Стави ги поважните работи на прво место
1 Кои се некои важни работи што се витални за нашата духовна благосостојба? Тие сигурно би ја вклучувале личната студија, присуството на состаноците, постојаната молитва, доброто друштво и христијанската служба. Не ќе можеме да задржиме добро духовно здравје без да ги држиме важните работи на преден план во својот живот.
2 Меѓутоа, сите ние водиме битка против телесните желби и имаме потреба од дисциплина (Гал. 5:17). Никогаш не треба да мислиме дека ќе стекнеме повеќе ако се стремиме кон себични интереси (Ерем. 17:9). Според тоа, за да го заштитиме своето срце и да избегнеме да бидеме заведени, пресудно е редовно самоиспитување (Изр. 4:23; 2. Кор. 13:5).
3 Испитај го своето сопствено срце: Тоа можеш да го сториш ако си поставиш некои отворени прашања: Дали копнеам да ја читам Божјата Реч? (1. Петр. 2:2). Дали ја сфаќам важноста на присуствувањето на сите собраниски состаноци? (Евр. 10:24, 25). Дали истрајувам во молитва? (Рим. 12:12). Дали го барам друштвото од духовно настроени луѓе? (Рим. 1:11, 12). Дали чувствувам лична обврска да ја објавувам добрата вест? (1. Кор. 9:16). Позитивните одговори ќе покажат дека ти си желен да ги ставаш поважните работи на прво место.
4 Испитај ја својата секојдневна рутина: Испитувањето на желбите на своето срце треба да го проследиш со поставување приоритети за користење на времето. Тоа вклучува планирање време за редовно читање на Библијата и на секое издание од Стражарска кула и Разбудете се! како и за подготовка за состаноците. Мора да се одвои време и за семејството, како за заедничко проучување така и за заедничко молење. Постави граница за тоа колку време да се поминува пред ТВ-то или пред компјутерот. Биди одлучен да присуствувате на сите собраниски состаноци и да уредиш сѐ друго околу нив. Планирај целото семејство да учествува во службата на теренот секоја седмица.
5 Без сомнение, поставувањето на поважните работи на прво место во нашиот живот ќе се докаже како причина за радост.