Повторување во Теократската школа за проповедање
Повторување на материјалот обработен во Теократската школа за проповедање од 5 мај до 18 август 1997. Употреби посебен лист хартија за да запишеш колку што можеш повеќе одговори на прашањата во зададеното време.
[Напомена: Во текот на писменото повторување, за да се одговори на кое било прашање, може да се користи само Библијата. Референциите кои следат после секое прашање се наменети за лично истражување. После секоја референција за Стражарска кула, можеби нема да се појават броевите на страници и пасуси.]
Одговори со точно или неточно на секоја од следниве изјави:
1. Исусовото сочувство, опишано во Марко 1:41, на сликовит начин дава трогателна претстава за Јеховината загриженост за луѓето. [Седмично читање на Библијата; види w 1.3.96, стр. 5.]
2. Обележјата на последните денови се наоѓаат само во Матеј 24, Марко 13 и Лука 21. [kl рамка на стр. 102]
3. Прашањето на Јован Крстител кое се наоѓа во Лука 7:19, открива дека нему му недостасувала вера. [Седмично читање на Библијата; види w 1.9.87, стр. 29.]
4. На Исусовата последна Пасха со неговите ученици, само Петар му рекол: „Нема да се откажам од Тебе“. [Седмично читање на Библијата]
5. Нема библиски доказ кој покажува дека апостол Петар бил оженет човек. [Седмично читање на Библијата]
6. Царството за кое проповедал Исус е споредно, односно секундарно во однос на Божјата универзална сувереност. [kl стр. 91, пас. 4]
7. Веројатно Марко го напишал своето евангелие првенствено за Евреите. [si-SB стр. 182, пас. 8]
8. Кога Исус им рекол на фарисеите дека Царството Божје е во нивната средина, тој укажувал на себеси како на иден цар (Лука 17:21). [kl стр. 91, пас. 6]
9. Не постои разумно објаснување зошто книгата Лука содржи речник кој е побогат од другите три евангелија заедно. [si-SB стр. 187, пас. 2]
10. Во Библијата не постојат укажувања на обележјата кои мора да ги покажува големото мноштво за да го преживее Армагедон. [uw стр. 105, пас. 5]
Одговори на следниве прашања:
11. Секогаш кога некој дел од Библијата може граматички да се преведе на повеќе од еден начин, кое водечко начело треба да го следи преведувачот? [rs-SB стр. 404, пас. 4]
12. Што спречува некои луѓе да прифатат совет? [uw стр. 127, пас. 4]
13. Во каква положба верувањето во тројство ги става оние кои се држат за него? [rs-SB стр. 413, пас. 1]
14. Што мислел Исус кога рекол: „Имајте сол во себе, и мир имајте помеѓу себе“? (Марко 9:50). [Седмично читање на Библијата; види w 1.9.85, стр. 29, пас. 12.]
15. Каква вредна лекција можеме да научиме од Исусовата реакција на прилогот на сиромашната вдовица? (Марко 12:42—44). [Седмично читање на Библијата; види w-E 1.12.87, стр. 29, пас. 7 до стр. 30, пас. 1.]
16. Како некои Петрови карактеристики се гледаат во Марковиот стил на пишување, и на што можеби се должи тоа? [si-SB стр. 182, пас. 5, 6]
17. Кога ги споредуваме Матеј 6:9, 10 и Лука 11:2—4, зошто можеме да заклучиме дека тоа не значело пример-молитвата да се повторува збор по збор? [Седмично читање на Библијата; види w 1.9.90, стр. 9, пас. 6.]
18. На кој начин нашата доверба во веродостојноста на Библијата се зајакнува кога читаме стихови како што се Лука 3:1, 2? [si-SB стр. 188, пас. 7]
19. Кои стихови во Псалмите и во Евреите покажуваат дека Исус не почнал да владее веднаш после вознесувањето на небото? [kl стр. 96, пас. 15]
20. Со оглед на тоа што знаеме дека на Исус никогаш не му недостасувало вера во Бог, зошто тој извикал: „Боже Мој, Боже Мој, зошто си Ме оставил?“ (Марко 15:34). [Седмично читање на Библијата; види w-E 15.6.87, стр. 31.]
Впиши го зборот или фразата што е потребна за да се доврши секоја од следниве изјави:
21. Лебот и виното употребени во прославата на Меморијалот се само ․․․․․․․․ од кои лебот го претставува ․․․․․․․․, а виното ја претставува неговата ․․․․․․․․. [uw стр. 115, пас. 13]
22. Ако разгледаме што всушност се случило, се чини јасно дека небесниот позив воглавно бил завршен околу ․․․․․․․․ година кога јасно се распознала земската надеж на ․․․․․․․․. [uw стр. 112, пас. 6]
23. Кога Јован Крстител почнал да проповеда, управител на Јудеја бил ․․․․․․․․, а четворовласник во Галилеја бил ․․․․․․․․. [Седмично читање на Библијата; види Лука 3:1.]
24. Духот кој сведочи со мотивирачката сила на умот и срцето на оние кои навистина се синови Божји е ․․․․․․․․. [uw стр. 113, пас. 9]
25. Како што е покажано во Лука 10:16, кога со ценење ги прифаќаме духовните подготовки кои доаѓаат преку ․․․․․․․․ и нејзиното Водечко тело, ние покажуваме почитување кон ․․․․․․․․. [uw стр. 123, пас. 13]
Избери го точниот одговор во секоја од следниве изјави:
26. Светите на кои се укажува во Матеј 27:52 биле (привремено воскреснатите во плот; всушност, безживотни тела кои биле исфрлени од нивните гробови поради земјотрес; подигнатите за небесен живот пред да биде Исус подигнат). [Седмично читање на Библијата; види w-E 1.9.90, стр. 7.]
27. Во Колосјаните 1:15, Исус е наречен „првороден пред секоја твар“, што значи дека тој е (како Бог и без почеток; првороден од Божјите синови на Земјата; најстар во Јеховиното семејство од синови). [rs-SB стр. 396, пас. 3]
28. Овластувањето на ‚верниот и разборит роб‘ било потврдено со светиот дух во (33 н. е.; 1918; 1919) (Матеј 24:45, НС). [uw стр. 119, пас. 6]
29. Едно правило кое треба да го следат сите христијани, особено оние кои се на надгледнички положби во Божјата организација, гласи: „Кој е (горд; важен; најмал) меѓу вас, тој ќе биде најголем“ (Лука 9:48). [uw стр. 122, пас. 12]
30. Како што е запишано во (Матеј 10; Матеј 24; Лука 21), Исус им дал конкретни упатства за служба на оние кои ги испратил да проповедаат. [si-SB стр. 180, пас. 31]
Поврзи ги следниве библиски стихови со долунаведените изјави:
Изр. 4:13; Дан. 7:9, 10, 13, 14; Мар. 7:20—23; 13:10; Лука 8:31
31. Треба да бидеме будни за да го идентификуваме секое безбожно или расипувачко влијание кое би можело да дојде во нашите мисли и срце и треба да го отстраниме пред да пушти корени. [Седмично читање на Библијата; види w 1.4.90, стр. 28, пас. 16.]
32. Демоните ќе му се придружат на Сатана во неактивноста слична на смрт во текот на „илјадата години“ (Откр. 20:3). [Седмично читање на Библијата]
33. Потребен е дух на итност за да биде извршено делото на сведочење ширум светот во едно ограничено време. [Седмично читање на Библијата; види w 1.10.95, стр. 27.]
34. Прифаќањето совет може да нѐ спречи да кажеме или направиме некои работи за кои подоцна може да зажалиме. [uw стр. 128, пас. 6]
35. Иако не можеме да ги видиме духовните суштества, Јеховината Реч ни овозможува накратко да ѕирнеме во неговата невидлива небесна организација и во некои од нејзините активности кои влијаат врз неговите обожаватели на Земјата. [uw стр. 117, пас. 1]