Распоред за состаноците за служба
ЗАБЕЛЕШКА: Почнувајќи со ова издание на Наша служба за Царството, Состанокот за служба ќе вклучува распоред за првиот службен состанок за следниот месец. Оваа измена се прави за да се надомести за можното задоцнето испраќање на Наша служба за Царството заради новата подготовка за испраќање.
Седмица што почнува од 6 декември
10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството.
15 мин: „Имитирај ја Јеховината непристрасност“. Ограничи ги воведните коментари на помалку од една минута и продолжи со дискусија со прашања и одговори. Објасни го значењето на непристрасноста, како ја покажува Јехова и како можеме ние да ја покажеме во нашата служба. (Види Insight, том 1, страница 1192, пасуси 4—7.)
20 мин: „Зарем не сме го чуле тоа порано?“ Говор и дискусија со присутните. Повикај ги присутните да коментираат за тоа како повторувањето им помогнало поцелосно да ја разберат и да ја ценат вистината. (Види Стражарска кула од 15 јули 1995, страници 21 и 22, и од 15 август 1993, страници 13, 14, пасуси 10—12.)
Песна 135 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 13 декември
10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај. Дај предлози за тоа како тактично да се одговори на честитањето за празниците. Ако собранието има резерва од книгите Најголемиот човек или Големиот учител, покажи како можат добро да се користат во службата во текот на божиќните празници.
15 мин: „Распоред за Теократската школа за служба за 2000“. Говор на надгледникот на Теократската школа за служба. Разгледај ги следниве промени во распоредот за новата година. Задачата бр. 3 ќе се темели на „Библиски теми за дискусија“. Задачата бр. 4 и понатаму ќе се темели на „Библиски теми за дискусија“. Онаму каде што се појавува знакот (#) веднаш до задачата, препорачливо е да ја одржи брат. Охрабри ги сите да бидат во чекор со нивното седмично читање на Библијата и да бидат марливи во исполнувањето на задачите во школата.
20 мин: „Што ќе му речеш на некој атеист?“ Прашања и одговори. Разгледај различни причини зошто многумина ја изгубиле верата во Бог. Предложи некои начини на кои би можеле да им пристапиме за да им помогнеме да увидат дека е логично да признаат дека постои Бог. Нека има еден или два кратки прикази. За повеќе информации, види ја книгата Расправљање, страници 53—59; и Čovječanstvo u potrazi za Bogom, поглавје 14.
Песна 220 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 20 декември
10 мин: Локални известувања. Објавителите нека раскажат кратки прикладни искуства што неодамна ги доживеале во службата на теренот.
15 мин: Да се одговори на потенцијални приговори за да се прекине разговорот. Дискусија со присутните и прикази. Прочитај ги „Коментарите“ на страници 15 и 16 од книгата Расправљање. Избери два или три „приговори за да се прекине разговорот“ од страници 16—20 или употреби други кои се чести на твоето подрачје. Разгледај некои од предложените одговори и анализирај зошто би можеле да бидат делотворни локално. Кратко прикажи неколку од нив. Замоли ги присутните да раскажат со кои одговори постигнале добри резултати.
20 мин: Дали да прифатам вработување поврзано со некоја религиозна организација? Говор на еден старешина, кој се темели на Стражарска кула од 15 април 1999, страници 28—30. Некои прифатиле такво вработување и подоцна откриле дека она што го прават не е во склад со библиските начела. Разгледај за кои прашања треба да размислиме кога донесуваме одлука за некоја световна работа која на некој начин е поврзана со религијата. Охрабри ги сите да следат правец кој ќе осигура добра положба пред Јехова (2. Кор. 6:3, 4, 14—18).
Песна 4 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 27 декември
10 мин: Локални известувања. Ако вашето собрание ги промени термините за состаноците во новата година, дај љубезно охрабрување поттикнувајќи ги сите да продолжат да бидат редовни во новите термини. Информирај ги библиските студенти и другите заинтересирани за сите промени и почни да користиш летоци на кои е даден новиот распоред. Потсети ги сите да ги предадат извештаите за служба на теренот за декември.
15 мин: Локални потреби.
20 мин: Нудење на постари книги во текот на јануари. Говор и прикази. Прикажи две или три постари книги од 192 страници, објавени пред 1986 кои собранието ги има на располагање, и охрабри ги објавителите да подигнат примероци за службата на теренот. (Ако нема на располагање, дискутирај за алтернативната понуда во јануари.) Објасни зошто овие постари публикации сѐ уште се делотворни за негување на интересот за Библијата. Од секоја книга истакни ги мислите за разговор и илустрациите кои можат добро да се користат за да се започнат разговори. Нека има еден или два приказа. Онаму каде што ќе се најде интерес, може да се користи брошурата Бара за да се започне студија.
Песна 29 и заклучна молитва.
Седмица што почнува од 3 јануари
ЗАБЕЛЕШКА: Собранијата не треба да го преместат порано состанокот за служба за седмицата од 3 јануари, освен ако имаат посета на покраинскиот надгледник.
8 мин: Локални известувања.
17 мин: Согледај како да одговориш (Кол. 4:6). Говор и дискусија со присутните. Книгата Расправљање е прекрасна помош за да се отвори патот да им се пренесе библиската вистина на другите. Кога некој станар ќе даде приговор на некое наше верување, можеби можеме да ја искористиме точката „Ако некој рече —“, што се наоѓа на крајот на оној дел што зборува за тоа верување. Дискутирај за забелешките во врска со Библијата, кои се забележани на страници 49—52, и размисли зошто предложените одговори можат да бидат делотворни.
20 мин: „Обласен конгрес на Јеховините сведоци за 2000 ‚Извршители на Божјата реч‘ “. Секретарот ја обработува статијата во додатокот со прашања и одговори. Користи ги наведените стихови за да покажеш зошто сите ние треба тесно да го следиме упатството од Заедницата. Нагласи колку е важно секој однапред да испланира конкретни датуми за годишен одмор за да присуствува на конгресот секој ден, вклучувајќи го и петок. Пофали ги браќата за тоа што соработуваат со подготовките на Заедницата.
Песна 56 и заклучна молитва.