Нова подготовка за библиотеки на Салите на Царството
Со години собранијата во целиот свет извлекуваат корист од користењето на својата библиотека на Салата на Царството, порано наречена библиотека на Теократската школа за служба. Во минатото се сметаше како неопходно секое собрание да има сопствена библиотека. Меѓутоа, затоа што многу Сали на Царството сега се користат од повеќе од едно собрание, од кои некои се собранија на странски јазик, се чини дека е најдобро во секоја Сала на Царството, за секоја јазична група да има само по една библиотека на Салата на Царството, која ќе биде добро опремена и ќе ги содржи најновите публикации. Во Салите на Царството во кои има повеќе од еден аудиториум, треба да има библиотека за секоја јазична група што се состанува таму.
Се очекува дека оваа подготовка ќе помогне да се заштедат простор и трошоци. Освен тоа, спојувањето на библиотеките на две или повеќе собранија најверојатно ќе придонесе за подобри библиотеки. Кога ќе се спојат, примероци од книгите дупликат можат да се складираат и да се употребат подоцна кога ќе се изградат нови Сали на Царството. Ако Салата на Царството е опремена со компјутер со Библиотека Watchtower на CD-ROM, за некои оваа алатка може да биде од голема корист.
За секоја библиотека на Салата на Царството, еден брат, по можност еден од надгледниците на Теократската школа за служба, ќе служи како библиотекар. Тој треба постојано да додава соодветни публикации на збирката, уредно обележувајќи ја внатрешната страница на корицата на секоја публикација за да означи дека таа припаѓа на библиотеката на Салата на Царството. Барем еднаш годишно треба да ја провери библиотеката за да види дали е комплетна и да се увери дека сите публикации се во добра состојба. Публикациите од овие библиотеки не треба да се изнесуваат од Салата на Царството.
Оние што се поврзани со собранието и понатаму многу ја ценат библиотеката на Салата на Царството. Нека секој од нас покажува дека лично ја цени оваа подготовка така што ќе се грижи за неа и ќе ја користи за да го истражува „знаењето за Бога“ (Посл. 2:5).