ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/97 стр. 2
  • Состаноци за служба за октомври

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за октомври
  • Нашата служба за Царството 1997
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 6 октомври
  • Седмица што почнува од 13 октомври
  • Седмица што почнува од 20 октомври
  • Седмица што почнува од 27 октомври
Нашата служба за Царството 1997
km 10/97 стр. 2

Состаноци за служба за октомври

Седмица што почнува од 6 октомври

Песна 29

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.

15 мин: „Дали некогаш сите луѓе ќе се сакаат?“ Прашања и одговори. Разгледај врвни точки од Веста за Царството бр. 35. Истакни причини зошто луѓето на подрачјето ќе извлечат корист од овој материјал. Нагласи ја потребата сега да направиме планови за целосно да учествуваме во нејзината дистрибуција и да бидеме марливи во проследувањето на сиот најден интерес.

20 мин: „Нашироко дистрибуирај ја Веста за Царството бр. 35“. Уводен говор на надгледникот за служба. Пасусите 5—8 обработи ги со прашања и одговори. Разгледај ги локалните подготовки за проширена активност. Дискутирај за начините да се уверите дека е обработено целото подрачје. Објавителите можат да ја користат Веста за Царството бр. 35 кога им сведочат на луѓето на автобуските станици, во малите продавници, на паркиралиштата и на други места. Дај предлози за тоа како да им се помогне на новите кои сакаат да започнат со проповедничкото дело. Вклучи информации од додатокот на Наша служба за Царството од април 1995, пасус 11. Во некои подрачја може да биде корисно да се работи сам и да не се носи актовка кога се дистрибуира Веста за Царството. Прикажи две или три кратки презентации.

Песна 211 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 13 октомври

Песна 47

12 мин: Локални известувања. Благајнички извештај. Разгледај говорни точки од тековните изданија на Стражарска кула и Разбудете се! Потсети ги сите дека во текот на активноста за викендот, заедно со Веста за Царството бр. 35 ќе се истакнуваат и списанија. Треба да го проследиме сиот интерес. Потсети ги браќата, следната седмица да ја понесат брошурата Книга за сите луѓе.

15 мин: Локални потреби.

18 мин: „Како реагираш на апатијата?“ Дискусија меѓу двајца старешини. Вклучи коментари за материјалот под поднасловот „Како реагираш на рамнодушноста?“ од Стражарска кула од 1 февруари 1975, страници 21—24 (срп.).

Песна 130 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 20 октомври

Песна 42

15 мин: Локални известувања. Разгледај некои искуства од Годишникот за 1996, страници 6—8 (англ.) на тема: „Глобална дистрибуција на Веста за Царството“. Истакни ги поединечните напори кои ги вложиле објавителите во последната дистрибуција на Веста за Царството. Охрабри ги сите целосно да учествуваат во дистрибуцијата на Веста за Царството бр. 35.

15 мин: Врвни точки од новата брошура Книга за сите луѓе. Дискусија со присутните за причините зошто Библијата заслужува да ја разгледаме. Оваа брошура е подготвена за да им помогне на луѓето кои можеби се добро образовани, но малку знаат за Библијата. Наместо да се обидува да ги убедува дека Библијата е инспирирана од Бог, брошурата дозволува фактите да зборуваат за себе. Треба да ја прочитаме и да ја споделуваме со другите, вклучувајќи ги и оние со кои проучуваме.

15 мин: „Дали си полновремен Сведок?“ Говор на старешина.

Песна 133 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 27 октомври

Песна 43

12 мин: Локални известувања. Разгледај како напредува дистрибуцијата на Веста за Царството бр. 35. Покани ги присутните да раскажат охрабрувачки искуства. Извести за тоа колку подрачје е обработено досега и што ќе биде потребно за да се доврши обработката до 16 ноември. Штом подрачјето е целосно обработено, во остатокот од месецот ќе ја нудиме книгата Спознание. Нагласи ја целта — да се започнуваат студии на повторните посети каде што имало добар одѕив на Веста за Царството.

15 мин: Како да се најде надеж среде очај. Говор на старешина, темелен на Стражарска кула од 15 мај 1997, страници 22—25.

18 мин: Дозволете да свети вашата светлина. Говор и дискусија на темел на книгата Наша служба, страници 84—88. Однапред договори некои објавители да дадат специфични коментари за следниве прашања: 1) Зошто Јеховините сведоци проповедаат од куќа до куќа? 2) До кој степен оваа метода била користена во првиот век? 3) Зошто денес постои итна потреба да продолжиме да проповедаме од куќа до куќа? 4) Кои околности можат да ни отежнат редовно да учествуваме? 5) Како можеме да добиеме помош за да истраеме? 6) Како сме благословени со тоа што допуштаме нашата светлина да свети? 7) Што можеме да сториме за да бидеме поуспешни во контактирањето со луѓето? Илустрирај со тоа што тројца или четворица објавители ќе раскажат охрабрувачки искуства на кои се радувале додека работеле од продавница до продавница или вршејќи сведочење на улица.

Песна 136 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели