ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/98 стр. 2
  • Состаноци за служба за март

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за март
  • Нашата служба за Царството 1998
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 2 март
  • Седмица што почнува од 9 март
  • Седмица што почнува од 16 март
  • Седмица што почнува од 23 март
  • Седмица што почнува од 30 март
Нашата служба за Царството 1998
km 3/98 стр. 2

Состаноци за служба за март

Седмица што почнува од 2 март

Песна 3

8 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.

15 мин: „Ова правете го за Мој спомен“. Говор на старешина. Кратко коментирај за книгата Наша служба, страници 80, 81, нагласувајќи ја важноста на присуството на Меморијалот.

22 мин: „Влевај им ја на другите надежта за вечен живот“. Дискусија со присутните за статијата. Кратко објасни како може делотворно да се користат прашања за да се продолжи еден разговор. Дај некои примери како за водечките прашања така и за прашањата за гледиштето кои би можеле да се користат во една презентација. (Види Vodič, страница 50, пасуси 10—12.) Еден способен објавител нека демонстрира една од предложените почетни презентации заедно со повторна посета, покажувајќи започнување библиска студија. Кратко вклучи и спомнување на подготовката за донација.

Песна 27 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 9 март

Песна 209

8 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.

15 мин: Ги цениш ли навистина Јеховините благослови? Семејна дискусија — ако е возможно — во која таткото ги разгледува главните точки од оваа статија, која се наоѓа во Стражарска кула од 1 јануари 1998. Направи ја дискусијата жива и интересна, вклучувајќи ги сите учесници.

22 мин: „Ќе го сториме ли тоа повторно?“ (пасуси 1—11). Прашања и одговори. Раскажи врвни точки од кампањата за помошна пионерска служба минатата пролет. Спомни го бројот на оние кои биле помошни пионери локално во текот на тој период. Дискутирај за непосредните лични користи кои ги извлекуваме од пионерењето и покажи како овој екстра напор придонесува за напредок на собранието. Истакни ги подготовките за служба кои се планираат локално во април и мај за да им се помогне на повеќемина да пионерат. Објавителите можат да си набават молби после состанокот.

Песна 195 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 16 март

Песна 43

8 мин: Локални известувања. Покани ги сите заинтересирани лица да присуствуваат на специјалното јавно предавање на 29 март. Говорот носи наслов „Зошто можеш да имаш доверба во Библијата“.

15 мин: Локални потреби.

22 мин: „Ќе го сториме ли тоа повторно?“ (пасуси 12—19). Прашања и одговори. Повтори ги квалификациите кои се изложени во книгата Наша служба, страници 113, 114. Објасни како помошната пионерска служба подготвува некого за општата пионерска служба. Покани некои кои биле помошни пионери минатата пролет да кажат како го уредиле нивниот распоред за да го задоволат барањето од 60 часа. Кој пример-распоред од последната страница на додатокот најдобро функционирал за нив? Охрабри ги објавителите да си набават молби после состанокот.

Песна 133 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 23 март

Песна 37

10 мин: Локални известувања. Охрабри ги сите да почнат да ги канат заинтересираните лица за Меморијалот, на 11 април. Покажи примерок од поканата и поттикни ги сите да се снабдат со залиха и да почнат да ги дистрибуираат оваа седмица. Објави ги имињата на сите кои се помошни пионери во април. Објасни дека не е предоцна да се предаде молба. Истакни го целиот распоред на состаноците за служба планирани за април.

20 мин: Подготви ги новите за службата на теренот. Говор и дискусија со присутните. Оние кои водат студија со книгата Спознание треба да размислат за тоа да го подготват нивниот студент да учествува во службата на теренот. Истакни го она што е наведено во книгата Спознание, страници 105, 106, пасус 14 и страница 179, пасус 20. Повтори ја процедурата за новите да станат признати како некрстени објавители, од Стражарска кула од 1 април 1989, страници 28, 29, пасуси 7—10. Разгледај ги предлозите од додатокот на Наша служба за Царството од јуни 1996, пасус 19, за помагањето на новите некрстени објавители да започнат во службата.

15 мин: Рубрика прашања. Прашања и одговори. Еден старешина го повторува материјалот од книгата Наша служба, страница 131, пасуси 1 и 2.

Песна 47 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 30 март

Песна 29

12 мин: Локални известувања. Потсети ги сите да ги предадат своите извештаи од службата на теренот за март. Покажи ги текуштите изданија од списанијата, предложи кои статии би можел да ги истакнеш кога ги нудиш и спомни некои специфични точки за разговор. Повтори ги ‚Потсетниците за Меморијалот‘ и истакни ги локалните подготовки за Меморијалот. Сите треба да направат крајни планови за да им помогнат на библиските студенти и на другите заинтересирани лица да присуствуваат. Потсети ги сите да се погрижат да го следат читањето на Библијата за Меморијалот, предвидено за 6—11 април, како што е изложено во Секојдневното разгледување на Писмото.

13 мин: „Деца — вие сте наша радост!“ Прашања и одговори. Раскажи го искуството од Стражарска кула од 1 јануари 1988, страница 29.

20 мин: Можности да се бориме против духовниот умор. Двајца старешини дискутираат за рамката во Стражарска кула од 1 јуни 1986, страница 28. За секој од ‚Знаците на уморот‘, објасни библиски како некој може да извлече корист од соодветната „Помош да истраеме“. Потоа, интервјуирај двајца објавители кои коментираат за тоа како примената на таквите точки им помогнала да ја задржат својата духовна сила.

Песна 50 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели