Состаноци за служба за јули
Седмица што почнува од 7 јули
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Коментирај за мартовскиот извештај од службата на теренот за земјата и за локалното собрание.
15 мин: „Верноста се наградува“. Прашања и одговори.
20 мин: „Помогни им на другите да најдат утеха“. Дискусија со присутните. Да се прикажат една или две презентации. Покани ги присутните да раскажат други начини на кои започнале разговори користејќи ги истите брошури. Охрабри да се употребуваат едноставни, добро избрани зборови за да се поттикне интерес. (Види Водич за Школата, страници 6 и 7, пасуси 9—11.) Спомни ги другите брошури кои би можеле да се нудат и кои собранието ги има на залиха. Кога врачуваш брошури, не се колебај позитивно да ја спомнеш подготовката за донации.
Песна 70 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 14 јули
12 мин: Локални известувања. Благајнички извештај. Разгледај „Ќе ја проучуваме книгата Семејна среќа“.
18 мин: „Сведочи секаде каде што има луѓе“. Говор. Колку што времето дозволува, можат да се споделат додатни искуства од Годишникот за 1997, на страници 43—46.
15 мин: Родители — поучувајте ги своите деца од раното детство. Еден старешина дискутира за библиските начела кои ја изложуваат потребата родителите да ги поучуваат своите деца од раното детство (Изр. 22:6; 2. Тим. 3:14, 15). Некои родители мислат дека сериозното библиско образование на децата не треба да им се даде сѐ додека не станат доволно возрасни за да донесат сопствени одлуки. Во таквите случаи многу деца биле изгубени во светот. Духовната поука треба да почне од раното детство (g 8.6.97 28, 29; w 1.12.88 9—11). Интервјуирај брачна двојка која покажува грижа за духовноста на своите деца. Покажи како таткото го презема водството, но дека обата родитела го даваат својот дел во обезбедувањето доследна, темелна програма за поучување на своите деца. Двојката раскажува што правела во обид да ги поучи своите деца за вистината, применувајќи ги предлозите кои ги дава организацијата за да се има една добра, практична програма на поучување дома. Старешината ја нагласува важноста од применувањето на она што Божјата Реч ги поттикнува родителите да го прават (w 1.10.96 28; Ефеш. 6:1—4).
Песна 82 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 21 јули
12 мин: Локални известувања. Разгледај „Нова програма за покраински собир“.
13 мин: „Кој ќе отиде заради нас?“ Позитивен говор. Вклучи охрабрување за општата пионерска служба и искуството кое се наоѓа во додатокот на Наша служба за Царството од февруари 1997, пасуси 16, 17. Оние кои не можат да бидат општи пионери можеби ќе сакаат да планираат кој(-и) месец(-и) да бидат помошни пионери во текот на претстојната службена година.
20 мин: Биди подготвен да вршиш неформално сведочење. Секој ден наидуваме на можности да им сведочиме на луѓето кои ги среќаваме. Кога ќе се појави прилика, можеби увидуваме дека немаме Библија или публикации за да ги употребиме. Планирај однапред. Дома, држи литература достапна близу до вратата каде што ги пречекуваш посетителите. Стави разновидна литература во актовката или ташната и носи ја со тебе или во твојот автомобил, на твоето работно место или во твојот шкаф на училиште. Носи нешто со себе кога се возиш во јавниот превоз. Понеси нешто литература кога одиш на деловно патување, кога патуваш на конгрес или одиш на одмор. Дискутирај за додатни предлози во Водичот на Школата, на страници 77—79, пасуси 11—16. Кратко прикажи неколку начини како да му се пристапи на продавач, колега на работа, школски другар, сопатник или на некој кој е на одмор.
Песна 72 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 28 јули
12 мин: Локални известувања. Потсети ги сите да ги предадат извештаите од службата на подрачјето. Преглед на понуда на литература за август. Сосредоточи се на тоа да се проследат брошурите оставени во јули со повторни посети во август, во обид да се започнат библиски студии. Користејќи го додатокот од Наша служба за Царството од март 1997, истакни некои важни работи за делотворна повторна посета. Студиите треба да се започнат со брошурата Бара или книгата Спознание.
15 мин: Локални потреби.
18 мин: Целосно изврши ја својата служба. Говор на надгледникот за служба, темелен на книгата Наша служба, страници 5—8. Нагласи ја важноста и итноста на проповедничкото дело, поттикнувајќи ги сите сериозно да ја сфатат својата одговорност како министри.
Песна 79 и заклучна молитва.