Да им помагаме на другите да ја сфатат вредноста на нашите публикации
1 „Словото Божјо е живо и дејствува“ (Евр. 4:12). Со оглед дека нашите публикации темелени на Библијата им помагаат на луѓето да извлечат корист од моќта на Божјата Реч, ги користиме да го подбудиме интересот за Библијата кога сведочиме неформално или кога одиме од куќа до куќа.
2 Јануарската понуда на литература е Добра вест која може да те направи среќен или било која книга од 192 страници (освен Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог). Ако има такви книги во твоето собрание, подготви се за изнесување на пораката на Царството на начин кој ќе води до специфични мисли во книгата што ја користиш. Како да се стори тоа?
3 Како да се подготвиш: Прво избери реченица во книгата што ќе ја користиш, која веројатно ќе им се допаѓа на луѓето со чесни срца на твоето подрачје. Потоа, размисли за текушт настан или тема од општ интерес за која ќе можеш накратко да дискутираш со станарот пред да му го свртиш вниманието на отпечатената одломка што си ја избрал. Можеби има цитиран или наведен библиски стих што ќе можеш да го прочиташ или од Библијата или директно од книгата, за да ги поддржиш своите изјави. Ако лицето покажува искрен интерес, ќе можеш да му ја понудиш книгата. Тогаш, или подоцна ако е поприкладно, објасни му накратко како ова светско дело на проповедање се финансира и дај му на лицето прилика да даде прилог, ако сака. Во секој случај, обиди се да му поставиш прашање или да му кажеш мисла која ќе можеш да ја употребиш како основа за повторна посета.
4 Многу собранија имаат по неколку примероци од книгите Направи ја успешна својата младост и Да се слуша Големиот Учител. Ако може да се добијат овие книги, зошто да не се подготвиш за разговор со млади луѓе што ќе ги сретнеш на подрачјето? Охрабри ги да прочитаат една од овие добри публикации. Ако ја нудиш Вистина која води до вечен живот, можеш да ја примениш методата што е опишана погоре и да се подготвиш да дискутираш за неколку темелни библиски доктрини што се обработени во ова извонредно средство за проучување на Библијата.
5 Понекогаш може да биде поприкладно да се понудат списанија или трактат. Ја имаме секоја причина да бидеме одушевени и ревни да ги охрабруваме другите да ги читаат овие публикации за да можат да бидат спремни да ја искусат моќта на Божјата Реч во своите животи така што ќе ги прифатат нејзините упатства.