ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/96 стр. 2
  • Состаноци за служба за јули

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за јули
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 1 јули
  • Седмица што почнува од 8 јули
  • Седмица што почнува од 15 јули
  • Седмица што почнува од 22 јули
  • Седмица што почнува од 29 јули
Нашата служба за Царството 1996
km 7/96 стр. 2

Состаноци за служба за јули

Седмица што почнува од 1 јули

Песна 48

12 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Коментирај за извештајот од април, за службата на проповедање во земјата и за локалното собрание.

15 мин: „Исполнување на нашиот завет од ден во ден“. Прашања и одговори. Вклучи коментари од Увид, 2. том, страница 1162, 6. и 7. пасус, покажувајќи зошто заветот е сериозна обврска.

18 мин: „Имитирај го Јехова, грижејќи се вистински за другите“ (1—3. пасус). Употреби го првиот пасус да ја развиеш темата на статијата. Утврди кои брошури, што моментално ги има на располагање во собранието, би можеле да бидат добро прифатени на твоето подрачје. Потоа разгледај ги само 2. и 3. пасус и прикажи како првата и повторната посета можат да бидат извршени со брошурата Се грижи ли Бог навистина за нас? Прикажи како објавителите можат да си направат своја сопствена презентација за некоја друга брошура која ќе одговара за локалното подрачје. Вклучи предлози за тоа како да се спомне дека донациите за меѓународното дело се радо примени.

Песна 112 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 8 јули

Песна 43

10 мин: Локални известувања. Благајнички извештај.

15 мин: „Имитирај го Јехова, грижејќи се вистински за другите“ (4. и 5. пасус). Дискутирај само за 4. и 5. пасус и за некои врвни точки од брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш. Потоа прикажи ги предложените презентации за првата и за повторната посета.

20 мин: „Потребни се повеќе браќа во пионерската служба“. Прашања и одговори. Колку што дозволува времето, разгледај ги предлозите за тоа како да се грижиме за финансиските потреби, како што е дискутирано во Стражарска кула од 15 септември 1993, 28—31. страница.

Песна 8 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 15 јули

Песна 162

10 мин: Локални известувања.

20 мин: „Дали си испробал вечерно сведочење?“ Говор со учество на слушателите и неколку интервјуа. Раскажи што било забележано локално, кога подрачјето се обработувало подоцна во денот. Вклучи искуства кои покажуваат позитивни резултати од вечерното сведочење. Накратко прикажи го локалниот седмичен распоред за состаноци за служба.

15 мин: „Имитирај го Јехова, грижејќи се вистински за другите“ (6—8. пасус). Употреби го последниот пасус од статијата за да ги охрабриш сите да вршат навремени повторни посети кај оние на кои им биле оставени брошури. Користејќи ги 6. и 7. пасус, прикажи како на првата посета да се понуди брошурата Смисла на животот и како на повторната посета да се започне студија со првото поглавје од книгата Спознание. Потсети ги објавителите дека тие можат да си направат свои презентации за другите брошури, следејќи го моделот на презентации предложени во Наша служба за Царството.

Песна 62 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 22 јули

Песна 180

10 мин: Локални известувања. Осврни се накратко на последните изданија од списанијата, издвојувајќи интересни врвни точки кои можат да се користат на врата, во презентација на истите.

15 мин: Стреми се кон целта на полновремена служба. Разговор помеѓу еден старешина и еден или двајца тинејџери, темелен на Стражарска кула од 15 јануари 1994, 21—23. страница. Младите се обидуваат да одлучат кон какви цели ќе се стремат по завршувањето на средно училиште. Тие покажуваат интерес за материјалните удобности кои се нудат преку световните кариери. Старешината укажува на добри причини зошто би било многу подобро да се стремат кон пионерска служба. Тинејџерите се согласуваат, но се сомневаат дека ќе можат да пионерат и да се грижат за себе материјално. Старешината раскажува искуства од статијата од Стражарска кула, покажувајќи дека пионерската служба е една разумна, достижна цел која им донесува радост на многумина. Разговорот завршува со изрази на ценење од страна на тинејџерите за коментарите од старешината, и тие се одлучни сериозно да размислат околу стремењето кон целта за полн удел во службата за Царството.

20 мин: „Како да се прават ученици со книгата Спознание“. Говор кој ги опфаќа 12—16. пасус од додатокот за јуни 1996. Вклучи два приказа за библиска студија која е во тек. Првиот покажува како да се обучува студентот за да ја подготвува лекцијата, маркирајќи ги или подвлекувајќи ги клучните зборови и фрази кои најдиректно одговараат на отпечатените прашања. Вториот покажува што би можел да кажеш за да го охрабриш библискиот студент да присуствува на Состанокот за јавност и на Студијата на Стражарска кула.

Песна 127 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 29 јули

Песна 212

10 мин: Локални известувања. Разгледај ја статијата „Нова програма за покраинскиот состанок“.

20 мин: Што треба да се преземе за да се започне библиска студија? Еден старешина предводи дискусија помеѓу двајца или тројца кои нашле успех во делото на библиска студија, разгледувајќи начини како да се биде поуспешен во започнувањето студии: 1) Моли за Јеховина помош. 2) Редовно учествувај во различните гранки на службата за да најдеш некои заинтересирани. 3) Забележи го секој интерес и врши навремени повторни посети. 4) Секогаш нуди студија таму каде што е покажан интерес. (Види го поднасловот „Започнување на библиски студии“, на 20. страница од Стражарска кула од 15 февруари 1996.) 5) Изгради доверба во твојата способност да поучуваш, користејќи ги четирите предлози изложени на 11—14. страница, во Стражарска кула од 1 јануари 1985 (хрв).

15 мин: Локални потреби или еден старешина држи говор на темел на Стражарска кула од 15 јануари 1996, „Утеха и охрабрување — скапоцени камења со многу фасети“, 21—23. страница.

Песна 136 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели