Состаноци за служба за јули
Седмица од 3 јули
10 мин: Локални известувања и избрани Известувања од Наша служба за Царството.
17 мин: „Бидете будни“. Прашања и одговори.
18 мин: „Користи различни брошури во својата служба“. Заедно со присутните разгледај ги предложените презентации. Дај кратки коментари за интересните обележја на брошурите. Договори два до три кратки прикази за да покажеш како можат тие да се понудат.
Песна 213 и заклучна молитва.
Седмица од 10 јули
10 мин: Локални известувања. Благајнички извештај.
15 мин: „Дали нѐ поттикнуваат духовно Јеховините потсетници?“ Прашања и одговори.
20 мин: Да наоѓаме прилики да сведочиме. Во текот на летните месеци, бидејќи многумина од нас ќе имаат прилика да патуваат на конгреси и одмори, ќе се појават одлични прилики за неформално сведочење. Во книгата Водич за Школата, страници 77-79, пасуси 11-16, разгледај ги предлозите за тоа како да започнеш разговор со непознати. Покажи како ќе се постигнат подобри резултати ако претходно се подготвиме. Тројца различни објавители накратко нека прикажат како да се започне разговор со послужител на бензинска пумпа, со патник во јавен превоз и со лице кое стои во ред во некој супермаркет. Потсети ги објавителите да водат белешки за оние што покажале интерес и да се договорат со некого да контактира со нив подоцна.
Песна 81 и заклучна молитва.
Седмица од 17 јули
10 мин: Локални известувања.
20 мин: „Направи повторни посети секаде каде што си оставил брошура“. Братот на кој му е доделен овој дел ќе дискутира со тројца други објавители за тоа зошто е важно да се следи секој интерес и местата каде што е оставена литература. Тие ги разгледуваат предложените презентации и прикажуваат самите како да се употребат.
15 мин: Водење на домашна библиска студија. Говор на еден старешина кој води напредни библиски студии. Охрабри на поголеми напори да се започнат библиски студии. Разгледај ги предлозите дадени во Организирано да ја извршуваме нашата служба, страници 90 и 91. Можеш да вклучиш и кратки локални искуства.
Песна 164 и заклучна молитва.
Седмица од 24 јули
10 мин: Локални известувања. Разгледување на статијата „Нова програма за покраинскиот состанок“.
15 мин: По потреба на собранието. Или, одржи говор на тема „Да се покажува христијанска љубов спрема остарените“, темелен на Стражарска кула од 1 август 1994, стр. 27-30.
20 мин: Што ќе мислат соседите? Говор и приказ темелени на Стражарска кула од 1 април 1974 (англ.), стр. 201-203. Зборувај за тоа зошто сме честопати ставени под притисок од страна на световните соседи. (Опфати ја 201. страница и првиот пасус од 202.) Потоа да се изнесе приказ кој покажува како еден искусен брачен пар води библиска студија со едно новозаинтересирано семејство што го заплашуваат световните соседи кои се противат на проучувањето на Библијата со Јеховините сведоци. (Разгледај ги главните точки во останатиот дел од статијата.) Нагласи од кои причини новозаинтересираното семејство не треба да се обесхрабри или да се откаже.
Песна 169 и заклучна молитва.
Седмица од 31 јули
10 мин: Локални известувања. Теократски вести.
15 мин: „Изградувај ги другите“. Дискусија и говор на еден старешина.
20 мин: Разгледување на понудата на литература за август. Спомени ги брошурите од 32 страници што може да се користат. Замоли ги објавителите да раскажат некои интересни искуства од нудењето на брошури во текот на јули. Прикажи како да се започне библиска студија со користење на брошурата Се грижи ли Бог навистина за нас? Постави го прашањето од 1. пасус на 1. дел. Станарот нека го изрази своето мислење за она што е изразено во пасусите 2-4. Објасни како брошурата покажува дека Бог навистина се грижи за нас и дека можеме да уживаме живот ослободен од страдања во неговиот претстоен нов свет. Предложи повторна посета заради натамошна дискусија.
Песна 38 и заклучна молитва.