Известувања
◼ Понуда на литература за јануари: Која и да било книга од 192 страници објавена пред 1986 од која собранието можеби има резерва. Собранијата кои немаат резерва од такви книги може да ги нудат книгите Животот — како настанал? Со еволуција или со создавање? или Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Февруари: Тајната на семејната среќа. Март: Спознание кое води до вечен живот. Треба да се вложува посебен напор за да се започнат домашни библиски студии. Април: Поединечни примероци од Стражарска кула и Разбудете се! Имај ја брошурата Бара при рака за заинтересираните и настојувај да започнеш домашна библиска студија.
◼ На сите крстени објавители кои ќе бидат присутни на Состанокот за служба во седмицата од 10 јануари, ќе им бидат дадени картичката Однапред дадена медицинска директива/ослободување и Легитимацијата за нивните деца.
◼ Почнувајќи од февруари, а не подоцна од 5 март, новото јавно предавање за покраинските надгледници ќе гласи: „Вистинскиот Армагедон — Зошто? Кога?“
◼ Собранијата треба да прават соодветни подготовки за да го прослават Меморијалот годинава, во среда, на 19 април, после зајдисонце. Иако предавањето може да започне порано, подавањето на симболите за Меморијалот не треба да започне пред зајдисонце. Проверете локално за да одредите кога настапува зајдисонцето на вашето подрачје. Иако е пожелно секое собрание да одржи сопствена прослава на Меморијалот, тоа можеби не е секогаш можно. Онаму каде што обично неколку собранија ја користат истата Сала на Царството, можеби едно или повеќе собранија ќе можат да набават друг објект за таа вечер. Каде што е можно, предлагаме да има барем 40 минути меѓу програмите за да се допушти време да се поздрават посетителите, да се охрабрат новозаинтересираните и целосно да се извлече корист од таа прилика. Треба да се размисли и за сообраќајот и проблемите со паркирањето, вклучувајќи и оставање и земање патници. Старешинското тело треба да одлучи кои подготовки ќе бидат најдобри локално.
◼ Специјалното јавно предавање за сезоната на Меморијалот за 2000 ќе се одржи в недела, на 16 април. Темата на говорот ќе биде „Зошто на човештвото му е потребна откупнина“. Нацртот ќе биде обезбеден. Оние собранија кои тој викенд имаат посета од патувачкиот надгледник, Покраински собир или Ден на специјален собир, ќе го имаат специјалното предавање следната седмица. Ниедно собрание не треба да го има специјалното предавање пред 16 април 2000.