ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 3/98 стр. 7
  • Рубрика прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рубрика прашања
  • Нашата служба за Царството 1998
  • Сличен материјал
  • Прашања
    Нашата служба за Царството 2008
  • Рубрика прашања
    Нашата служба за Царството 2002
  • Зошто е важно да внимаваме на облеката и на изгледот?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Имаш ли меко срце?
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2017)
Повеќе
Нашата служба за Царството 1998
km 3/98 стр. 7

Рубрика прашања

◼ Зошто треба да обрнеме посебно внимание на нашето облекување и дотерување кога ги посетуваме објектите на Заедницата во Бруклин, Патерсон и Волкил (Њујорк), како и канцелариите на подружниците ширум светот?

Од христијаните се очекува да задржат прикладна пристојност. Во секое време нашето облекување и дотерување треба да ги одразува уредноста и достоинството што им прилегаат на слугите на Јехова Бог. Ова е особено случај кога ги посетуваме објектите на Заедницата во Њујорк и подружниците ширум светот.

Во текот на 1998 ќе се одржат обласни и меѓународни конгреси. Илјадници наши браќа и сестри од многу земји ќе ја посетат главната централа на Заедницата во Њујорк, како и подружниците во други земји. Не само кога ги посетуваме овие објекти туку и во секоја друга прилика треба „во сѐ да се препорачуваме за служители Божји“, вклучувајќи го и нашето прикладно облекување и дотерување (2. Кор. 6:3, 4).

Дискутирајќи за важноста на правилното облекување и дотерување, Организовано извршавајмо нашу службу коментира за потребата од физичка чистота, скромно облекување и добро дотерување кога учествуваме во службата на теренот и кога присуствуваме на христијанските состаноци. Потоа, на страница 131, пасус 1 наведува: „Истото се применува и кога го посетуваме бетелскиот дом во Бруклин или која и да било од канцелариите на подружниците на Заедницата. Запомни, името Бетел значи „Божји дом“, па затоа нашето облекување, дотерување и однесување треба да биде слично на она што се очекува од нас кога присуствуваме на состаноците за обожавање во Салата на Царството“. Кон истово високо мерило треба да се придржуваат објавителите на Царството од локалното подрачје како и оние од поодалечените места, кои доаѓаат да ги видат и да се дружат со членовите на бетелската фамилија и да ги посетат објектите на подружницата.

Нашата облека треба да има позитивно влијание врз другите во однос на тоа како гледаат на вистинското обожавање на Јехова. Меѓутоа, забележано е дека кога ги посетуваат објектите на Заедницата, некои браќа и сестри се склони да бидат екстремно лежерни во нивното облекување. Таквото облекување не е прикладно кога се посетува некој од бетелските домови. Во овој поглед, како и во сите други аспекти од нашиот христијански живот, сакаме да ги задржиме истите високи мерила кои го разликуваат Божјиот народ од светот со тоа што ќе ги вршиме сите работи на Божја слава (Рим. 12:2; 1. Кор. 10:31). Исто така, добро е да разговараме со нашите библиски студенти и со другите кои можеби ќе го посетат Бетелот за првпат и да ги потсетиме на важноста да обрнат внимание на правилното облекување и дотерување.

Затоа, кога ги посетуваш објектите на Заедницата, прашај се: ‚Дали моето облекување и дотерување е скромно?‘ (Спореди Михеј 6:8.) ‚Дали тоа добро го одразува Богот кого го обожавам? Дали другите би биле одвратени или навредени поради мојот изглед? Дали им давам прикладен пример на другите кои можеби ќе дојдат во посета за првпат?‘ Секогаш преку нашето облекување и дотерување да ‚ја украсуваме науката на нашиот Спасител, Бога, во сѐ‘ (Тит 2:10).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели