашата библиотека.

Родителите на Шерезаде истакнуваат: „Во едно христијанско домаќинство, теократската библиотека во никој случај не е луксуз!“

[Рамка на страница 30]

КАКО МОЖЕШ ДА ГИ ПОДРЕДИШ СВОИТЕ КНИГИ?

Не постојат строги правила како да ги средиш своите книги. Сепак, следниве логички поделби илустрираат еден од начините на кои можеш да ги подредиш според содржината.

1. Книги во кои стих по стих се анализираат извесни делови од Библијата

(На пример: Најголемиот човек кој некогаш живеел, Откровение — Близу е величествената кулминација!)

2. Книги поврзани со семејниот живот

(На пример: Направи го среќен семејниот животa‚ Младите прашуваат — Делотворни одговори ‚ Моја книга со библиски приказни)

3. Библии и прирачници

(На пример: Нов Свет превод на Светото писмо — со објаснувања‚ други Библии, Индекси на публикации на Watch Towerb‚ Конкорданцаc‚ Увид во Писмотоd‚ еден добар речник)

4. Книги коишто моментално се користат на Собраниската студија на книга и во Теократската школа за проповедање

5. Аудио и видео касети

6. Повези на Стражарска кула и Разбудете се!

7. Историја на Јеховините сведоци

(На пример: Годишници на Јеховините сведоциe‚ Јеховини сведоци — објавители на Божјето Царствоf)

8. Книги и брошури коишто редовно ги користиме во нашата служба

(На пример: Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата, Расудување на темел на Писмотоg‚ Животот — Како настанал? Преку еволуција или преку создавање?‚ Човештвото во потрага по Бог‚ Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог)

[Фусноти]

a Овие публикации не се достапни на македонски јазик

b Овие публикации не се достапни на македонски јазик

c Овие публикации не се достапни на македонски јазик

d Овие публикации не се достапни на македонски јазик

e Овие публикации не се достапни на македонски јазик

f Овие публикации не се достапни на македонски јазик

g Овие публикации не се достапни на македонски јазик

[Слика на страница 31]

Шерезаде веќе станала добар библиски проучувач

[Слика на страница 31]

Иако е мало, ова момче користи теократска библиотека

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели