Известувања
◼ Понуда на литература за август: Која и да било од следниве брошури од 32 страници: Владата која ќе воспостави рај, Дали треба да се верува во тројство? Кога ќе умре некој што го сакаш, Која е смислата на животот — Како да се пронајде? Радувај се на животот засекогаш на Земјата! и Се грижи ли Бог навистина за нас? Септември: Тајната на семејната среќа. Октомври: Поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Започнувајќи од подоцнежниот дел од месецот, ќе ја дистрибуираме Веста за Царството бр. 35. Ноември: Ќе продолжи дистрибуцијата на Веста за Царството бр. 35. Собранијата кои ќе го завршат своето подрачје со тоа што ќе ги достигнат станарите во секој дом или живеалиште со примерок од Веста за Царството бр. 35, можат да ја нудат книгата Спознание.
◼ Во секоја заедница, во различни периоди од годината постојат световни празници кои ги ослободуваат децата од училиште и даваат слободни денови од световната работа. Тоа создава одлични прилики за собранието да има зголемено учество во службата на теренот. Старешините треба да предвидат кога ќе се јават ваквите прилики и доста однапред да го известат собранието за подготовките кои се прават за групно сведочење во текот на празничните периоди.
◼ На секое собрание ќе му се испрати адекватна залиха од формулари за употреба во текот на 1998 службена година. Ве молиме, користете ги овие формулари со добра разборитост. Треба да бидат користени само за целта за која се наменети.
◼ Секое собрание ќе добие три формулари Инвентура на литература [S(d)-18]. Собранискиот секретар треба да се состане со слугата за литература на почетокот од август и да одредат датум за да направат попис на собраниската залиха на литература на крајот од месецот. Мора да се направи актуелен извештај од сета литература која е на залиха и збировите да се внесат во формуларот Инвентура на литература. Вкупниот број списанија кои се при рака може да се набави од слугата за списанија. Ве молиме, испратете го оригиналот до Заедницата, не подоцна од 6 септември. Чувајте копија за вашата архива. Третата копија може да се користи како работен лист. Пописот треба да го надгледува секретарот, а комплетниот формулар треба да го провери претседавачкиот надгледник. Секретарот и претседавачкиот надгледник ќе го потпишат формуларот.
◼ Со својата септемвриска нарачка на литература, собранијата треба да почнат да нарачуваат Календар на Јеховините сведоци за 1998. Календарите ќе бидат достапни на албански, англиски, германски, грчки, дански, италијански, јапонски, кинески, корејски, норвешки, полски, португалски, романски, руски, српски, турски, украински, унгарски, француски, холандски, хрватски, чешки, шведски и шпански.